Автор: инфодеск
Post Views: 447 Викендов во акваториумот на Охридскиот залив се одржа јахтинг регата во организација на Јахтинг клуб ОЛС-Охрид. На оваа прва годинешна јахтинг регата во склоп на “Куп за едрење на Охридско езеро“ на Едриличарска федерација на Македонија учествуваа 15-тина едрилици од клубови од Охрид и Скопје.Се одржаа три трки согласно регатните правила. Првото место во класа до 7м го освои Никола Бараковски од Јахтинг клуб ОЛС-Охрид, прво место во класа над 7м го освои Будимир Соколовиќ од Јахтинг клуб Олс-Охрид и прво место во класа “One design“ го освои Славчо...
Стендап шоу „Да БолиТ“ во четврток во клуб Rebel
Post Views: 291 Стендап шоу во четврток во клуб Rebel со почеток во 21 часот. Публиката ќе може да ужива 90 минути во интензивна комедија со Никола Тодороски, Илија Богданоски, Никола Братучед Сиљаноски, Јован Цветкоски и Зоран Донев.Не пропуштајте незаборавно стендап шоу! Не пропуштајте ја последната изведба на шоуто „Да БолиТ“- порачуваат организаторите.Билети по цена од 250 денари може да се набават онлајн или со резервации на тел. број 075/283-066.Сместувањето се врши по принцип на прв дојден, прв послужен. Сместувањето на публиката во клубот е на сепариња и...
Mобилни екипи на ЦЈЗ земаат материјали за микробиолошка анализа во домашни услови
Post Views: 240 Со цел намалување на ризиците и спречување на штетните ефекти од надворешните топлотни влијанија предизвикани од високите температури врз здравјето на луѓето, во топлите летни денови, за сите оние ранливи категории на граѓани: стари лица, хронично болни, лица со хендикеп, лица со зголемена телесна тежина, бремени жени, доенчиња, кои имаат потреба од лабораториски микробиолошки услуги, Центар за јавно здравје Охрид активира мобилни екипи подготвени да Ве посетат во Вашиот дом во Охрид за да ги обават потребните административни формалности и да ги земат соодветните...
Од полноќ поевтинува дизелот
Post Views: 375 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27% во однос на одлуката од 26.6.2023 година.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,022 ден/кг и сега ќе изнесува 41,029 ден/кг.Од вечерва на полноќ максималните цени на нафтените...
Со концерт на Танец започнува 62-то издание на Балканскиот фестивал
Post Views: 570 Со целовечерен концерт на Националниот ансамбл „Танец“ на 5-ти јули (среда) на Долни Сарај започнува 62-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во организација на Центарот за култура „Григор Прличев“.На свеченото отворање на фестивалот свое обраќање ќе имаат директорот на Центарот зa култура, Горан Симоноски, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, како и потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски.Традиционално пред почетокот на концертот, во 19 часот, учесниците на фолклорната манифестација...
Од денеска посебен режим на сообраќај на патот Струга-Дебар
Post Views: 348 Од денеска (03.07) ќе започнат градежни активности со што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај на Регионалниот пат Р1201 Струга-Дебар, информираат од АМСМ.Во фаза 1 ќе се врши асфалтирање кај селото Глобочица и во фаза 2 – асфалтирање кај селото Луково.– Предвидено е целосно затворање на сообраќајот во периодот од 10:00 до 14:00 часот. Градежните активности на регионалниот пат ќе се извршуваат до 8-ми јули 2023 година, потенцираат од АМСМ.
20 лица приведени поради дрога на фестивал во Дојран
Post Views: 291 Во текот на изминатиот викенд (01/02.06.2023) полициски службеници од Секторот за недозволен трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделoт за криминалистичка полиција во координација и заедничка акција со Секторот за внатрешни работи Струмица и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје презедоа засилени мерки за време на одржувањето на музичка манифестација во Стар Дојран, со цел откривање на кривични дела и прекршоци од областа на недозволената трговија со дрога.Притоа, биле лишени од слобода 20 лица, од кои 1 грчки државјанин, кај...
Не запловија еколошките бродови по Охридското Езеро
Post Views: 617 Не запловија најавените еко бродови по Охридското Езеро. Проектот започна пред три години,одобрени беа 1 милион и 500 илјади евра од ИПА програмата за прекугранична соработка. Со нив беше предвидена набавка на два еко бродови на електрична енергија, кои ќе служат за крстарење, и водено поврзување на трите езерски градови. Ваквите бродови се согласно препораките на УНЕСКО за развој на водениот сообраќај без штетни последици врз еко системот.Доколку не заврши реализацијата до крајот на годинава овој проект ќе пропадне.„Имавме многу...
Изложба на фотографии од најзначајното културно богатство од Охрид и Македонија
Post Views: 382Од 5-ти до 7-ми јули во Меморијалната куќа “Христо Узунов” во Охрид, ќе се одржи Изложба на фотографии од голем формат од најзначајните културно историски локалитети и други аспекти на културното наследство од Охрид и на територијата на Република Северна Македонија.„Основната цел на проектот е подобро запознавање и подигнување на јавната колективна свест за промоција, одржување и унапредивање и афирмација на археолошките зони, културно историските споменици, религиозниоте објекти и сите други форми на културно наследство на нашата земја, кои се...
Сончево со умерена облачност
Post Views: 222 Денеска во Македонија времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во североисточните делови ќе има услови за краткотраен дожд. UV=8Во Охрид сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура до 15 степени, а максималната дневна ќе достигне 28 степени.Во вторник попладне претежно во западните делови, а во среда на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на локално невреме.
Православните верници вечерва и утре го слават Свети Наум Охридски Чудотворец
Post Views: 331 Со празнична вечерна богослужба во манастирскиот комплекс „Свети Наум“ на Охридското Езеро вечерва започна чествувањето на Свети Наум Охридски Чудотворец.Во манастирот утре ќе се служи света архиерејска литургија со почеток од 9 часот, на која ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј.На празникот во манастирот доаѓаат илјадници верници да се помолат за здравје бидејќи се верува дека Св. Наум Охридски бил исцелител со чудесна моќ. Култот за Свети Наум е силен кај верниците од Охридскиот регион но и пошироко.
Најубавите градови на Балканот според вештачката интелигенција
Post Views: 659 Во изминатите неколку месеци, сите возбудено разговараат за системи за вештачка интелигенција кои се способни да пишуваат домашни задачи, политички говори, истражувачки трудови, да решаваат логички проблеми и да одговараат на бројни прашања. Некои со задоволство ги прифаќаат овие алатки и ги сметаат за „најдобар пријател“ на човекот, додека други изразуваат скептицизам и се прашуваат што носи иднината.Системите за вештачка интелигенција, како ChatGPT, сигурно ќе имаат големо влијание врз општеството. Во моментов, интересно е да се набљудува нивната...