Skip to main content

Автор: инфодеск

Д-р Шокаровски: Воведена нова метода на државна кардиохирургија, за прв пат во регионот

Post Views: 464 На државната Клиника за кардиохирургија за прв пат во регионот започна да се спроведува ендоваскуларна метода за третман на пациентите со заболувања на крвните садови кои не се кандидати за конвенционален хируршки третман. Методата се состои во имплементација на стент на лакот на аортата, за болест која што се нарекува аневризма на аорта. Се работи за многу сериозна болест со многу висока смртност, доколку не се лекува.“Станува збор за воведување на една нова метода, ендоваскуларна, која за прв пат се воведува во регионот и пошироко и која на многу...

Продолжи со читање

Промоција на виртуелните реконструкции на Античкиот театар и базиликата Свети Еразмо

Post Views: 296 Утре (15.09.2023 година) со почеток во 19:15 часот во дворното место на Музејска зграда „Куќа на Робевци – Лапидариум“ ќе се одржи промоција на виртуелните реконструкции на Античкиот театар во Охрид и базиликата Свети Еразмо.Во рамки на промоцијата ќе се одржи воведно предавање „Археолошки локалитети, дигитални технологии и инклузија на наследство“ од проф. д-р Марина Блечиќ Кавур од Приморски универзитет-Факултет за хуманистички науки од Копер, Словенија.Презентацијата е во рамки на Проектот „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид“...

Продолжи со читање

Преподобен Св. Симеон Столпник

Post Views: 553 Светата православна црква на овој ден го празнува споменот на преподобниот Симеон Столпник кој умрел на 1 септември 460 година на 103 годишна возраст.Житието на преподобниот Симеон Столпник сведочи дека е роден во 357 година, во една погранична област меѓу Сирија и Каликија во Мала Азија. Потекнувал од селско семејство, од бедни и неуки родители но чесни христијани. Детските години ги поминал како овчарче чувајќи туѓи стада. На 18 годишна возраст се замонашил. Сакајќи што повеќе да се доближи до Бога изградил висок столб на кој минал подолго време во пост и...

Продолжи со читање

Денеска во Охрид Јавна расправа за Нацрт законот за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата

Post Views: 419 Јавна расправа во однос на Нацрт законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата ќе се спроведе денеска (14.09.2023 година), со почеток во 10:00 часот, во Салата за состаноци во општина Охрид, Утре (15.09.2023 година), јавна расправа за нацрт законот ќе се спероведе и во Струга, со почеток во 10:00 часот, во Салата за состаноци во општина Струга. Нацрт законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата е достапен на следниот ТУКА.Заради геоморфолошките и хидролошките карактеристики, исклучителните природни вредности...

Продолжи со читање

Сончево и топло со слаб јужен ветар

Post Views: 294 Денеска во Охрид времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно јужен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до 28 степени.Во следните денови во Македонија ќе се задржи и понатаму топло време. Во петок во попладневните часови ќе има локална појава на краткотрајна нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. За време на викендот ќе преовладува сончево со повремена умерена облачност и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи претежно на југоистокот.

Продолжи со читање

Сончево и топло со температура до 29 степени

Post Views: 264 Времето денеска сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. UV=6. Максималната дневна температура ќе се искачи до 29 степени.Во следните денови во Македонија ќе се задржи топло време. Од петок во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Продолжи со читање

Кривична за охриѓанец кој нелегално доградил објект и узурпирал државно земјиште

Post Views: 320 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 43 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење” и „узурпација на недвижности”.„Тој, на катарстарска парцела во Охрид, без да поседува соодветна документација за градба издадена од надлежен државен орган, извршил доградба на деловен простор со имотен лист во државна сопственост. Вонреден инспекциски надзор извршил овластен градежен инспектор при општина Охрид, кој констатирал дека пријавениот доградил и узурпирал државно земјиште без да поседува...

Продолжи со читање

Преку нова електронска платформа нашите научници ќе се поврзуваат со колеги од Европа

Post Views: 294 Македонија се приклучи кон европската иницијатива за поврзување на научниците од земјите на стариот континент и олеснување на пристапот до отворени бази, односно збирки на податоци заради ефектуирање на нивниот труд и постигнување на научно – истражувачките цели.Таканаречениот „Европски облак за отворена наука“ е платформа која интегрира, односно обезбедува пристап до различни бази на податоци креирани од институции или пак од самите научници, а кои можат да послужат во реализацијата и развојот на научно – истражувачката дејност.Во Охрид се...

Продолжи со читање

Битиќи: Нема да дозволиме нефер трговски практики на штета на потрошувачите

Post Views: 296 Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска во просториите на Комисијата за заштита на конкуренцијата се сретна со нејзиниот претседател Владимир Наумовски.На состанокот Битиќи укажал дека Владата нема да биде нем сведок на нефер или неетички практики во трговијата кои ја нарушуваат слободната конкуренција и носат директна штета на граѓаните. Според вицепремиерот постојат реални околности кои посочуваат на вештачко фиксирање на цените на високо ниво како резултат на координирано договарање помеѓу трговците на цените на одредени производи, со што...

Продолжи со читање

Одбележани 110 години од Охридското востание

Post Views: 373 По повод 110 години од Охридското востание, делегација на Општина Охрид, денеска положи свежо цвеќе на Спомен-обележјето на востаниците во селото Велгошти. Свежо цвеќе положија и претставници на здруженија и политички партии.Охридското востание се одржало во септември 1913 година, еден месец по потпишувањето на Букурешкиот договор. На чело на востанието застанале охриѓанецот Петар Чаулев и стружанецот Милан Матов. Биле ослободени Охрид, Струга, Дебар и Кичево во содејство на четите на ВМРО и на албански востаници. Востанието имало тајна поддршка од...

Продолжи со читање

Потребна е долгорочна стратегија за спас на занаетчиството

Post Views: 260 Занаетите  изумираат, а години наназад  нема  план да се  спречи овој процес. Охридските занаетчии изготвија стратегија која ќе ја достават до Владата и министерството за економија ќе се обидат да издејствуваат за да опстанат и да ја остваруваат основната егзистениција. Велат итно се потребни  владини мерки за субвенционирање и поттикнување на занаетчиството.  Да се спаси занаетчиството додека и последните дуќанции не ставиле клуч на врата.„Јас лично имам изработено долгорочна стартегија за развој на занаетчиството, сега чекам на управен одбор да поминина...

Продолжи со читање

Утре во Струга маратон „Весламе за ретките 2023“

Post Views: 365 Утре во организација на хотел Боград и спортско рекреативниот клуб Соларис од Струга ќе се одржи големиот традиционален маратон „Весламе за ретките 2023“.На маратонот учество ќе земат над 20 кајакари од различни возрасни категории. Стартот е закажан во 12:30 часот од Женска Плажа.Ќе се весла по левиот брег на Охридското Езеро со пресек на езерската граница со Р.Албанија и финиш во селото Радожда, ресторан Динга.И оваа година, по четврти пат учесниците ќе ја понесат пораката за поддршка и помош на лицата со ретки болести но и ќе бидат нивниот...

Продолжи со читање