Автор: инфодеск
Views: 68 Денес од 17 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана најновата поетска книга од Љубица Петреска – Чифлигароскан од Охрид со наслов„ Поезија извор од душата“.–Стихозбирката е лепеза од песни со разни теми испреплетени со емоции и чувства, а доминира љубовта од секој вид. Книгата е отпечатена со финансиска поддршка на Општина Охрид. На настанот ќе говорат рецензентот проф. д-р Менде Солунчевски и промоторката Билјана Солунчевска, велат од установата.Песни од стихозбирката пред присутните ќе читаат Ана Цонева и Јана Диданова,...
Апостол од 70-те Андроник и света Јунија, неговата помошничка
Views: 75 Еден од седумдесетте. Роднина на светиот апостол Павле, како што пишува самиот Павле (Рим. 16, 7), спомнувајќи ја и светата Јунија, помошничката на Андроник. Андроник беше поставен за епископ на Панонија, но не живееше на едно место туку го проповедаше Евангелието по цела Панонија. Со Јунија тој успеа да приведе кон Христа многумина и да разори голем број идолски храмови. Обајцата имаа благодатна сила на чудотворство, со којашто ги изгонуваа демоните од луѓето и исцелуваа секаква немоќ и болест. Обајцата пострадаа за Христа и така примија двоен венец: и на апостолство и на...
УХМР: Променливо облачно и посвежо со слаб локален дожд
Views: 74 Променливо облачно и посвежо со слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.Температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 11 до 19 степени Целзиусови.Следува период на претежно стабилно и топло време со значителен пораст на дневните температури.Фото: Ѓоко Симјаноски
Скопјанец фалсификувал исправа и бесправно изградил викендичка на парцела во сопственост на битолчанец
Views: 69 СВР-Охрид поднесе кривична пријава против 72 годишно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „самовластие“ и „фалсификување исправа“. Тој, на катарстарска парцела во охридското село Љубаништа, изградил викендичка иако знаел дека парцелата е сопственост на лице од Битола и свесно, до Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште, поднел лажна документација со цел, добивање одобрение за легализација на бесправно изградениот објект.
Официјално започна со работа дневниот центар „Радост“
Views: 110 Финансиите се еден од клучните предизвици со кои се соочуваат семејствата со деца со попреченост. Најчесто, еден од родителите нема можност да работи, бидејќи е принуден да се грижи за детето. Многу е мала финансиската поддршка од државата за посебниот додаток и туѓа нега. Голем предизвик е и набавката на ортопедски помагала и лекарства.–Туѓата нега е отприлика околу 5000 денари, а посебниот додаток околу 700 денари, што не е доволно да се мине месецот. Тоа е еден од проблемите, другите се набавка на ортопедски помагала, кај нас се многу оскудни....
Јанев во посета на Охрид и Струга
Views: 59 -Министерството за внатрешни работи ќе биде силна логистичка поддршка на напорите на СВР Охрид за натамошно одржување на стабилна и поволна безбедносна состојба на целото подрачје посебно сега, во пресрет на летната туристичка сезона и спроведувањето на мерките во рамки на акцијата „Безбедно лето 2025“ . Ова, го истакна директорот на бирото за јавна безбедност при МВР, м-р Александар Јанев, при неговата вчерашна посета на СВР Охрид.Директорот Јанев ги посети и ОВР Струга и полициското одделение во струшкото село Велешта, каде беше запознат со активностите на...
Монтирани нови потопни пумпи во Орман и Вапила
Views: 90 Од ЈП ВОДОВОД Охрид информираат дека продолжуваат со активностите за одржување и обновување на водоснабдителните капацитети на претпријатието.–Одделението за електромашински работи изврши демонтирање на старите и дотраени потопни пумпи од бунарите во с.Орман (бунар 1) и во с.Вапила. Со цел да се обезбеди стабилно и континуирано водоснабдување, монтирани се нови потопни пумпи со јачина од 37 kw за бунарот во с.Орман и 5,5 kw за бунарот во с.Вапила, велат во своето соопштение.
Маск ја напушта Белата куќа
Views: 118 Американскиот милијардер и извршен директор на „Тесла“, Илон Маск, објави на социјалната мрежа X дека ја напушта својата функција во администрацијата на Доналд Трамп. Во неговата објава тој му се заблагодари на Трамп за можноста да го води Одделот за владина ефикасност (DOGE).Белата куќа соопшти дека Маск од синоќа веќе не е специјален владин службеник. Неговата улога беше привремена и излегувањето од владата не е неочекувано, но уследи еден ден откако Маск го критикуваше новиот закон за буџет, кој го оцени како „прескап“ и спротивен на неговата визија за рационална и...








