Skip to main content

Автор: инфодеск

Царината заплени 329 раствори за дијагностика на онколошки заболувања при магнетна резонанца

Post Views: 503 На граничниот премин Деве Баир на влез во државава при контрола на автобус се запленети 329 парчиња раствори за инјекции Gadovist 1.0 коишто се употребуваат и за дијагностика на бенигни и малигни заболувања при магнетна резонанца, скриени во пакет со етикета од производител на вода за пиење, објави Царинската управа.,,Имено, на 8 септември, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи при контрола на автобус со турски регистарски таблички кој сообраќал од Истанбул до Пеќ во Косово, во средината, под едно од седиштата пронајдоа кутија во која...

Продолжи со читање

Театарски работилници за млади на возраст од 15 до 19 години во МЦО

Post Views: 359 Младински Центар Охрид објави повик за млади за учество во театарски работилници на возраст од 15 до 19 години.Работилниците започнуваат од 02 октомври со времетрање од 2 месеци. Театарските работилници ќе ги води Јован Цветкоски основач на Независната Аматерска Театарска Група (НАТГ) „Аматер“ од Охрид.„Доколку сте заинтересирани да ги научите основите на театарските вештини, да се надоградите и да учествувате во креирање и реализација на театарски производ пополнете ја пријавата и бидете дел од театарското патување. “ – порачуваат од МЦО....

Продолжи со читање

Заврши меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2023“

Post Views: 348 По четири дневна творечка работа, во неделата беше заокружено шестото издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2023“.Во кругот на подрачното ООУ „Свети Наум Охридски“ во Трпејца заедно твореа шест уметници: Наташа Попоска – Карче, Ѓоко Симјаноски, Елена Ѓурѓиноска, Хава Реџепи и гостите од соседен Поградец – Албанија, браќата Петрит и Кастриот Лараку.Свој придонес со една своја изработка и неколку карактеристични минијатури даде и канадскиот уметник со македонски корени Мајкл Клос.И годинава главна инспирација на уметниците во...

Продолжи со читање

Сончево време со температура до 28 степени

Post Views: 229 Времето денеска во Охрид, по свежото утро, преку денот сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. UV=6. Максималната дневна температура ќе се искачи до 28 степени.Времето во следните деновиво Македонија: До четврток ќе се задржи стабилно време. Од петок во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Продолжи со читање

35-ти Охридски староградски средби

Post Views: 446 Во петок, на 15-ти септември ќе се одржат 35-тите Охридски староградски средби.На платото пред Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, со почеток во 19 часот ќе настапат: Градски мешан хор „Вокс Лихнидос“ – Охрид, КУД „Пере Тошев“ – Прилеп, Ансамбл за народни песни „Вања Лазарова“ – Скопје, КУД „8 –ми Октомври“ – Крива Паланка, ВИС “Распеани Радовишани” – Радовиш, ЗГ „Распеани Штипјани“ – Штип, КУД „Нуко Пусоски“ – Кичево, КУД „РаспеаниГевгеличани“ –Гевгелија и ФА Бисери – Охрид.„Програмски квалитет што значи вредносно...

Продолжи со читање

Потребна е пречистителна станица од Елен Камен до Радожда

Post Views: 421 Се работи проект за изградба на пречистителна станица од Елен Камен до Радожда. Од ЈП „Колекторски систем“ сметаат дека  доизградбата на колекторот  на струшкиот дел од езерото ќе прави огромни трошоци за одржување, па затоа е потребна засебна пречистителна станица.Според проценките овој проект  би чинел околу 800 илјади евра, а средствата ќе се обезбедуваат од европските фондови преку ИПАРД 3 програмата или преку кредитно задолжување со што струшкиот дел од Охридското Езеро целосно ќе биде заштитен„Согласно моменталната соработка која ја имаме со шпанска...

Продолжи со читање

Поскапуваат горивата од полноќ

Post Views: 332 Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови, повисоки цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).Според одлуката на РКЕ, бензините од полноќ ќе поскапат за еден, а дизелот за два и пол денари за литар. За два и пол денари ќе поскапи и екстра лесното масло за домаќинство.Па така, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 88 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 90,5 денари за литар, а литар ДИЗЕЛ ќе чини 83,5 денари. Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 83 денари, а килограм мазут ќе од ноќеска на полноќ ќе се продава...

Продолжи со читање

„Несфатената цивилизација“ во сабота на репертоарот на Народен театар Охрид

Post Views: 531 Народен театар Охрид во сабота (16.09.2023 година) од 22:00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ ќе ја одигра претставата „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников, во режија на Софија Ристевска- Петрушева.Улогите во оваа гротескна комедија во два чина ги играат: Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов, Филип Кипровски, Никола Тодороски и Ивица Цонев.„Несфатената цивилизација“ е претстава за припадноста, честа, етиката и моралот. Претстава за културолошкиот и социолошкиот идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и...

Продолжи со читање

Соработка помеѓу УИНТ Св. Апостол Павле и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид

Post Views: 278 Со потпишување Меморандум за соработка помеѓу Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, потпишан од Проректорката проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска и в.д. Директорката м-р Ирена Шајн, се формализираше соработката на институциите која постои подолго време.Проектот насловен како “Јакнење на капацитетите за управување со културното наследство на Oхридскиот Регион: Обука за развој на бази на податоци и ГИС-платформа за недвижно културно наследство за Заводот...

Продолжи со читање

Охриѓанец се обидел да поткупи полициски службеници по сторен прекршок

Post Views: 267 На 10.09.2023 во 19.35 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на кичевското село Зајас, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода 59 годиѓно лице од Охрид.„Тој, по сторен сообраќаен прекршок, во личните исправи што им ги дал на полициските службеници, ставил пари како поткуп, а  кои веднаш му биле вратени. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Театарската група на Црвен крст Охрид ја изведе претставата „БАРА“ во Требиње

Post Views: 335 Театарската група на Црвен крст Охрид вчера се врати од четиридневна посета на Црвен крст Требиње, Босна и Херцеговина каде во петокот, на 8 септември 2023 г. пред многубројната публика во Културниот центар во Требиње успешно ја изведе театарската претстава „БАРА“ со која младите актери на Црвен крст Охрид на креативен начин ги прикажаа животните судбини и предизвици на жртвите на еден систем со нарушени вредности, борбата на човекот со различни искушенија и неправди поминувајќи по тежок пат исполнет со очај и рамнодушност, лутајќи во лавиринтот на безнадежноста...

Продолжи со читање

Отсекување на главата на Св. Јован Крстител

Post Views: 349 Отсекување на главата на Св. Јован Крстител — еден од големите 15 христијански празници од есенскиот циклус којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 29 август, односно на 11 септември по стариот календар.На празникот Отсекување на главата на св. Јован Крстител Црквата пропишува строг пост, односно воздржување од месо, млечни производи и риба.Култот кон св. Јован отсекогаш бил еден од најраширените во православната Црква. Тоа го сведочат и многуте храмови посветени на него, како и многуте реликвијари што ги содржат неговите чесни мошти,...

Продолжи со читање