Skip to main content

Автор: инфодеск

Пецаков: Успеавме од најзадолжена Локална самоуправа со посветена и домаќинска работа не само да ја раздолжиме, туку и да биде со позитивна финансиска сметка

Views: 94 Актуелниот градоначалник Кирил Пецаков, кој ќе биде кандидат на владаечката ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Оштина Охрид, се заблагодари до неговите сограѓани кои му ја даваат поддршката, до претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и до членовите на извршниот комитет за довербата што ја доби синоќа да биде повторно кандидат за градоначалник на наредните локални избори.–За мене тоа е голема чест, а во исто време претставува голема обврска и одговорност која повторно до крај ќе се трудам да ја оправдам, напиша Пецаков во неговата Фејсбук објава....

Продолжи со читање

Трајко Славески е избран за гувернер на Народната банка на Македонија

Views: 154 Синоќа пред полноќ, Собранието на Република Северна Македонија го избра Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка. За неговиот избор гласаа 68 пратеници, а 16 беа против.Согласно биографијата доставена во предлогот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, проф. д-р Трајко Славески е роден во Охрид во 1960 година. Тој е редовен професор на Економски факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Студирал на истиот универзитет, а бил на постдипломски студии во САД (Калифорниски државен универзитет 1986/87год. и на Универзитетот Харвард 1989/90 год.)...

Продолжи со читање

Градоначалник Пецаков

ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи: Пецаков повторно кандидат за градоначалник на Охрид

Views: 128 Вчера Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за предлози за кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори.Генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски ги соопшти имињата на кандидатите потенцирајќи дека одбраните кандидати уживаат најголема доверба меѓу граѓаните. Одбрани се 25 кандидати за градоначалници, а според рејтингот, сите кандидати водат со 4 пати разлика, а во некои општини и 5 на 1.1. Аеродром – Дејан Митески2. Бутел – Дарко Костовски3. Ѓорче Петров – Александар Стојкоски4. Чучер Сандево – Зоран...

Продолжи со читање

Спасовден

Денес е Спасовден – Празникот на Христовото вознесение

Views: 85 Празникот Вознесение Христово се празнува во спомен на вознесувањето на Исус Христос на небото. Четириесеттиот ден по Воскресението Исус за последен пат им се јавил на своите ученици, ги собрал на едно место, во селото Витанија, биле единасетмината (бидејќи Јуда по предавството се обесил) и им соопштил дека сè уште не треба да одат од Ерусалим зашто наскоро врз нив ќе слезе Светиот Дух и ќе ги исполни со сила. Со таа сила вие ќе крштевате, како што свети Јован крштеваше со вода, им рекол тогаш Исус. Потоа се подигнал и облак го кренал на небото, а тој застанал до Богот Отец. На...

Продолжи со читање

Ezero lebedi

Денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Views: 54 Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (10 до 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.Температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 7 до 17 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека во петок и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има изолирана појава на пороен дожд. Од недела следува период на претежно стабилно и топло време со значителен пораст на дневните температури.Фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Општина Охрид

Се одржа 57-та седница на Советот на Општина Охрид

Views: 111 Заврши 57- та Седница на Советот на Општина Охрид. Градските избраници го усвоија Записникот од 56-та Седница со 49 точки, а дневниот ред беше проширен со Предлог одлука за измени и дополнување на одлуката за донесување детален урбанистички план во УЗ 12, УБ 12.3- Опфат 2 за период од 2022-2027 и истата беше усвоена.  Советниците ги усвоија и Предлог-одлуките за усвојување на извештајот за работењето на Јавните претпријатија „Водовод“,  „Нискоградба Охрид“ , „Градски Пазар“, „Охридски комуналец“, „Градски гробишта“ , „Билјанини извори“ за периодот од 01.01. до 31.03.2025...

Продолжи со читање

Зграда општина Охрид

Јавен повик за членови на локалното собрание на млади на Општина Охрид

Views: 69 Врз основа начлен 74 став 2, 3 и 4 одСтатутот на Општина Охрид, како и член 17 од законот за младинско учество и младински политики, Локалното младинско собрание на Општина Охрид објавува:ЈАВЕН ПОВИКЗА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИЗа остварување на јавните потреби и јавниот интерес на младите луѓе на територијата на општина Охрид, согласночлен 17 од Законот за младинско учество и младински политики објавен во Службен весник на РМ бр. 10 од 16.01.2020 година, се наметнува потреба од поголема функционалност на локално...

Продолжи со читање

Доделени наградите за ликовниот и литературниот конкурс “Глас на хуманоста“

Views: 61 Денес во просториите на Црвен крст Охрид се доделија благодарници и пригодни подароци на авторите на најуспешните творби од ликовниот и литературниот конкурс на тема: „Глас на хуманоста“ кој беше објавен на иницијатива на Програмата „Најди Време“ – грижа за стари лица и Клубот на млади при Црвен крст Охрид, а во рамки на програмските активности за развивање на креативниот дух и подигнување на свеста за учество во хуманитарни активности – со промоција на хумани вредности и творечки елан кај целата популација, особено кај младите и децата во нашата потесна и поширока...

Продолжи со читање