Skip to main content

Автор: инфодеск

ХОТАМ ќе бара одговорност ако не завршат навреме градежните работи кај Подмоље

Post Views: 347 ХОТАМ ќе бара одговорност доколку до 10 јули не завршат градежните зафати на патот кај Подмоље. Од хотелската асоцијација велат туристичкиот сектор трпи огромни штети од  затворањето на влезот кон Охрид и пренасочувањето на сообраќајот на стариот пат во ек на летна сезона и воопшто од лошата патна инфраструктура на брегот на Охридското Езеро.Најкритична е делницата, која го поврзува Охридскиот аеродром со двата туристички центри, но и автопатот Охрид – Кичево кој веќе осум години е во изградба.„Ако тоа не се направи следува некаква одговорност, ќе...

Продолжи со читање

Пецаков: Курбан Бајрам нè потсетува на вековната традиција на соживот

Post Views: 372 По повод празникот Курбан Бајрам, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков до своите сограѓани од исламска вероисповед упати честитка со желби за добро здравје, љубов и благосостојба во домовите.„Меѓусебното почитување без разлика на верската, етничката или која и да било друга припадност отсекогаш го краселе ова општество и затоа на овие празнични денови се радуваме сите заедно. Курбан Бајрам нè потсетува дека сите неволји можеме заеднички да ги совладаме како и досега – во духот на вековната традиција на соживот. Ние како локална власт и понатаму посветено...

Продолжи со читање

Српската влада ќе му помогне на таткото на девојчето кое продава крофни за да го спаси

Post Views: 368 Српскиот вицепремиер и министер за финансии Синиша Мали денеска изјави дека државата ќе помогне во лекувањето на маж чија ќерка започнала кампања за собирање пари за неговото лекување со продажба на крофни.„Имаме пари, ќе помогнеме. За тој случај дознав синоќа, човекот не ни се обрати за помош, но денеска ќе му биде разгледана документацијата. Жал ми е што претходно не контактирал со државните институции. Секако дека ќе помогнеме.“ – изјави Мали како гостин во Утринската програма на ТВ Пинк.red za krofne preslatke devojčice koja ih prodaje i skuplja...

Продолжи со читање

Се распаѓаат угостителски објекти на плажите на Преспанско Езеро

Post Views: 585 Се распаѓаат угостителските објекти, изградени во 2016 година на плажите на Преспанско Езеро.  На стартот на летната туристичка сезона некогаш современите  објекти денес зјаат празни и руинирани. Жителите велат пред десеттина години во туристичките села на брегот на Преспа имало над  5000 туристи за викенд, а причина  биле убаво уредените плажи.„Имавме два и пол киломтри уредена и чиста плажа. Од тие 2,5 км во Стење денес нема ни 100 метри уредена плажа. Нити општината не презела досега никакви активности , една година ние самите селани презедовме...

Продолжи со читање

Италија го бара туристот кој си го напиша името на Колосеумот

Post Views: 508 Министрите за култура и туризам на Италија ветија дека ќе пронајдат и казнат туристот кој бил снимен како го издлабува своето име и името на неговата девојка на ѕидот на римскиот Колосеум, што е прекршок казнив со парична казна во Италија.Видеото од инцидентот стана вирално на социјалните мрежи. Пораката „Иван+Хајли 23“ осамна на Колосеумот во време кога локалното население веќе се жали на однесувањето на туристите кои оваа сезона во рекорден број го преплавуваат Вечниот град.Министерот за култура Џенаро Сандуљано го нарече ова сквернавење на...

Продолжи со читање

Верниците од исламска вероисповед го слават празникот Курбан Бајрам

Post Views: 294 Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах.Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност, а тие кои принеле жртва, потоа им раздаваат од месото на сиромашните, соседите и на роднините. Курбан Бајрам...

Продолжи со читање

Во Охрид сончево и топло

Post Views: 266 Денеска во Македонија сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне и кон крајот на денот претежно во северните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. UV=8Во Охрид сончево и топло со мала до умерена облачност. Утринската температура до 13 степени, а максималната дневна до 28 степени.Во четврток ќе дува повремено засилен северен ветер, што ќе услови температурата да се намали за неколку степени, а попладне претежно на запад ќе има...

Продолжи со читање

Фудбалерка на Замбија ќе игра на Светското првенство за жени откако и утврдуваа пол

Post Views: 295 Фудбалерката од Замбија, Барбара Барби Банда ќе добие дозвола да го предводи националниот тим на претстојното Светско фудбалско првенство за жени, по проблемите што ги имаше со властите при одредувањето на полот.23-годишната Банда која беше исклучена од минатогодишното африканско првенство, мораше да направи тест за утврдување на полот.Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека најдобрата фудбалерка на Замбија може да игра на претстојното Светско првенство. ФИФА никогаш не се сомневаше дека Банда е женско, изјавија оттаму. Африканските и...

Продолжи со читање

Донесена одлука за стратегиска оцена за планскиот документ Стратегија за развој на зеленило

Post Views: 324 Oпштина Охрид донесе одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ Стратегија за развој на зеленило.За планскиот документ Стратегија за развој на зеленило на Општина Охрид, кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Стратегија за развој на зеленило на Општина Охрид, се определуваат следните: Министерство за животната средина и просторно планирање и Општина...

Продолжи со читање

Започна поставувањето на завршниот слој асфалт на улицата “Марко Цепенков”

Post Views: 313 Започна асфалтирањето на улицата “Марко Цепенков” со завршниот слој асфалт.Асфалт се поставува во должина од 430 метри и ширина од 10.5 метри. Претходно на улицата се постави атмосферска канализација и се уредија партерно тротоарските површини.Сега улицата “Марко Цепенков” е побезбедна за сите учесници во сообраќајот и доби нов и современ лик.Вкупната вредност на реконструкцијата изнесува 15 000 000 денари, од кои 5 000 000 денари за поставување на атмосферска канализација се одвоени од буџетот на Општина Охрид.

Продолжи со читање

Стара куќа на ул. „Аргир Маринчев“ може да се сруши во секој момент

Post Views: 578 Жители на Месокастро повторно реагираат преку рубриката ТиСиТвојотГрад за состојбите на улицата „Аргир Маринчев“. Стара куќа на самата улица може да се сруши секој момент. Куќата е напуштена и руинирана, но изгледа последното невреме ја доослабна нејзината дотраена конструкција.„Куќата секој ден по малку се одронува на самиот пат. Поставена е црвена лента, можеби како предупредување за минувачите, но тоа не е никакво решение. “– реагираат граѓани кои испратија и фотографии.Додаваат дека не им е познато кој е сопственик на куќата, но сметаат дека...

Продолжи со читање

Денови за менторство за предлог проекти во рамки на RELOAD2

Post Views: 266 По однос на објавениот повторен јавен повик за граѓански организации за поднесување на предлог проекти во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен балкан (RELOAD2), што Општина Охрид го објави на16.06. 2023 година, ги објавуваме деновите за менторство и потребните документи:Повторен јавниот повик за граѓански организации за проекти во ReLOaD 2 | Портал ТВМ (tvm.mk)

Продолжи со читање