Skip to main content

Автор: инфодеск

Дечињата од програмата „Полетарче“ во посета на Планинската спасителна служба

Views: 60 Во дружење, игра, забава и спорт, децатa што ја следат програмата во едукативниот центар на Црвен крст Охрид, „Полетарче“, го одржаа последниот час од пролетниот циклус на Програмата за подготовка на деца за во училиште, во Оперативниот центар на Планинската спасителна служба (ПСС) на Црвен крст Охрид, каде љубопитството за работата на спасителите на планина им беше задоволено со видео презентации од спасителните акции презентација на опремата за спасување и елементарни техники за искачување на вештачката карпа.–Дечињата не го криеја своето задоволство и по...

Продолжи со читање

Во петок за најмладите театарската работилница „Љупка и Љубица“

Views: 84 Во петок, во рамки на проектот на Општина Охрид Културата расте со децата „За сите деца“ ќе се одржи театарската работилница „Љупка и Љубица“.Организаторите велат дека станува збор за две девојки кои преку интерактивна и едукативна игра ќе ги водат дечињата низ работилницата со „Љупка и Љубица“.Работилницата започнува во 12.00 часот во просториите на ООУ „Братство Единство“.

Продолжи со читање

Прекин вода

Дефект на водоводната мрежа во Пештани

Views: 45 Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 08:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците од с.Пештани.-Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата, информираат од претпријатието.

Продолжи со читање

Зграда општина Охрид

Денес ќе се одржи 57. седница на Советот на Општина Охрид

Views: 68 Денес ќе се одржи 57. седница на Советот на Општина Охрид.За седницата е предложен следниот дневен ред:Усвојување на Записникот од 56-та седницаПредлог-одлука за усвојување на извештајот за работењето на ЈП „Водовод“ Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за работењето на ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП Градски Пазар Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2025 годинa....

Продолжи со читање

Кабаст отпад

Во петок акција за подигање кабаст отпад на улиците „Абас Емин” и „Железничка”

Views: 56 Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 30.05.2025 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) и зелен отпад (зелен отпад од уредување на дворни површини и градини) од реон опфатен со улиците „Абас Емин” и „Железничка”.-Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 30.05.2025 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот...

Продолжи со читање

Преподобен Пахомиј Велики

Views: 64 Родум Египќанец и во младоста незнабожец. Како војник учествуваше во борбата на царот Константин против Максенциј. Потоа, дознавајќи од христијаните за единиот Бог и гледајќи го нивниот благочестив живот, Пахомиј се крсти и отиде во Тиваидската пустина, кај прочуениот подвижник Паламон, кај кого десет години се учеше на подвижнички живот. Тогаш, на местото наречено Тавенисиот, му се јави Ангел Божји во облека на схимник и му даде штичка на којашто беше напишан уставот на општежителниот манастир, заповедајќи му таков манастир да устрои на тоа место и прорекувајќи му дека во тој...

Продолжи со читање

Променливо облачно со сончеви периоди

Views: 61 Променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните североисточни делови ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.Од УХМР информираат дека утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во петок ќе има услови за локален слаб дожд и ќе дува засилен северен ветер. Потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на дневните температури, особено од недела.Температурите во Охрид ќе се движат во интервал од 8 до 20 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Кампањата за едукација на мотоциклисти, велосипедисти и корисници на е-тротинети

Views: 73 Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во рамки на кампањата за едукација на мотоциклисти, велосипедисти и корисници на е-тротинети во Охрид денес заеднички со полициски службеници СВР Охрид во превентивна активност за зголемување на безбедноста и свеста на сите учесници во сообраќајот.–Преку едукативен материјал и практични совети ја споделивме пораката за важноста од носење кацига на главата почитувањето на правилата и прописите за безбедно учество во сообраќајот!Заедно кон побезбедни сообраќајници за сите, безбедноста е во твои раце!, велат...

Продолжи со читање