Автор: инфодеск
Post Views: 145 И покрај честите реакции на јавноста за загадувањето, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) информира дека при контролите во Титан Цементарница Усје не се пронајдени прекршувања на прописите. Од таму информираат дека во текот на 2025 година се извршени 6 надзори кај овој правен субјект, од кои 2 редовни и 4 вонредни инспекциски надзори од различни државни инспектори (последните вонредни беа реализирани во текот на ноември со инспектор за животна средина од Градот Скопје 18.11.2025 во 22:00 дo 00:30 и во декември на 18.12.2025 со инспектор за животна...
Прекин во водоснабдувањето на улиците ,,Асном“, „Кеј Македонија“ и ,,Партизанска”
Post Views: 176 Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 13:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од улиците: „Асном“, „Кеј Македонија“, и ,,Партизанска”.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.
Ќе се намалува бројот на јавните претпријатија во Охрид
Post Views: 299 Ќе се намалува бројот на јавните претпријатија во Охрид. Во 2011 година, поради политички интереси, бројот на јавните претпријатија од три порасна на седум. Од нив, едно – ЈП „Погребално” – згасна, но останаа неговите долгови, кои ги наследи ЈП „Градски гробишта”.Градоначалникот најавува операционализација и рационализација на трошоците на јавните претпријатија. Вели дека во тек е анализа за нивната финансиска стабилност, по што ќе следи намалување, односно спојување на дел од претпријатијата.„Ќе објавиме спојување, односно намалување на...
Пијан возач од Скопје удрил во паркирани возила во Охрид
Post Views: 155 На 02.01.2026 во 04:20 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 56-годишно лице од Скопје. Претходно, во 03:50 часот на ул.„Партизанска“ во Охрид, тој со патничко возило, кое го управувал, удрил во паркирани возила „ауди“ со скопски регистарски ознаки и „рено“ со косовски национални ознаки. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,88 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно...
Надја е првото бебе родено во Струга оваа година
Post Views: 190 Градоначалникот Менди Ќира денес ја посети мајката Милица и првото бебе родено во Струга оваа година.–Надја се роди со тежина од 4.210 грама и во одлична здравствена состојба, заедно со нејзината мајка Милица, за која ова е трето дете. Овој радосен настан носи посебна симболика – нов почеток, надеж и радост за целото семејство, но и за нашата заедница, вели градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура.Градоначалникот им упати искрени честитки и желби за добро здравје, среќно и бериќетно детство на малата Надја, како и многу љубов и радости во...
Дадена наредба за обдукција на двегодишното дете кое беше повредено од залутан куршум за време на новогодишната ноќ
Post Views: 157 Утрово на Скопска клиника почина 2-годишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ во Скопје, пренесува МИА. Според првичните информации било погодено од метален проектил, најверојатно заталкан куршум додека со својата мајка гледало огномет.Според досегашните сознанија од истрагата, детето било надвор со својата мајка, каде присуствувале на новогодишна прослава и огномет, кога било погодено од метален проектил, за кој се сомнева дека станува збор за залутан куршум. По инцидентот, детето веднаш било пренесено во болница, најпрво во...
Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец
Post Views: 164 Овој свет маж е наречен Богоносец затоа што постојано во срцето и на јазикот го носел името на живиот Бог. Преданието уште вели дека е наречен Богоносец и зашто него го зел на раце воплотениот Бог Исус Христос. Во времето кога Господ ги учеше своите ученици на духовен живот според евангелските заповеди, зеде едно дете, го постави меѓу нив и им рече: „Оној којшто ќе се смири и ќе стане како ова дете, тој е најголем во царството небесно“ (Матеј 18, 4). Тоа дете беше Игнатиј. Подоцна Игнатиј му беше ученик на свети Јован Богослов, заедно со Поликарп, епископот...
УХМР: Променливо облачно и студено со сончеви периоди
Post Views: 116 Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Попладне, претежно во западните делови ќе има повремен локален дожд, а на планините и на некои од повисоките места врнежи од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.Од УХМР информираат дека под влијание на циклонска активност од недела и во денови потоа времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.Во Охрид минималните температури од -7, а максималните до 5 степени...
(ВИДЕО) Новогодишна честитка од градоначалникот Кирил Пецаков
Post Views: 191 На последниот ден од годината, градоначалникот Кирил Пецаков ја испрати својата новогодишна честитки до граѓаните. Истата ја пренесуваме во целост.Драги сограѓани, мои пријатели,Во овие свечени и радосни моменти, кога ја испраќаме старата и ја пречекуваме Новата 2026 година, ми претставува особено задоволство да ви се обратам со искрени честитки и најубави желби.Најнапред, посакувам Новата година да донесе добро здравје, мир и семејна среќа во секој дом. Нека 2026 биде година на нови надежи, стабилност и лични успеси, година во која ќе...
Николоски: После повеќе од 60 години Охридскиот Аеродром е легализиран!
Post Views: 135 -Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ по повеќе од 60 години конечно е впишан во катастар и доби имотен лист, со што официјално е завршен процесот на негово легализирање, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на последниот ден од 2025 година.Како што наведува Николоски, аеродромот кој функционира уште од 1970-тите години, досега немал регулиран имотно-правен статус, што претставувало долгогодишен проблем и пример за негрижа кон државниот капитал.Во текот на изминатата година, тимови од Министерството за транспорт, АД...
Умерено да се јаде и пие за празниците
Post Views: 140 Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави јавно-здравствени препораки за граѓаните, за време на новогодишните и божиќните празници, со цел да се намали ризикот од здравствени проблеми поврзани со празничните навики, како што се прејадување, прекумерна употреба на алкохол и несигурна употреба на пиротехника.„Празничните прослави често носат со себе доцни оброци и поголем внес на храна со висока енергетска вредност, што може негативно да влијае на метаболизмот и да предизвика дигестивни проблеми. ИЈЗ советува да се планираат оброците така што најголемите оброци...
Утре започнува зимскиот распуст, ќе трае до 20 јануари
Post Views: 218 За учениците во основните и средните училишта во Македонија започнува зимскиот распуст за учебната 2025-2026 година. Наставата од второто полугодие ќе продолжи на 20 јануари, а учебната година ќе заврши традиционално на 10 јуни.Инаку, Министерката за образование и наука Весна Јаневска за 2026 година претходно најави покачување на платите на наставниците помеѓу 7,5 до 10% годишно во наредните три години, додека во четвртата година покачување ќе биде помеѓу 10 и 12%.