Skip to main content

Автор: инфодеск

Делегација од Министерството за регионална соработка на Израел во посета на Општина Охрид

Views: 146 Делегација од Министерството за регионална соработка на Израел којашто е во неколкудневна официјална посета на државава денес оствари средба со градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.На средбата двете страни разменале мислења за зајакнување на соработката меѓу институциите, универзитетите и бизнисите со посебен фокус на иновации, претприемништво и технолошки развој, информираа од општината.-Градоначалникот Пецаков ги информира гостите за работењето на ХАБ центарот и младинскиот центар сместени во просториите на некогашната касарна во Охрид. Беше посочено...

Продолжи со читање

Во петок акција за подигнување кабаст и зелен отпад У.З.8 ,,Билјанини Извори”

Views: 144 Ј.П.,,Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 18.09.2026 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од реон У.З.8,,Билјанини Извори”-Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 18.09.2026 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурните телефони 075-495-428 и 075-397-944, апелираат од јавното претпријатие.

Продолжи со читање

Општина Струга

Кривична пријава против градоначалникот на општина Струга поради сомнение дека незаконски разрешил директор на училиште

Views: 188 ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ.(66) од струшкото село Биџево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, информираа од МВР.– Тој, во својство на градоначалник на општина Струга, спротивно на одредбите од Законот за основно образование, донел одлука и незаконски разрешил директор на едно основно општинско училиште, по што назначил друго лице за в.д. директор.Тоа го направил иако знаел дека ново назначеното лице нецелосно ги исполнува условите пропишани во...

Продолжи со читање

Свр Охрид

Лице од Албанија со 1,75 промили алкохол удрил во бетонска ограда на булевар Туристичка

Views: 163 На 15 септември 2026 година, во 01:35 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 30-годишно лице од Република Албанија.– Претходно, управувајќи патничко возило марка „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, удрил во заштитната бетонска ограда помеѓу двете коловозни ленти, а при извршено алкотестирање, полициските службеници, кај него утврдиле 1,75 промили алкохол во крвта, по што веднаш го исклучиле од сообраќај и одземени му се возачките документи. По насоки на јавен обвинител, одземено е возилото и по целосно документирање...

Продолжи со читање

Кривична пријава за точење алкохол на малолетници во Пештани

Views: 204 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31 годишно лице од Охрид и правен субјект со седиште во охридското село Пештани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на дете“ по член 204 од Кривичниот законик.При контрола извршена на 29.08.2026 година на плажа со која стопанисувале пријавените, било констатирано дека на четири малолетни лица им било овозможено купување и користење алкохолни пијалаци, без да им бидат побарани лични документи и без да се утврди нивната возраст.

Продолжи со читање

Eдриличари од „Акватика Јахтинг“ од Охрид и „Снегар“ од Струга ја претставуваа Македонија на 54. Балканско првенство во едрење во Волос

Views: 285 Четиринаесет едриличари од едриличарските клубови „Акватика Јахтинг“ од Охрид и „Снегар“ од Струга ја претставуваа Македонија на 54. Балканско првенство во едрење, кое од 10 до 13 септември се одржа во Волос, Грција.Македонските натпреварувачи настапија во класите Optimist, ILCA 4 и ILCA 6, а по шест одржани трки ги постигнаа следните пласмани:ILCA 6Марко Милески – 17. место („Снегар“)Андреја Кавај – 24. место („Снегар“)ILCA 4Стефан Бараковски – 34. место („Снегар“)Лина Пашоска – 35. место („Акватика“)Берак Шашко – 38. место („Снегар“)Мила...

Продолжи со читање

Јавна презентација и расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за ДУП за УЗ 8, УБ 8.1-опфат 4

Views: 134 Општина Охрид организира Јавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за изработка на Детален урбанистички план за урбана заедница 8, урбан блок 8.1-опфат 4, Општина ОхридНа увид и јавна расправа ставен е Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Детален урбанистички план за урбана заедница 8, урбан блок 8.1-опфат 4,  Општина Охрид.Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Одделението за планирање и управување со заштитени...

Продолжи со читање

Боево гаѓање

Утре на стрелиштето „Бејбунар” СВР Охрид ќе спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција

Views: 159 Полициски службеници од редовниот состав при Секторот за внатрешни работи Охрид, утре 16.09. 2026 година, со почеток од 08 часот, на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе спроведат вежбовно гаѓање со боева муниција.-Пред почетокот на вежбовните активности, ќе бидат преземени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинско обезбедување на боевото гаѓање ќе вршат екипи на ЈЗУ „Здравствен дом” од Охрид, информираат од СВР Охрид. Оттаму...

Продолжи со читање