Skip to main content

Автор: инфодеск

СДСМ Охрид: Ако локалната се’ уште се справува со „хаосот од претходната власт“, тогаш или се неспособни или имаат корист од тоа

Views: 61 И овој пат, како и безброј пати досега, општинските власти на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид излегоа со реакција што повеќе наликува на стара, избледена копија, отколку на одговор на реалните прашања, велат од ОО на СДСМ во врска со реакцијата од Општина Охрид на нивната вчерашна прес конференција.–Повторно ја гледаме истата шаблонска формула: „претходниците се виновни, ние само расчистуваме нивен хаос“. Овој политички рефлекс за префрлање вина веќе одамна ја изгуби секоја смисла и ефект – особено кога доаѓа од власт што веќе не е ни нова, ни неодговорна за состојбите....

Продолжи со читање

Успешно одржана работилница „Сузбивање на криминал врз дивиот свет“

Views: 58 Вчера во просториите на Факултетот за безбедност – Скопје, Еко-свест во соработка со Факултетот за безбедност – Скопје организираа еднодневна работилница на тема „Сузбивање на криминал врз дивиот свет“.Од Еко-свест информираат дека целта на работилницата е унапредување на капацитетите на ренџерските служби и релевантните институции за справување со криминалот врз дивиот свет. Во рамки на настанот се дискутираше за значењето на заштитата на дивите животни, националните и меѓународните законски рамки, улогата на чуварските служби, како и потребата од подобра...

Продолжи со читање

Свр охрид

Приведено лице од Волино кое претходно физички нападнало жена

Views: 76  На 26-ти мај 2025 година, во 22:15 часот, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, лишено е од слобода 50-годишно лице од селото Волино, Општина Дебрца.– Тој претходно, на локален пат помеѓу селата Волино и Мороишта, пресретнал моторно возило во кое се превезувала 46-годишна жена од едно охридско село и физички ја нападнал. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид

Продолжи со читање

Свр охрид

Охриѓанец физички нападнат пред угостителски објект на „Туристичка“

Views: 80 На 26-ти мај 2025 година, во 09:00 часот, пред угостителски објект лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на едно лице врз 34-годишник, двајцата од Охрид.– Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Општа болница“ во Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. 

Продолжи со читање

Се асфалтира патот до село Плаќе

Views: 57 Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, информираше дека вчера започнаа градежните активности за асфалтирање на патот до селото Плаќе.–Иако граѓаните со доза на сомнеж го прифаќаа ветувањето, и можеби со право, бидејќи до сега сите им ветувале, а никој не реализирал, ние достојавме на зборот! Нека е аирлија!, вели градоначалникот во неговата објава.

Продолжи со читање

Макрон се огласи после виралното видео на кое се гледа дека Брижит му удира шлаканица: Само се шегувавме

Views: 104 Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон вчера реагираше за да го смири вниманието околу виралното видео на кое јасно се гледа дека неговата сопруга Брижит му удира шлаканица пред нивното симнување од авионот во Виетнам за првата етапа од турнејата низ Југоисточна Азија.На видеото се гледа како вратата од авионот се отвора, а Макрон се појавува. Неколку секунди подоцна, неговата соптуга Брижит му удира шлаканица. Парот, кој е во брак од 2007, потоа заедно се симна по скалите, но Брижит одби да го фати за рака нејзиниот сопруг.–Тоа беше момент кога...

Продолжи со читање

Светиот маченик Исидор

Views: 56 Во времето на царот Декиј, Исидор беше насила земен во војска од островот Хиос. Од малечок се држеше за Христовата вера и животот го минуваше во пост, во молитва и во добри дела. Во војската штом се прокажа како христијанин, војводата му побара отчет и го советуваше да се одрече од Христа и да им принесе жртва на идолите. Светителот одговори: „И телото да ми го убиеш, над мојата душа немаш власт. Јас Го имам вистинскиот и жив Бог Исус Христос, Којшто и сега живее во мене и по мојата смрт ќе биде со мене и јас сум во Него и ќе останам во Него и нема да престанам да го исповедам...

Продолжи со читање

Сончево со умерена облачност и температури до 20 степени Целзиусови

Views: 59 Сончево со умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.Утре во западните делови, а во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од петок следува период на претежно стабилно време со пораст на дневните температури, информираат од УХМР.Денешните минимални температури во Охрид од 5, а максималните до 20 степени Целзиусови.

Продолжи со читање