Skip to main content

Автор: инфодеск

Од 1 јули целосна забрана за пластични ќеси

Post Views: 341 Од 1 јули целосно се забранува продавањето на пластични кеси и оксобиоразградливи кеси, односно тоа се оние кеси кои во маркет се продаваат за 15 денари. Дозволени ќе бидат само биоразградливи ќеси. Оваа одлука следи откако беше усвоен новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување. Според истиот Закон ќесите од 2 поскапеа на 15 денари пред година и пол. Сепак за овошјето и зеленчукот, и во маркетите и на пазарите, сè уште се користат пластичните ќеси.

Продолжи со читање

СДСМ Охрид прашува за што граѓаните му плаќаат на ЈП „Градски гробишта“

Post Views: 343 Кога оние кои треба да бидат во служба на народот и на граѓанинот почнуваат да си поигруваат со човековото достоинство, тогаш е дојдено сериозно време да се замисли човек : кому ли охриѓани му поклонаа доверба во октомври 2021 година ? – прашуваат од општинската организација на СДСМ Охрид. Оттаму, преку соопштение до медиумите повторно упатуваат критики на адреса на локалната власт на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, овој пат за работењето на ЈП „Градски гробишта“.„Покрај тоа што народот плаќа поскапи комуналии, поскапи услуги од ѓубретарина – а живееме во...

Продолжи со читање

Нова демократија на Мицотакис победи на изборите во Грција

Post Views: 316 Нова демократија убедливо победи на денешните парламентарни избори во Грција, покажуваат првичните официјални резултати. Гласачите му дадоа уште еден мандат на премиерот Кирјакос Мицотакис.Се очекува Нова демократија да има 157 или 158 пратенички места во 300-члениот парламент. Според преброени скоро 90 отсто од гласачките места во земјата, централно-десничарската Нова демократија на Мицотакис освои над 40 проценти од гласовите, а главниот ривал, крајно левичарската Сириза претрпе голем пораз, освојувајќи само нешто над 18 отсто, што е уште помалку од...

Продолжи со читање

Сончево со умерена облачност

Post Views: 221 Времето денеска во Македонија сончево со мала до умерена облачност. Во планинските подрачја ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. UV=7Во Охрид сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер. Утринската температура до 15 , а максималната до 26 степени.Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време, наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.

Продолжи со читање

Кучето Моли кандидат за „градоначалник“ на Торонто

Post Views: 302 Граѓаните на Торонто наскоро ќе одлучуваат кој ќе биде следниот градоначалник откако скандалот за вонбрачната врска го принуди Џон Тори да ја напушти функцијата.Има повеќе од сто кандидати, а меѓу нив е – едно куче по име Моли. Шестгодишната женка од расата сибирска хаски и нејзиниот сопственик Тоби Хепс се залагаат за запирање на прекумерната употреба на сол на патиштата во текот на зимата. Прекумерната употреба на сол на патот во текот на зимата, вели Хипс, може да ги повреди шепите на кучињата како Моли.Неговата кампања, исто така, предлага да...

Продолжи со читање

Јавен повик за пријавување на штети на земјоделските култури во Дебрца

Post Views: 371 Општина Дебрца ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода – град која ја зафати територијата на општината на ден 24 Јуни 2023 година да ја пријават штетата на своите земјоделски култури до Комисијата за проценка на штети на општина Дебрца.Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се подигне во архивата на општина Дебрца или да се преземе  од веб страната на www.debrca.gov.mk   и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.Покрај...

Продолжи со читање

Се одржа Меѓународнатa поетска манифестација ,,Охридски поетски бисер”

Post Views: 361 Меѓународнатa поетска манифестација ,,Охридски поетски бисер” – 2023 г. се одржа вчера во манастирот ,,Свети Кузман и Дамјан” во село Опеница, Охрид.„Осмата меѓународна поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ е симбол за творечкиот напор и ангажираноста на поетските души, но и обврска за континуитет во поетската и културна ризница на Охрид. Поезијата е незамислива без поетите, но и без читателите. Читателот најсилно се чувствува преку интересот за поетската творба на авторот. Песната вистински живее само тогаш кога има и додека има читатели....

Продолжи со читање

Бунтот на Вагнер заврши, настрада имиџот на Путин

Post Views: 317 Во Русија заврши еднодневниот бунт на платениците од „Вагнер“.Евгениј Пригожин, водачот на платеничката група Вагнер, со своите војници го напушти јужниот руски град Ростов на Дон. Заминувањето на групата уследи по договорот постигнат со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко според кој Пригожин и неговите војници платеници ќе избегнат гонење, а Пригожин ќе замине во егзил во Белорусија.Вчера додека паравојската беше далеку во Ростов, во Москва се вршеа евакуции на објекти , по улиците излегоа оклопни возила, па дури имаше...

Продолжи со читање

Отворена 12-тата Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“

Post Views: 358 Живописното Вевчани и годинава  домаќин и неисцрпна инспирација за врвните светски уметници. Започна 12-тото издание на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања“, на која ќе творат 25 афирмирани сликари од земјава и странство. Уметниците најчесто се инспирираат од  Вевчанските извори, автентичните сокаци, старите куќи, природата на Јабланица.„Годинава повеќе од 25 ликовни имиња од Македонија и од светот ќе бидат присутни да создаваат прекрасни дела инспирирани од убавините на Вевчани,од архитекрурата, од природата од воздухот. Се надеваме дека...

Продолжи со читање

Во Вевчани се пробиваат патишта и се уредуваат јавните површини

Post Views: 443 Во општина Вевчани во тек е пробивање на патишта до земјоделските површини. Градежните активности се одвиваат на тешки терени.-„Се одвиваат градежни активности околу пробивање, чистење и тампонирање на пристапен пат до земјоделското земјиште во м.в. Средни пат. Теренот е тежок, но изнаоѓаме решенија“, информира градоначалникот Спасе Кочоски.Во тек се градежни работи за реконструкција на помошниот објект на туристичкиот центар во Вевчани.A ЈП Еремија изминативе денови со засилени активности за одржување на јавната чистота. Се уредуваа...

Продолжи со читање

Нестабилно време со пороен дожд попладне

Post Views: 442 Денес на повеќе места во Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија и влажност во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.И во Охрид денес попладне се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 26 степени.Во текот на следната седмица во Македонија ќе преовладува претежно стабилно време, а само на...

Продолжи со читање

Се одржа меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен 2023“

Post Views: 411 Денеска во спортската сала „Билјанини извори“, се одржа меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен 2023“. Пред присутните натпреварувачи, на отворањето, се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.„Како голем поддржувач на спортот, секогаш ми е посебно драго да бидам дел од вакви спортски случувања, кои оставаат траен белег во спортскиот живот на нашиот град и се позитивен пример за афирмација и промоција на различни спортски дисциплини. На сите натпреварувачи им честитам за нивната посветеност и ентузијазам да бидат истрајни во сите борбени подвизи. Оваа...

Продолжи со читање