Skip to main content

Автор: инфодеск

Охридскиот Архив побогат со документација за историјата на Балканските Египќани

Post Views: 389 По повод 24 Јуни Денот на Балканските Египќани, за прв пат на балканските простори беше предадена документација од историскиот развој на Египќаните во oхридскиот Архив.Од подрачното одделение Охрид на Државниот Архив на Македонија изразуваат надеж дека овој чин понатаму ќе биде следен и во другите балкански земји.„Од мое име и од името на генералниот директор на Државниот Архив Емил Крстески се заблагодарив за големата свест кон она што значи историја, документација и архивистика…особено кон почитуваниот професор Рубин Земон кој несебично пристапи...

Продолжи со читање

Одбележан Денот на Балканските египќани

Post Views: 258 Со средба на претставниците на египќаните од Македонија, Албанија и Косово, денес во Охрид се одбелжува 24 јуни – Денот на Балканските египќани. Градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со претставниците на египќаните, меѓу кои присуствуваше и Елберт Красниќи, министер за локална самоуправа во Косово.Градоначалникот Пецаков, истакна дека како локална самоуправа, Охрид има преземено многу работи, со кои недвосмислено се покажува дека нашите сограѓани египќани, се нераскинлив дел од заедничкото живеење во Охрид, со сите други етнички заедници. Верувам дека...

Продолжи со читање

Штетите на недвижен имот и земјоделски култури да се пријават до 30.06.2023

Post Views: 413 Се информираат жителите на Општина Охрид дека настанатите штети од невремето може да ги пријават до 30.06.2023 година (петок).Барањата за пријава на штети се подигаат во архивата на Општина Охрид, а кон барањето задолжително се приложува имотен лист и лична карта.Настанати штети може да се пријават само за недвижен имоти за земјоделски култури.

Продолжи со читање

Оштетени кровови и поплавени објекти, најголеми штети врз земјоделските култури

Post Views: 278 Поројниот дожд и градот кои го зафатија Охрид ги поплавија улиците и на многу локации водата навлезе во приземни простории и подруми на повеќе објекти. Граѓаните добија помош од јавни претпријатија за исцрпување на водата со пумпи.На терен излезе комисијата за проценка на штети. Се врши проценка каде што имаме сознанија дека се најголеми штетите, односно каде што има големи оштетувања на домовите, кажа градоначалникот Пецаков по заседавањето на кризниот штаб.„Најпогодени се домовите во населбата Видобишта каде на поголем број куќи се оштетени...

Продолжи со читање

Пецаков: Ангажирани се сите расположливи капацитети во санирање на последиците од невремето

Post Views: 287 Општина Охрид ги стави на располагање сите расположливи капацитети во расчистување на последиците од големото невреме што денеска го зафати Охрид, истакна градоначалникот Кирил Пецаков, по состанокот на Кризниот штаб, на кој присуствуваа директорите на јавните претпријатија.„Од првичните информации со кои располагаме, отежнат е сообраќај на одредени улици поради обилните врнежи и големата вода која се уште се слива, има пријави за поплавени домови, дворови, куќи, а штетата на земјоделските култури очигледно ќе биде огромна бидејќи невремето кое...

Продолжи со читање

Ногачески: Штетите од градот врз земјоделските култури во Дебрца се 100%

Post Views: 545 Силното невреме проследено со врнежи од град во југозападниот регион пладнево ја погоди Општина Дебрца. Извесно е дека градот предизвика штети по земјоделските насади но според градоначалникот Зоран Ногачески истите се огромни.„ Вакво нешто не сум доживеал во животот,кое денес, ја зафати општина Дебрца,за миг ја однесе во неповрат земјоделската мака. Уште сега со сигурност можам да кажам дека штетите на земјоделските култури се 100%. Нема нешто да остана здраво.“ – вели градоначалникот.Општината ќе ги спроведе сите стандардни постапки за...

Продолжи со читање

(видео) Силно невреме го зафати охридско-струшкиот регион

Post Views: 437 Силно невреме ги зафати Охрид, Струга и Дебрца. Пороен дожд и грмeжи, проследени со ветер и појава на град. Во делови од Охрид кратко имаше и прекин во напојувањето со електрична енергија.Охридската чаршија и кејот брзо се испразнија откако сончевото пладне за многу кратко премина во силно невреме.Засега нема информации за предизвикани штети но повеќе информации се очекуваат по заседавањето на кризниот штаб кој итно го свика Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.Oд УХМР информираат дека невремето се движи во правец од југозапад кон...

Продолжи со читање

Вагнер тргна на Москва, Путин се закани дека ќе ги казни предавниците

Post Views: 349 Борците на платеничката групата „Вагнер“ според нејзиниот шеф Евгениј Пригожин ги зазеле сите воени локации во рускиот град Ростов. Од Ростов до Москва има повеќе од илјада километри, но во престолнината се воведени антитерористички мерки и има оклопни возила по улиците, а превентивно е затворен и автопатот што ги поврзува двата града.Рускиот претседател Владимир Путин, во своето вонредно телевизиско обраќање, изјави дека иднината на Русија е загрозена, опишувајќи ги акциите на бунтовниците како „удар во грб“. Тој рече дека некои Руси се „измамени во...

Продолжи со читање

Празник на Светите Вартоломеј и Варнава – Вртолум

Post Views: 494 Меѓу  празниците од овој период од годината посебно важно место има празникот на светите маченици Вартоломеј и Варнава во народот познат под името Вртолум, што се празнува на 24 јуни според новиот, односно на 11 јуни според стариот календар. Во некои наши краишта овој ден се смета за тежок празник поради што не се работи никаква работа. Овој ден народот го поврзува со вртењето на сонцето. Имено се верува дека на овој ден сонцето се врти кон зима. Многумина дури верувале дека тоа е видливо, поради што гледале во сонцето за да виделе кога тоа ќе застанело и ќе се...

Продолжи со читање

Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи

Post Views: 257 Времето денеска во Македонија, претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и изолирана појава на град.Во Охрид претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура во благо опаѓање и...

Продолжи со читање

Реконструиран меморијалниот споменик Спомен-чешма со мозаици во Сливово

Post Views: 320 Реконструиран меморијалниот споменик Спомен-чешма со мозаички сцени во центарот на селото Сливово, Општина Дебрца, каде што на 11 ноември 1943 е формирана Првата македонско-косовска бригада, соопшти Министерството за култура.Станува збор за дел од проектот за реконструкција на споменици и спомен-обележја на Народноослободителната борба (НОБ). Спомен-чешмата во Сливово има двојно значење, и историско и уметничко, со оглед на тоа што има две мозаички сцени посветени на Илинден и на НОВ од 1941 изработени од македонскиот современ сликар, мозаичар и изработувач...

Продолжи со читање

Во Охрид се одржа дискусија за зајакнување на Локалниот младински совет

Post Views: 239 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска се вклучи на дискусијата за зајакнување на Локалниот младински совет, која се одржа во Младинскиот центар во Охрид, како дел од проектот „Од ЕУ за Вас: Опремување на локалните младински совети со најдобрите европски практики #TeamEurope“. Дискусијата ја организираше Центарот за меѓукултурен дијалог (CID) и Амбасадата на Хрватска во Република Македонија.На дискусијата присуствуваше амбасадорката на Република Хрватска во Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ, која со младите охриѓани разговараше за перспективите на локалната...

Продолжи со читање