Skip to main content

Автор: инфодеск

Во среда Охрид Мол ќе ги отвори вратите за посетители

Views: 150Новиот трговски центар Охрид Мол ќе ги отвори вратите за посетителите во среда, 28-ми мај 2025 година.Со површина од над 17.000 м2 и внимателно одбрани содржини усогласени со потребите на потрошувачите, новиот трговски центар во Охрид ветува дека ќе го редефинира концептот за пазарување. Во Охрид Мол присутни ќе бидат познати модни брендови како “NewYorker” и “Sinsay”, потоа “D Sport” кој ќе биде најголемата спортска продавница во Охрид, како и еден од најголемите ланци на дрогерии во Европа, “DM drogerie markt”.Дел од...

Продолжи со читање

Светата маченичка Гликерија

Views: 58 Ќерка на еден гувернер на Рим. По смртта на татко ѝ, осиромаши и се насели во Трајанопол во Тракија. Во времето на нечестивиот цар Антонин Гликерија беше изведена да му принесе жртва на идолот на Диј. Таа си нацрта крст на челото, па кога царскиот намесник ја запраша каде е нејзината лампада (зашто сите носеа лампади во рацете), Гликерија го покажа крстот на челото и рече: „Ова е мојата лампада“. На нејзината молитва гром удри во идолот и го искрши на парчиња. Намесникот се разгневи и нареди да ја бијат и да ја затворат. Ги запечати затворските врати, решен да ја убие со глад....

Продолжи со читање

Денес сончево и потопло со мала до умерена локална облачност

Views: 81 Во раните утрински часови во крајните источни региони ќе има слаб дожд. Преку денот времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 70 km/h), информираат од УХМР.Температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 4 до 19 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Недела на слепиот

Views: 141 Во овој ден го празнуваме чудото на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, што го направи над слепородениот. И ова чудо го направи со помош на вода, како и она со Самарјанката и со раслабениот. А се случи вака: Додека Господ разговараше со Јудеите и Себе се правеше рамен на Отецот, велејќи: Јас постојам уште пред да се роди Авраам, тие зедоа камења за да ги фрлат по Него. Но Он, заминувајќи оттаму, најде еден слеп човек кој одеше со пипање. Така било од неговото раѓање, имајќи ги само празнините во очите. Учениците, пак, Го прашаа Спасителот: Учителу, кој згрешил? – Тој или...

Продолжи со читање

Денес во Струга промоција на книгата „Светило на врв планина“ – првото илустрирано житие за Св. Спаса Вишенска

Views: 117 Денес со почеток во 17 часот, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе биде промовирана илустрирана книга за деца „Светило на врв планина“ кое е првото илустрирано житие за Света Спаса Вишенска, адаптирано за најмладите. Авторка на текстот е Јасмина Кантарџиева Димков, а илустрациите се дело на уметницата Викторија Попоска. Изданието содржи седум тематски поглавја, секое придружено со визуелни изрази кои ја оживуваат приказната за младите читатели.Проектот е реализиран со поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија. 

Продолжи со читање

Променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд

Views: 70 Променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (над 25 l/m²). Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 70 km/h), особено долж Повардарието.Температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 10 до 16 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека утре ќе има преодно стабилизирање на времето и ќе продолжи да дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови. Во деновите потоа времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Продолжи со читање

Цвеќе во чест на Светите Кирил и Методиј

Views: 76 Делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков  положи свежо свеќе пред монуенталниот споменик на Светите Кирил и Методиј, а по повод 24 Мај – Денот на Сесловенски просветители Кирил и Методиј.Во чест на Просветителите  пред нивниот споменик  се поклонија и владини и  државни претставници чии централни  чествувањата  по повод празникот се во Охрид.Свеченостите за  24мај- Денот на Сесловенските просветители продолжуваат попладнево.   

Продолжи со читање

Свечено доделени наградите на најдобрите ученици од Охрид

Views: 107 Како дел од свечената програма за чествување на  24-ти мај, Денот на сесловенските просветители, претпладнево пред споменикот на Кирил и Методиј на Охридскиот кеј се одржа пригоден настан на кој беа доделени награди на охридските ученици, кои оствариле високи резултати на државни и регионални натпревари.Пред бројните ученици, родители, наставници и делегации, свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.– Поради името што го носам, 24-ти мај секогаш сум го доживувал како мој личен празник, како мој важен дaтум. Но денес, кога стојам тука, пред...

Продолжи со читање