Skip to main content

Автор: инфодеск

Утре Охрид домаќин на завршниот Мастерс квиз на Македонската квиз асоцијација

Views: 77 Македонската квиз асоцијација (МКА) го најави завршниот Мастерс квиз за оваа сезона, кој ќе се одржи утре со почеток во 11:00 часот, во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.Традиционалниот настан по трет пат го носи елитниот квизерски дух на македонската сцена токму во Охрид, најдобрите квизаџии од земјата ќе имаат можност да ги одмерат своите знаења низ широк спектар на теми: култура, забава, историја, животен стил, медиуми, наука, спорт и свет. Организаторите информираат дека секој учесник ќе одговара на вкупно 200 прашања, поделени во два...

Продолжи со читање

Вечерва традиционален концерт во црквата Св. Софија во чест на Св. Кирил и Методиј

Views: 63 Свечена културна манифестација посветена на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј по 11-ти пат традиционално ќе се одржи во вечерва со почеток во 19:00 часот во црквата „Св. Софија“ во Охрид.Настанот ќе започне со воведна беседа за животот и делото на светите браќа, која ќе ја одржи проф. д-р Димитар Пандев. Потоа ќе следат музички настапи на ученици од ОМУ „Методи Патчев“, под уметничко раководство на м-р Даниел Чуркоски и Елица Рашкова. На крајот од програмата ќе настапи пијанистката Викторија Митеска-Малезан.Во рамки на вечерта ќе бидат изведени дела од...

Продолжи со читање

Св Кирил и Методиј

Македонија ги слави светите рамноапостоли Кирил и Методиј, втемелувачи на словенската писменост и култура

Views: 94 Денеска во Македонија се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите.Светите Кирил и Методиј родени се во Солун, во семејство на висок византиски службеник.Татко им Лев бил помошник на командантот на Солунската област, а мајка им Марија потекнувала од угледна фамилија. За двајцата браќа најважна е Моравската мисија, којашто е важна...

Продолжи со читање

Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд

Views: 65 Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. Пообилни врнежи ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта, особено во источните и јужните делови.Минималните температури во Охрид од 10, а максималните до 20 степени Целзиусови.Под влијание на влажен бран викендов ќе има врнежи од дожд проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер (над 70км/ч). Локално врнежите ќе бидат обилни и поројни во форма на невреме со услови за појава на град. Од овој бран во јужните и источните делови се очекува вкупно да наврне од...

Продолжи со читање

Црвен картон за врсничкото насилство

Views: 48 „Борбата против врсничкото насилство  и агресивното однесување меѓу најмладите мора да биде поефикасна. Таа  мора да почнува од секој родител, дом и од секоја општествено одговорна асоцијација, институција или здружение“, ова беше заклучено на дебатата „Црвен картон за врсничкото насилство“ што ја организира Интернационалната полициска асоцијација- ИПА Охрид со поддршка на Локалната Власт.Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски се заблагодари на организаторите на настанот укажувајжи дека Општината секогаш ќе има слух и активно во рамки на...

Продолжи со читање

Охриѓанките Харитина Сакова и Рената Павлеска дел од најуспешните студенти на УКИМ

Views: 254 Денес Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го одбележа патрониот празник и 76 години од основањето. На свеченоста се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска , која потенцира дека универзитетот и натаму треба да јакне и да се вброи на листата од 1000 најдобри светски универзитети.–Горди сме на сите ваши постигнувања, а ваши успеси на меѓународен план се потврда дека УКИМ гради млади луѓе кои се подготвени за предизвиците на новото време. Целта на сите нас е овој Универзитет и натаму да се јакне и да се вброи на листата на илјада најдобри...

Продолжи со читање

Свр охрид

СВР Охрид: Кривична пријава за три лица кои набавиле кокаин за продажба на наркозависници

Views: 82 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35-годишно лице од Република Албанија, со привремен престој во Охрид и против 27-годишник од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Пријава заработи и уште едно лице за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“.– Пријавените набавиле кокаин за продажба на наркозависници, од кој дел е пронајден и одземен при контрола во патничко возило марка „Ауди“ со охридски регистарски...

Продолжи со читање

Градоначалникот Пецаков упати честитка до Влашката заедница

Views: 57 Градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до Влашката заедница во Македонија по повод меѓународниот ден на Власите.-Почитувани наши сограѓани Власи, нека ви е честит Националниот ден, 23 Мај. Како заедница вие оставате големи треаги во градењето на македонската држава и сте значаен дел од нашето мултикултурно општество со свои карактеристични обичаи и традиции. Вие сте лојални граѓани на својата татковина и секогаш работите и творите за нејзините интереси и сте нераскинлива нишка од македонската нација. Ова е значен ден за Вас. На овој датум со посебен декрет во 1905г....

Продолжи со читање