Skip to main content

Автор: инфодеск

Утре Света Архиерејска Литургија на Плаошник со која ќе чиноначалствува Архиепископот г.г Стефан

Views: 64 По повод празнувањето на Светите Сесловенски просветители и учители Кирил и Методиј, утре во манастирот Свети Климент и Пантелејмон – Плаошник, ќе се служи Света Архиерејска Литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, информираат од Дебарско-кичевската епархија.Утрената богослужба е со почеток во 07:30 часот, додека литургијата во 8:45 часот.

Продолжи со читање

Денес дебата „Црвен картон за врсничкото насилство“

Views: 55 Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид и општинскиот совет за превенција на детско престапништво при општина Охрид, денес во 12.30 часот, организираат дебата „Црвен картон за врсничкото насилство“.-Предавач на тема „ЕМПАТИПЛУС-СР нов модел за превенција на врсничкото насилство“, ќе биде  академикот Љупчо Кеверески а учесници ќе бидат полициски службеници од отсекот за превенција и инспектори за малолетничка деликвенција при СВР Охрид и ОВР Струга, од општинскиот совет за превенција на детско престапништво, од секторите за образование од општините Охрид и...

Продолжи со читање

Црвен крст денес организира работилница за знаковен јазик

Views: 62 Група 5 ЦКА-ПХВ младинци кои работат на социјален проект заедно со Здружение за Глуви и Наглуви лица – Охрид, денес, со почеток во 13:00ч организираат работилница за знаковен јазик.–Присутните на предавањето ќе имаат можност да ги стекнат основните вештини за комуникација преку знаковен јазик, да се подигне свеста за важноста на инклузивната комуникација и да се поттикне почит и разбирање кон глувите и наглувите лица во заедницата, велат во соопштението од Црвен крст Охрид.

Продолжи со читање

Светиот апостол Симон Зилот

Views: 84 Еден од дванаесетте (големи) апостоли. Беше родум од Кана Галилејска. На свадба му дојде Господ Исус со мајка му и со учениците. Кога снема вино, Господ претвори вода во вино. Кога го виде ова, младоженецот ги остави домот, родителите и невестата, па тргна по Христа. Зилот значи Ревнител. А Симон е наречен ревнител заради неговата голема и огнена ревност кон Спасителот и кон Неговото Евангелие. Кога Го прими Светиот Дух, Симон отиде да го проповеда Евангелието во Мавританија во Африка. Откако успеа мнозина да ги обрати во верата Христова, беше мачен и најпосле распнат на крст...

Продолжи со читање

Сончево и топло со мала до умерена облачност и температури до 24 степени Целзиусови

Views: 68 Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.Температурите во Охрид денес ќе бидат во интервал од 11 до 24 степени Целзиусови.Под влијание на влажен бран наредните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m2), проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер (над 70 km/h). Од вторник ќе има стабилизирање на времето и пораст на дневната температура.

Продолжи со читање

Научна трибина во чест на Кирил и Методиј

Views: 56 Градоначалникот Кирил Пецаков се обрати на научната трибина „Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Охрид и Преспа“ што претпладнево започна во Охрид.Пред присутните во Конгресниот центар градоначалникот Пецаков рече:– Го изразувам задоволството да Ви се обратам  на  трибината „Кирилoметодиевското културното наследство во регионот на Охрид и Пресна“, во организација на  Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Станува збор за  значаен дел од Програмата на Генералната асамблеа...

Продолжи со читање

Охрид домаќин на 8. Меѓународен хорски фестивал

Views: 113 Охрид е домаќин на 8. Меѓународен хорски фестивал кој се одржува од 20-ти до 25-ти мај 2025 година во организација на ТSM – TURKISH MUSIC CHOIRS FESTIVAL од Анкара, Турција. Во рамки на фестивалската програма, утре на 23-ти мај 2025 година со почеток во 19:30 часот ќе се одржи голем хорски концерт на сцената на Античкиот театар. Концертот е бесплатен и е дел од програмата за чествување на Денот на Сесловенските просветители  Свети Кирил и Методиј. На концертот ќе настапат седум хорски ансамбли од Турција и охридскиот градски хор Vox Lichnidos.  Фестивалот на турски...

Продолжи со читање

Оглас за поставување на урбана опрема за продажба – типизирани тезги за сувенири

Views: 96 Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2025 год. бр. 08 – 15415/55 од 25.12.2024 год., Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) во општина Охрид бр. 08 – 15415/56 од 25.12.2024 година, Извод бр.19-5940/2 од 14.04.2025г. од Општина Охрид, Одлука бр.02-212/4 од 30.04.2025 год. од Управен одбор на ЈП Градски пазар, Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид објавува:ОГЛАС бр. 3/2025ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ЗА ПРОДАЖБА-...

Продолжи со читање