Автор: инфодеск
Views: 134 Славчо Мургоски и Андреа Савиќ, ученици во ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“, изработија и програмираа машина, подвижна лента со сензори кои детектираат боја. Машината ја составија во рок од 4 часа на меѓународниот натпревар за електротехника, инженерство и мехатроника Балкан јуниор, кој се одржа неодамна во Словенија и за што освоија прво место. Денеска проектната задача која им донесе злато во конкуренција од ученици од технички училишта од 7 држави ја презентираа пред идните средношколци на Отворениот ден на училиштето.„Прво можам да кажам дека ми е многу мило што се...
Во недела во Струга ќе биде промовирана книгата „Светило на врв планина“
Views: 90 Во Струга ќе биде промовирана илустрирана книга за деца Светило на врв планина – првото илустрирано житие Света Спаса Вишенска, адаптирано за најмладите. Авторка на текстот е Јасмина Кантарџиева Димков, а илустрациите се дело на уметницата Викторија Попоска. Изданието содржи седум тематски поглавја, секое придружено со визуелни изрази кои ја оживуваат приказната за младите читатели.Според уредникот на изданието, протереј отец Александар Димоски, идејата за создавање на ова дело произлегла токму од желбата житието на Света Спаса Вишенска да биде претставено на начин...
Утре акција за заловување кучиња скитници во Вевчани
Views: 105 Во текот на утрешниот ден, 23ти мај, петок, предвидена е акција за заловување кучиња скитници и нерегистрирани кучиња на териоторијата на општина Вевчани, заради понатамошен стручен третман, информира градоначалникот на Вевчани Спасе Кочовски.Градоначалникот апелира до сопствениците соодветно да ги згрижат своите миленичиња, бидејќи при реализирање на минатата акција, биле заловени и домашни кучиња, кои во моментот на спроведување на акцијата биле затекнати на улиците.
Струшко возило излетало од коловозот кај „Инекс“
Views: 86 На 21.05.2025 околу 23.55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локалниот пат кој минува низ туристичкиот комплекс Инекс во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 24 годишно лице од селото Луково, струшко, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата 32 годишна сопатничка од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.
Денес повторно без вода корисниците од „1ва Македонска Ударна Бригада” и дел од „Марко Цепенков”
Views: 79 Од ЈП Водовод информираат дека поради интервенција на водоводната мрежа денес од 10:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата “1ва Македонска Ударна Бригада” и на дел од улицата “Марко Цепенков”.
Свикана 57. седница на Советот на Општина Охрид
Views: 56 Свикана е 57. седница на Советот на Општина Охрид на ден 28.05.2025 година (среда) со почеток во 09:00 часот која ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата е предложен следниот дневен ред:Усвојување на Записникот од 56-та седницаПредлог-одлука за усвојување на извештајот за работењето на ЈП „Водовод“ Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за работењето на ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот од работењето и...
Црвен крст Охрид ги објави термините за обука по прва помош за пловни објекти
Views: 101 Црвен крст Охрид ги објави термините за обука по прва помош за пловни објекти, која ќе се одржува во нивните простории.Обуката по прва помош е задолжителен дел од процесот за добивање дозвола за управување со пловни објекти, согласно важечките законски регулативи.– Место на одржување: Простории на Црвен крст Охрид на улица Димитар Влахов бр.52– За повеќе информации и пријавување, контактирајте нѐ на:Тел: 046 261 909; 070 315 309Е-пошта: ohrid@redcross.org.mk
Силен земјотрес ги погоди грчките острови Крит и Санторини
Views: 95 Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала изутринава ги погоди грчките острови Крит и Санторини во 6:19 часот наутро по локално време. Епицентарот бил на длабочина од 68 километри, околу 82 километри североисточно од главниот град на Крит, Хераклион. Од крајот на јануари, околу Санторини и соседните острови се регистрирани илјадници земјотреси. До сега нема информации за повредени или материјална штета, но европските власти издадоа предупредување за можно цунами за делови од Грција, Турција, Италија, Франција и Португалија.








