Skip to main content

Автор: инфодеск

Професионалниот хор „Про Арс“ ја затвора музичката програма на Охридско лето

Post Views: 413 Музичката програма на годинешното 63-то издание на фестивалот „Охридско лето“ се затвора вечерва со целовечерен концерт на професионалниот мешан хор „Про Арс“ што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот, под диригентската палка на Сашо Татарчевски.Професионалниот мешан хор „Про Арс“ е формиран 2011 година од диригентот Татарчевски по повеќегодишно делување во сферата на хорската уметност и анализа која укажа на недостаток од еден ваков ансамбл, кој професионално и пред сѐ квалитетно ќе одговори на потребите на музичката сцена во...

Продолжи со читање

Во среда доделување на дипломите на матурантите од ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“

Post Views: 527 Во среда (23.08) ќе се одржи свечено доделување на дипломите на матурантите од генерацијата 2022/2023 од ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ – Охрид.Свеченоста ќе се одржи на спортскиот центар во дворот на училиштето со почеток во 20 часот.Од ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ им ја честитаат матурата на своите ученици и им посакуваат успешна и светла иднина.

Продолжи со читање

Преображение на Господ Исус Христос

Post Views: 438 Православните верници денеска го слават празникот посветен на Преображение Господово, меѓу народот познат како летно Богојавление.Празникот е посветен на споменот на настанот на Христовото преображение на гората Тавор кога го објави своето страдање.Според евангелијата, во третата година од својата земна служба, Исус ги одвел своите ученици Петар, Јаков и Јован во Тавор и се појавил пред нив преобразен „со лице светло како сонце и облека светла како снег“.-И лицeтo Нeгoвo свeтна какo сoнцe, а алиштата Му станаа бeли какo свeтлина. И eтe, им сe...

Продолжи со читање

Сончево со умерена облачност и температура до 31 степен

Post Views: 282 Во Охрид денеска сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за краткотрајна нестабилност проследена со слаб дожд. Максималната дневна температура до 31 степен.Времето во следните денови во Македонија: Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер, а наместа ќе има услови за слаб дожд. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и многу топло.

Продолжи со читање

Дојди и раскажи ја твојата приказна #ОставиTрага во Охрид

Post Views: 282 Утре, 19-ти август, на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 19:00 часот ќе се одржи мултимедијалниот настан „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“.Ќе се реализира дебата на тема „Еднаква. Своја. Успешна!“, на која учество ќе земат министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, министерката за одбрана Славјанка Петровска, првата дама на Република Македонија, сопругата на македонскиот претседател проф. Елизабета Ѓоргиевска, Марија Андреева, проектнa раководителка во рамки на канцеларијата на...

Продолжи со читање

Утре започнува првиот „Ohrid water festival”

Post Views: 250 Промоција на Охрид, спортовите на вода и заштита на животната средина е целта на првиот Фестивал на водени спортови „Ohrid water festival” кој од утре до 27 август ќе се одржи во Охрид. Фестивалот ќе понуди богата спортска и социјално-едукативна програма, која вклучува низа интересни и забавни содржини кои ќе го привлечат вниманието на публиката.Во рамки на спортскиот дел предвидени се 17 настани, меѓу кои и Охридскиот пливачки маратон кој ќе се одржи на 26 август. Две третини од спортовите на фестивалот се олимписки дисциплини. Во рамки на...

Продолжи со читање

Прва генерација регрути на АРМ во охридската касарна во далечната 1992

Post Views: 764 Mладински Центар Охрид во соработка со Здружението на ветерани од одбраната и безбедност Охрид, организирашe трибина повод денот на АРМ -18ти Август.На трибината говореа Генерал Филип Котели, за формирањето на АРМ, Пол. Павле Момировски- за, Формирање на шестата пешадиска бригада Охрид, Пор. Наумче Милошески – Обезбедување на државната граница преземање на караулата и формирање гранични единици, Пол. Кемо Ѓозо – Интегрирање на припадниците на ЈНА во АРМ, Пол. Добре Вељаноски – Формирање на првата единица во Касарна Охрид. Присутните ја посетија и Спомен...

Продолжи со читање

Македонскиот јазик не е ничиј дијалект, тој е засебен јазик кој сме должни да го чуваме

Post Views: 284 Македонскиот јазик  не е ничиј дијалект, тој е засебен идентичен јазик и не може да биде прашање, порачаа експертите на семинарот по македонски јазик, што се одржува во Охрид. Ние сме должни да го чуваме нашиот јазик затоа што тој е нашиот идентитет и  аманет од нашите предци и културни дејци, велат македонистите.Неспорен факт е дека има негирања и напади, но клучно е дека и странските македонисти и слависти ја потврдуваат вистината. Токму затоа денес македонскиот збор се слуша на сите континетни, вели научната фела.„Има толку многу докази дека не е...

Продолжи со читање

На Славеј планина одбележни 80 години од формирањето на Баталјонот „Мирче Ацев“

Post Views: 471 Денес, на Славеј Планина, во Дебрца се одбележаа 80 години од формирањето на првата организирана воена формација, Баталјонот „Мирче Ацев“, ( 18 Август 1943 година ), ден кој се слави како празник на Армијата на Република Македонија.Во таа чест, делегации на Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ и граѓани продолжувачи од Охрид и Дебрца, Општина Дебрца и АРМ се поклонаа и положија свежо цвеќе пред Споменикот, на местото каде е формиран Баталјонот.За значењето на историскиот настан зборуваше Претседателот на СБ од НОАВМ за Охрид и...

Продолжи со читање

ХОТАМ: Наместо во згради потребни се инвестиции во хотели

Post Views: 491 Наместо станбени објекти со викенд станови и апартмани на брегот на Охридското Езеро потребно е да се инвестира во хотелски капацитети, предлага Хотелската асоцијација.  Според слободните проценки во Охрид и Струга има околу 40 000 викенд станови, кои поголемиот дел од годината зјаат празни.  Во лето преполни со туристи  се издаваат и реиздаваат, создаваат сива економија во туризмот.Според Хотам наспроти урбанистички, потребна е стратегија за туристички развој.„Немаме чист и јасен зкаон, нема туристичка полиција, многу работи не недостигаат во...

Продолжи со читање

ФК Струга ќе игра против Бреидаблик во Струмица за влез во групната фаза од Конференциската лига

Post Views: 423 Струга Трим Лум избори место во плеј-офот во Лигата на Конференции. Противник на Струга Трим Лум за историски пласман во групната фаза од Конференциската лига е исландски Бреидаблик, што беше веќе познато.Според ждрепката, Струга ТЛ треба да биде домаќин на првиот меч, на 24-ти август во Струмица на стадионот „Благој Истатов“. Реваншот ќе биде за седум дена (31 август) во Рејкјавик, Исланд. Подобриот од овој двомеч ќе се пласира во групната фаза во Лигата на Конференции.Струга Трим Лум обезбеди пласман во плеј-оф за групна фаза во Конференциската...

Продолжи со читање

Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведено едно лице

Post Views: 332 На 17.08.2023 во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го привеле Т.А.(28) од Велес, со привремен престој во Охрид.„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.„ – информираат од МВР.

Продолжи со читање