Skip to main content

Автор: инфодеск

Пренос на моштите на свети Николај, Чудотворец Мирликиски

Views: 112 Во времето на царот Алексеј Комнен и патријархот Никола Граматик, во 1087 година телото на овој светител беше пренесено од Мира Ликиска во градот Бари во Италија. Тоа се случи заради нападите на муслиманите на Ликија. Светителот му се јави во сон на некој чесен свештеник во Бари и му заповеда неговите мошти да се пренесат во тој град. Во она време градот Бари беше православен и под православен патријарх. При преносот на моштите на светителот се случија многу чуда, како од допирот на моштите така и од мирото коешто изобилно се излеваше од нив. На овој ден уште се споменува и...

Продолжи со читање

Денес и утре нестабилно време со локален дожд и грмежи

Views: 60 Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.Денес и утре ќе има изолирана појава на нестабилност со локален дожд и грмежи. Под влијание на нов влажен бран во деновите од викендот ќе има врнежи од дожд, локално во форма на невреме со пообилен дожд (над 30л/м2), проследен со грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе бидат во опаѓање, информираат од УХМР.Температурите во Охрид денес ќе бидат во интервал од 9 до 23 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Охрид за прв пат го одбележа Светскиот ден за разновидност на културите

Views: 120Со музика, песна и ора на три јазици, македонски албански и турски  во Охрид за првпат се одбележа Светскиот ден за разновидност на културите, за дијалог и развој.Во рамките на проектот „Разликите зближуваат“ учениците од „ОУ Братсво и Единство“ порачаа дека јазикот и традицијата не смеат да бидат препрека за другарување. Различните верувања, обичаи, празници треба да ги зближуваат. Тие се предност, богатство и привилегија.Од општината најавија дека негувањето на мултикултурализмот и промоцијата на различностите ќе прераснат  во традиција.„Денеска сум...

Продолжи со читање

In Memoriam: Почина Силвија Мојсовска, поранешна директорка и наставник по македонски јазик и книжевност во OОУ „Григор Прличев“

Views: 224 Почина Силвија Мојсовска, поранешна директорка во ООУ „Григор Прличев“, која повеќе од 20 години од својот работен век ги помина како наставник по македонски јазик во училиштето „Григор Прличев“.–Силвија својата амбиција и желба за работа ги преточуваше во многу дела кои често ги китеа нашите претстави и програми, дела кои остануваат да сведочат за нејзината оргиналност. Наставниците сведочат за нејзината љубезност, срдечност и трпеливост секогаш да ислуша, но и за нејзината духовитост која беше мотив и ветер во грб на сите. Нашата Силва вечно ќе ја паметиме по...

Продолжи со читање

Лишен од слобода возач од струшко затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Views: 71 На 21.05.2025 во 01.10 часот во с.Јанковец, ресенско, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Ресен го лишија од слобода М.Е.(35) од с.Радолишта, струшко.-При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „ауди” со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,56 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик –...

Продолжи со читање

Прекин вода

Поради интервенција без вода корисниците од „Димитар Влахов“ и „Мите Богоески”

Views: 127 Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 10:30 до 11:30 часот , без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Димитар Влахов“ и „Мите Богоески”, информираат од ЈП Водовод.

Продолжи со читање

Во петок акција кабаст и зелен отпад во населба Бараки

Views: 77Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 23.05.2025 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) и зелен отпад (зелен отпад од уредување на дворни површини и градини) од У.З.12 „Гоце Делчев” (населба Бараки).–Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 23.05.2025 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00...

Продолжи со читање

Денес ќе се одржи матурската парада

Views: 89 Денес точно напладне на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ матурантите од охридските средни училишта ќе го одиграат танцот „Квадрил“ од Штраусовата опера „Лилјакот”. И годинава за подготовките се погрижи професорката м-р. Катерина Стојаноска. Охридските матуранти истовремено ќе танцуваат со нивните врсници од шеесетина градови од Европа.Инаку, матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа “Уршка” во Љубљана. Танцот „Квадрил” е класичен танц што потекнува од 18. век и се изведува во четири слики:...

Продолжи со читање