Автор: инфодеск
Post Views: 344 Театарската претстава „Нора” во изведба на градскиот театар Љубљана на репертоарот на фестивалот „Охридско лето”. Претставата, која критички го начнува проблемот на патријархално уредениот модел на граѓанско семејство и го артикулира правото на жената да избере ослободување од подреденоста во бракот, е една од најизведуваните дела во светот.Овој пат во режија на македонската режисерка Нела Витошевиќ, една од најистакнатите претставници на помладата генерација македонски театарски творци.„Мислам дека...
Денеска предлогот за пристапување кон измена на Уставот на седница на Собранието
Post Views: 297 Во Собранието денеска треба да почне 123. пленарна седница на која единствена точка на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија. Седницата е закажана за 11 часот.Од владината прес-служба соопштија дека премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на денешната пленарна седница.Според Деловникот, дебатата трае најмногу десет работни дена. Пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на предлагачот во...
80 години од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев” – Ден на АРМ
Post Views: 503 Со пригодна свеченост и полагање цвеќе пред споменикот на Славеј Планина во Општина Дебрца денеска ќе биде одбележана 80-годишнината од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев”, првата регуларна воена единица во Македонија во НОБ по која 18 август е прогласен за Ден на Армијата.Свеченоста е во организација на ОО на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца.Баталјонот „Мирче Ацев” е формиран на 18 август 1943 година и преставува прва легална воена формација за ослободување на Македонија...
Денеска свечено отворање на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура
Post Views: 457 Денеска во 12 часот, во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид, свечено ќе биде отворена 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), којашто ќе трае до 31 август. На Школата, денес пристигнуваат околу 70 семинаристи од 18 држави. Учествуват семинаристи од НР Кина, САД, Република Кореја, Италија, Франција, Грција, Турција, Полска, Словачка, Унгарија, Украина, Романија, Руската Федерација, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија и Чешката Република, што е...
Денеска во Охрид сончево и топло
Post Views: 485 Времето денеска во Охрид сончево и топло со мала до умерена облачност поголема во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. UV=8.Максималната дневна температура ќе се искачи до 32 степени.Под влијание на топла воздушна маса во следните денови во Македонија времето ќе биде многу топло. Дневната температура во најголем дел од земјава ќе надминува 35 степени. Изолирана појава на пороен дожд и грмежи ќе има утре претежно во западните делови во попладневните часови и во сабота од средината на денот. Во недела и понеделник особено...
Гастрономска карта и водич низ вкусовите на Македонија, најнов промотивен материјал од АППТ
Post Views: 493 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот изработи нов репрезентативен промотивен материјал кој ги отсликува убавините и уникатните вкусови од овој регион. Новите трендови во туризмот ставаат акцент на патувањето фокусирано на храна, благосостојба и грижата за себе кога патуваат надвор од дневната рутина. Новите формати на патување како еко-туризам, соло патување, е-туризам, микро-авантури и доживотно патување се појавуваат за да се задоволат сè пофрагментирани и персонализирани потреби.„На наше задоволство, а со силен мотив изработивме гастрономска...
Расчистена дива депонија во касарна
Post Views: 305 Расчистена уште една дива депонија. Несовесни граѓани го злоупотребиле просторот од поранешната касарна каде се ослободиле од отпад од уредување на градини и градежен шут. Екипа на ЈП Охридски Комуналец подигнала од просторот 16м3 отпад.„Денес расчистена дива депонија на просторот од поранешната касарна, каде беше расфрлан кабаст и зелен отпад и градежен шут. Во расчистувањето беа ангажирани два трактори, багер и двајца комунални работници.“ – информираа од ЈП Охридски Комуналец.Од јавното претпријатие постојано апелираат до граѓаните да...
Приведен вевчанец кој со воздушна пушка пукал во кучиња домашни миленици
Post Views: 487 На 16.08.2023 во 20.30 часот во Вевчани, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта лишија од слобода 67 годишен жител на Вевчани.„Тој се сомничи дека околу 18 часот со воздушна пушка пукал кон кучиња домашни миленици, сопственост на жител на Вевчани, кои на улица биле во придружба на сопственикот. Пушката е одземена, а по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.„ – информираат од СВР Охрид.
Кривична пријава за вработен во НП Галичица за уништување записници за сеча на дрва
Post Views: 453 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63 годишен жител од Охрид поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги” и „несовесно работење во службата”.„Тој, од 2020 година во својство на службено лице- вработен во Националниот парк „Галичица”, не изготвувал или уништувал записници за сеча на дрвна маса во месноста „Јадера”, атар на селото Трпејца, вршел наплата на дрвна маса во готово и на граѓани им изготвувал фалсификувана документација.“ – информира портпаролот на СВР...
Во Охрид КОНСТАТИРАНА бучава над дозволеното во угостителски објект
Post Views: 380 На 16.08.2023 во 22.57 часот во СВР Охрид, пријавено е дека во угостителски објект на кеј „Македонија” во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со гласна музика.„Од извршената контрола и мерење со фонометар за мерење бучавост, констатирана е јачина на бучава од 39,3 децибели, што е над дозволената вредност од 35 децибели. По целосно документирање на настанот, против правното и одговорното лице ќе бидат поднесени соодветни пријави.“ – информира портпаролот на СВР Охрид.
Поради опасен пестицид загрозен извозот на овошје и зеленчук од Србија
Post Views: 475 По канцерогениот чипс, Европската комисија предупреди за српски праски со опасен пестицид. Информацијата дека праските од Србија наменети за извоз во Хрватска содржат високо ниво на пестицидот хлорпирифос е објавена на веб-страницата на Европската комисија (ЕК) за брзо предупредување за храна и добиточна храна.Ова е десетти контингент стоки од Србија што се враќа од граница од почетокот на годинава, пишува порталот Нова. Од почетокот на годинава граничната контрола утврдила дека 10 српски производи се потенцијално опасни, а минатата година (2022) во 11 од...
Од 1-ви септември поскапуваат дел од поштенските услуги во меѓународниот сообраќај
Post Views: 406 Од први септември се воведуваат нови цени на поштенските услуги во меѓународниот поштенски сообраќај. Новите цени во опфатот на универзалната услуга кои ги одобри Агенцијата за пошти се однесуваат за писмата, поштенските картички, печатените работи и малите пакети.За поштенските услуги во меѓународниот поштенски сообраќај за писмо, поштенска картичка, печатени работи и мал пакет во меѓународниот поштенски сообраќај по тежински стапки и по зони се одобруваат следните цени за основни, посебни, дополнителни и други услуги:Новиот ценовник во...