Автор: инфодеск
Post Views: 259 Во просториите на Касарна Хаб во Охрид синоќа беше отворена изложбата на победничките фотографии од глобалниот конкурс „Вода=живот“ организиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија.Изложбата е дел од програмата за одбележување на триесетгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Холандија.Фотографијата на македонскиот фотограф Томислав Георгиев, на која е прикажан човек кој ги чисти водите на реката Црни Дрим, ја доби главната награда во конкуренција на 147 фотографи од целиот свет.„За мене...
Трибина по повод Денот на АРМ ќе се одржи вечерва во Младински Центар Охрид
Post Views: 312 Младински Центар Охрид во соработка со Здружението на ветерани од одбраната и безбедност Охрид, организира трибина повод денот на АРМ -18ти Август. Трибината ќе се одржи на 17 август 2023 година, од 18:00 часот во Младински Центар Охрид (Conference room). Присутни ќе бидат дел од ветераните на АРМ, млади лица и претставници од институциите. На трибината ќе говорат Генерал Филип Котели ( Формирање на АРМ), Пол. Павле Момировски- Формирање на шестата пешадиска бригада Охрид, Пор. Наумче Милошески...
Сончево и топло со температура до 32 степени
Post Views: 243 Времето денеска во Охрид сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. UV=8.Максималната дневна температура во пораст и ќе се искачи до 32 степени.Под влијание на топла воздушна маса во следните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно и многу топло. Дневната температура во најголем дел од земјава ќе надминува 35 степени.
17 спортски настани на вода во рамки на првото издание на Ohrid Water Festival
Post Views: 366 Од 19-ти до 27-ми август Охрид ќе биде домаќин на 17 спортски настани на вода во рамки на првото издание на Ohrid Water Festival.– Во сабота на 19-ти август на базенот „Атина Бојаџи“ ќе се одржи „ОВФ Пливачки митинг“ во организација на ПК „Акваспирит“ Охрид. Истиот ден во претпладневните часови на Охридското Езеро ќе се одржи „Меѓународна охридска веслачка регата“ во организација на Веслачкиот клуб „Горица Ремо“.– На 20-ти август во недела предвидени се два настани: „ICF 23 Трета Меѓународна Илинденска регата во кајак и кану на мирни води-Охрид...
Пронајдена артилериска граната во двор на куќа во струшко Вишни
Post Views: 407 На 14.08.2023 во 17.20 часот во ОВР Струга било пријавено дека во двор од куќа во струшкото село Вишни била пронајдена граната.„Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за артилериска граната од Првата или Втората светска војна, калибар 75 милиметри. По преземени мерки, гранатата била безбедно подигната од овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка.“ – информираат од СВР охрид.
Продолжува грдата пракса на несоодветно депонирање кабаст и зелен отпад
Post Views: 250 Екипите на ЈП Охридски Комуналец на терен секојдневно се справуваат со несоодветно депониран кабаст и зелен отпад.„Сликите со кои секојдневно сме соочени на секој чекор, во секоја урбана заедница и приградска населба, претставуваат проблем во реализирање на нашите редовни активности.“ – велат од јавното претпријатие.Граѓаните се ослободуваат од непотребната покуќнина и зелен отпад, депонирајќи ги насекаде, притоа нагрдувајќи ги јавните површини со што се создава хаотична слика во околината.Екипите на комуналното претпријатие деновиве...
МВР ги прашува граѓаните колку се задоволни од услугите
Post Views: 298 Министерството за внатрешни работи објави анкета со која сака да го провери задоволство од користење на услугите на МВР.-Во насока на подобрување на квалитетот на услугите во Министерството за внатрешни работи Ве известуваме дека на следниот линк е поставен анкетен прашалник преку кој може да го изразите Вашето задоволство од користењето на Одделот за граѓански работи.- стои во објавата на МВР.Анкетата може да ја најдете ТУКА.
Концерт за пијано со Мимоза Ќека
Post Views: 356 Реномираната македонска пијанистка Мимоза Ќека вечерва ќе одржи целовечерен концерт на музичкиот репертоар на фестивалот „Охридско лето“. Во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот, ќе изведе дела од Бетовен, Јаначек, Шопен и Лист.Пијанистката Ќека на 26-годишна возраст се стекнува со титулата доктор по музичка уметност при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје под менторство на проф. Тодор Светиев и проф. д-р Димитрије Бужаровски. Врз нејзиниот професионален и уметнички развој силно влијаaт повеќемина исклучителни уметници вклучително...
Академскиот сликар Славко Упевче го чува Охрид од заборав
Post Views: 745 Славко Упевче верен чувар на минатото на Охрид. Со делата создадени од крајот на шеесетите години од минатиот век до денес, Упевче го чува градот од заборав. На неговите слики е претставена божествената убавина на Охридскиот регион, природата, културно историските споменици, пејсажите и визурите, кои како одминува времето се повеќе исчезнуваат.Старите автентични куќи, живописни улички, кои за жал остануваат само на платно. Целта на Упевче е да го сочува Охрид за идните генерации да може да го доживеат, барем...
Намален водостојот на Охридско Езеро за еден сантиметар
Post Views: 333 За еден сантиметар е намален водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).И покрај тоа, само водостојот на Охридското Езеро е за еден сантиметар повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината, додека нивоата на Дојранското и на Преспанското Езеро се пониски од просекот за август и тоа за 1,24 метри кај Дојранското и за 1,83 метри кај Преспанското Езеро.За разлика од езерата, водостоите...
Денеска започнува 51 издание на Струшкиот ракометен турнир
Post Views: 443 Со пресметка помеѓу домаќинот Струга и повеќекратниот освојувач на пехарот Вардар денеска започнува 51-виот по ред Меѓународен турнир во ракомет во Струга. Големиот спортски спектакл од 16 до 19 август ќе се одржи на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“.На првиот ден ќе се сретнат и екипите на Алкалоид и Динамо Панчево. Утре ќе се одиграат дуелите меѓу АЕК Атина од Грција и Динамо Панчево од Србија, како и Ескилстуна Гуиф од Шведска и Струга. Вo петок се натпреварите меѓу екипите на Вардар и Гуиф и екипите на Алкалоид и АЕК Атина.Сите кои не се во...
Странски македонисти од 18 држави доаѓаат во Охрид на 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ
Post Views: 373 Околу 70 странски македонисти и слависти од 18 држави, утре доаѓаат во Охрид – на 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). Значајно е што Школата ќе се одржи со семинаристи од речиси сите страни на светот, при што нивниот број е најголем последниве години. За Школата која ќе трае до крајот на август, предвидена е програма која покрај лекторската настава и предавања, вклучува и низа настани кои имаат за цел на странските македонисти да им овозможат...