Skip to main content

Автор: инфодеск

39 земјоделци и граѓани од Општина Дебрца во организирана посета на 92-от Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2025”

Views: 75 Викендов, 39 земјоделци и граѓани од општина Дебрца, меѓу кои и градоначалникот на општината по четврти пат беа во организирана посета на 92-от Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2025”, најголемиот саемски настан во Србија и еден од најголемите во Европа во областа на земјоделството.Од Општина Дебрца информираат дека општината ги покри трошоците за автобускиот превоз, а останатите трошоци беа на товар на учесниците,а кое нешто е во согласност со мерката дефинирана со Годишната програма за локален економски развој на општина Дебрца, учество на саеми, што подразбира...

Продолжи со читање

ден на пожарникарите

Со дефиле по охридските улици денес ТППЕ Охрид ќе го одбележи Денот на пожарникарите

Views: 53 Со дефиле низ градот со противпожарни возила и презентација на противпожарна опрема, ТППЕ Охрид денес ќе го одбележи 20.мај – Денот на пожарникарите.Дефилето ќе биде од 11:00 часот, а од 11:30 часот во дворот на единицата ќе се одржи презентација на противпожарна опрема. 

Продолжи со читање

Спомен на јавувањето на небо на Крстот Господен во Јерусалим

Views: 73 Во времето на царот Констанс, синот на свети Константин, кога беше патријарх Кирил Ерусалимски, во девет часот наутро, над Голгота се појави Чесниот Крст и се простираше до небото над Елеонската Гора. Тој Крст беше посветол од сонцето и поубав од најубавото виножито. Сиот народ, и верните и неверните, ги оставија своите работи и во страв и со восхит гледаа во небесниот знак. Мнозина неверници се обратија во верата Христова, а исто така и многумина еретици-аријанци ја оставија својата злобна ерес и се вратија во Православието. За овој знак, патријархот Кирил му пиша на царот...

Продолжи со читање

Сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер од западен и северозападен правец

Views: 52 Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.Во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 6 до 21 степен Целзиусов.Од УХМР информираат дека од утре следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. До петок дневните температури ќе бидат во пораст, а за време на викендот ќе опаднат за неколку...

Продолжи со читање

a man pumping gas into his car at a gas station

Драстично поскапување на дизелот од вечерва

Views: 76  Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 2,00 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 0,50, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 4,00 денари по литар.Од полноќ на станиците за полнење ќе важат следните цени:ЕУРОСУПЕР БС-95            75,50 ден/лит,ЕУРОСУПЕР БС-98            77,50 ден/лит,ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)        67,00 ден/лит.

Продолжи со читање

Доброволното противпожарно друштво Ентузијаст од Охрид доби донација возило

Views: 119 Ентизијаст доби донација возило. Во пресрет на летото, кога се зголемува опасноста од појава на пожари на отворен простор, а со цел да не се повтори состојбата од лани, со големите  пожари кои беснееа во НП Галичица и на Илинска планина, во охридскиот регион силно се работи на превенција. Викендов,  доброволното противпожарно друштво Ентузијаст од Охрид, доби донација, возило од Австрија. Градоначалникот Пецаков вели, оваа сезона се поподготвени за делување од лани.– Поподготвени дефинитивно, меѓутоа за такви пожари сепак е најбитно теренското...

Продолжи со читање

Охридските државни шампиони во ракомет на средба со градоначалникот Пецаков

Views: 148 Градоначалникот Кирил Пецаков претпладнево ги прими ракометните шампиони на ГРК Охрид од пионерската лига кои синоќа во Битола понесоа убедлива победа пред нивните врсници од Еурофарм Пелистер 2. Претходно во полуфиналето, охридските ракометни надежи беа подобри од врсниците од  РК „Вардар“.Првиот човек на градов го изрази своето огромно задоволство и гордост за постигнатиот успех. Им се заблагодари на ракометните надежи за прекрасната игра и убедливиот триумф и посочи дека  и во иднина локалната самоуправа ќе го поддржува овој ракометен...

Продолжи со читање

Посета и можност за идна соработка меѓу библиотеките од Охрид и Корча

Views: 73 Во рамките на Програмските активности во делот на меѓународната соработка деновиве  вработени во НУ Библиотека „Григор Прличев“  предводени од в.д. директорката на установата Христина Трпеска беа во еднодневна студиска посета на Јавната библиотека „Тими Митко“ од Корча, Албанија.Библиотеката „Тими Митко“ во Корча е основана пред 104 години и има значајна улога во зачувувањето на албанската културна и научна традиција. Во својата историја долга еден век таа функционирала на повеќе локации низ градот, но секогаш била дом на книгата и средиште и двигател на културниот живот...

Продолжи со читање