Skip to main content

Автор: инфодеск

Денеска во Вевчани започнува 13-тиот Фестивал на народна култура ,,Пображење”

Post Views: 309 Денеска во Вевчани започнува 13-тиот по ред Фестивал на народна култура ,,Пображење” со програмската содржина ,,Народната култура во Вевчани инспирација за младите ликовни уметници” при  што во текот на целиот ден на различни локации низ Вевчани ќе творат децата на детското ликовно студио ,,Св.Кирил и Методиј” од Битола, а вечер во дворот на МКЦ во Вевчани ќе бидат изложени нивните дела за посетители.Веднаш по изложбата започнува Ревијата на народни носии насловена ,,Моштенки” на авторот Филип Јаковлески од Битола на која ќе бидат презентирани носии, песни и...

Продолжи со читање

Сончево време со температура до 29 степени

Post Views: 234 Времето денеска сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. UV=8.Максималната температура до 29 степени.Под влијание на топла воздушна маса во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура, која од четврток до недела во најголем дел од земјава ќе надминува 35 степени.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Богата социјално-едукативна програма на Ohrid Water Festival

Post Views: 369 Во рамки на првото издание на големата промотивно спортска манифестација Ohrid Water Festival покрај 17-те спортски настани, предвидена е богата социјално-едукативна програма која вклучува низа интересни и забавни содржини кои ќе го привлечат вниманието на публиката.Забавниот дел на фестивалот ќе стартува на 21-ви август (понеделник) со Концерт на поп пејачот Ѓоко Танески.На 22-ри август (вторник) ќе биде организирана Изложба „Флора и фауна од Охридско езеро“ и „Потонато културно историско богатство“, а за музичкиот дел од вечерта ќе се погрижи ДЏ...

Продолжи со читање

Јавна анкета и презентација за предлог ДУП за УЗ11, УБ11.5, Општина Охрид период 2020-25

Post Views: 642 Општина Охрид информира за организирање јавна анкета и јавна презентација за Предлог ДУП за УЗ 11,УБ11.5, општина Охрид, плански период 2020-2025, со тех. бр. 10/19 од ноември 2022 год., ДПГ „Снегар Компани“ дооел Охрид.Планскиот опфат на Предлог ДУП за УЗ 11, УБ 11.5, општина Охрид, е со површина од 9.55 ха и неговата местоположба е дефинирана во границите на:на север опфатот започнува со пресекот помеѓу улиците Се 15.1ул. Мирка Гинова и Магистралната улица М3′ крак Бејбунар(источна транзитна)кон југо – исток по границата на водниот тек...

Продолжи со читање

Градоначалникот Пецаков им посака успех на таеквондистите на светското првенство

Post Views: 386 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска ги прими членовите на Македонската Традиционална Таеквондо Федерација (Таеквондо ИТФ) кои ќе учествуваат на Светското Таеквондо ИТФ првенство што ќе се одржи во Астана–Казахстан од 18-ти до 26-ти август годинава.На охридските репрезентативци Зоран Парулески, Христијана Парулеска, Давид Крстески и Елена Јанеска, под водство на Марјанчо Лазаревски, градоначалникот Пецаков им посака успешно претставување и постигнување на добри резултати. Гостите истакнаа дека очекуваат солидни резултати по интензивните подготовки кои ги...

Продолжи со читање

Трибина по повод Денот на АРМ ќе се одржи на 17-ти август во Младински Центар Охрид

Post Views: 382   Младински Центар Охрид во соработка со Здружението на ветерани од одбраната и безбедност Охрид, организира трибина повод денот на АРМ -18ти Август.  Трибината ќе се одржи на 17 август 2023 година, од 18:00 часот во Младински Центар Охрид (Conference room).  Присутни ќе бидат дел од ветераните на АРМ, млади лица и претставници од институциите.  На трибината ќе говорат Генерал Филип Котели ( Формирање на АРМ), Пол. Павле Момировски- Формирање на шестата пешадиска бригада Охрид, Пор. Наумче Милошески – Обезбедување на државната граница (...

Продолжи со читање

Технолошки камп во Охрид за справување со дезинформации преку образованието

Post Views: 404 Во периодот од 16-ти до 19-ти август во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид ќе се одржи TechCamp (Технолошки камп) за справување со дезинформации преку образованието наменет за наставници од сите предметни области во основното образование заинтересирани за инкорпорирање на технологијата и вештините за медиумска писменост во нивната наставна практика. На технолошкиот камп во Охрид ќе учествуваат 40 наставници и осум ментори од САД, Обединетото Кралство, Грузија и Северна Македонија.Кампот се состои од...

Продолжи со читање

Започна седмото издание на „Drim Short Festival” во Струга

Post Views: 327 Под мотото „Неопходна убавина” почнува  седмото издание на фестивалот на краток филм Drim Short Festival во Струга. Оваа година под струшкото небо  ќе бидат прикажани триесет и пет  кратки филмски остварувања од светот.Програмата  ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во натпреварувачки и ревијални  категории, но и специјална програма насловена „MK Special” за промоција на македонскиот филм и младите македонски автори.„Компетитивниот карактер значи дека избираме најдобар филм во секоја...

Продолжи со читање

Стружани да не ја користат за пиење водата од градскиот водовод

Post Views: 755 Повторно проблеми со градскиот водовод во Струга. Од ЈП „Водовод и Канализација“ информираат дека водата не треба да се користи за пиење.„Поради дефект на водоводна мрежа, водата во градот Струга моментално не е за пиење. Работните тимови на претпријатието се на терен за решавање на проблемот.“ – објавија од ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга.Од претпријатието апелираат до граѓаните да не користат вода до следното известување.

Продолжи со читање

Во петок свечено отворање на јубилејното 35-то издание на „Поетска ноќ во Велестово“

Post Views: 269 Bo петок на 18.08.2023 во 21 часот во Велестово свечено ќе биде отворено јубилејното 35-то издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“. На свеченото отворање ќе биде промовирана книгата САМОДИВИ (панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес) проследено со поетско читање.Учесници: Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Лидија Димковска, Снежана Стојчевска, Делвина Крлуку, Љубица Шопова, Сузана Мицева, Павлина Атанасова и Марија Велинова.Ќе следува интернационално поетско читање со учесниците Феликс...

Продолжи со читање

Хаваи

Рајскиот Хаваи пеплосан, 99 мртви, стотици изчезнати

Post Views: 437 Бројот на загинати во шумските пожари на хавајскиот остров Мауи се искачи на 96, што го прави најсмртоносниот во САД во последните 100 години, соопштија властите. Официјалните лица стравуваат дека бројот на жртви ќе продолжи да расте.Неколку дена откако пожарот уништи голем дел од туристичкиот град Лахаина, пожарникарите се уште се борат да го изгаснат пожарот додека кучињата ги пребаруваат урнатините по жртви, објави Гласот на Америка. Стотици луѓе се уште се водат како исчезнати, иако точниот број не е познат.Гувернерот на Хаваи Џош Грин повторно...

Продолжи со читање

Во „Света Софија“ концерт на светскиот виртуоз на уд, Џозеф Тавадрос

Post Views: 303 Водечкиот светски виртуоз на инструментот уд, Џозеф Тавадрос, вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе одржи концерт во рамки на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“. На репертоарот ќе бидат негови авторски композиции.Тавадрос е водечки виртуоз на инструментот уд, композитор и добитник на седум награди „Арија“ кои ги доделуваат претставниците на музичката индустрија во Австралија.Роден е во Каиро, неговата инструментална определба е инструментот уд, еден вид арапска лаута, претходник на лаутата и модерната гитара.Виртуоз во вистинска...

Продолжи со читање