Автор: инфодеск
Post Views: 65 На 08.03.2026 во ОВР Струга е пријавено дека во 09:00 часот на магистралниот пат Подмољје-Струга, кај селото Мислешево, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничките моторни возила „фолксваген голф” со охридски регистарски ознаки, управувано од 20 годишно лице од Охрид и „фиат” со охридски регистарски ознаки, управувано 47 годишна охриѓанка.. При преземање мерки и извршено алкотестирање, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга кај возачот на возило „голф” констатирале 1,57 промили алкохол во...
Бензините поскапуваат зо 5 денари, дизелот за 14.5 денари
Post Views: 62 Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва на полноќ цените на горивата се зголемуваат во просек за 14.27%.Во согласност со методологијата која се користи за пресметување на цените, од вечерва на полноќ значително се зголемуваат малопродажните цени на горивата.Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат по 5.00 денари, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 79.50 денари, додека еден литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 81.50 денари.Енормно е и зголемувањето на цената на дизелот. Од вечерва на полноќ малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ...
Ретки бубрежни болести: Примарна хипероксалурија тип 1
Post Views: 46 Примарна хипероксалурија тип 1 (ПХ1) е најчеста форма на примарна хипероксалурија. Тоа е ретка наследна болест која главно ги зафаќа бубрезите. ПХ1 се јавува кај едно на 120 000 раѓања и се пренесува автосомно рецесивно. Неодамнешните генетски истражуцања во Америка укажуваат дека болеста е многу почеста. Последица е на натрупување на супстанција наречена оксалат, која нормално се филтрира преку бубрезите и се отстранува преку урината. Кај пациентите со ПХ1, акумулираниот оксалат се таложи во бубрезите и уринарниот тракт, се врзува со калциум и формира...
Јавен повик за финансисирање на микропроекти во рамки на Програмата за локален економски развој и туризам на Општина Охрид – 2026
Post Views: 56 Општина Охрид објави Јавен повик за финансиска поддршка на микропроекти во рамки на Програмата за локален економски развој и туризам на Општина Охрид – 2026 година.Предмет на Јавниот повик е доделување финансиска поддршка за реализација на микропроекти од јавен интерес, со цел поттикнување на локален економски развој, унапредување на туристичката понуда, зачувување и промоција на културното и природното наследство, како и подобрување на квалитетот на живот во општината.Максимален износ по проект е 200.000,00 денари. Вкупниот буџет на јавниот повик изнесува...
42 садници го збогатија Холандскиот парк
Post Views: 52 Активистите на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ вчера, на 8 март, реализираа еколошка акција за садење дрвја во Холандскиот парк во Охрид. Акцијата беше насловена “За тебе засадив дрво”, a целта беше одбележување на Меѓународниот ден на жената преку дружење и грижа за природата.Во рамки на акцијата беа засадени вкупно 42 садници, односно нов дрворед и неколку украсни дрвца кои ќе придонесат за раззеленување и уредување на овој дел од градот.Организаторите упатија благодарност до компанијата „Еко Флуид“, која ја поддржа...
Улиците во населба „Бараки“ добиваат нов лик
Post Views: 55 Започнаа активности за целосно уредување на улиците во населбата Бараки во Охрид, со што овој дел од градот треба да добие поуреден и побезбеден изглед.-Посветено работиме на подобрување на инфраструктурата за побезбеден и полесен сообраќај за сите граѓани. Продолжуваме со исто темпо и во наредниот период, вели градоначалникот Пецаков.Акцијата е дел од пошироките напори на локалната самоуправа за подобрување на комуналната инфраструктура и создавање пофункционални улици за граѓаните.
31-ва изложба на жени сликарки во организација на Женски центар ,,Бисера”
Post Views: 84 Во прекрасна и инспиративна атмосфера, во чест на 8 ми Март, Женски центар ,,Бисера” ја одржа својата 31 -ва изложба на жени сликарки, на која беа претставени бројни уметнички дела исполнети со боја, емоција и креативност.На присутните им се обрати претставничка од Општина Охрид, која упати честитки и подршка, со желба и во иднина да се создаваат уште многу обоени платна и успешни уметнички приказни.Манифестацијата беше збогатена со настап на млади таленти од музичкото училиште ,,Методи Патче” од...
„Хваранг Фист“ оствари одличен настап на теквондо турнирот Охрид Опен
Post Views: 110 Теквондо клубот „Хваранг Фист“ оствари одличен настап на теквондо турнирот „Охрид Опен“, кој се одржа викендов во Охрид и воедно беше прв турнир од новата сезона во рамките на Македонската теквондо лига. Турнирот беше во организација на ТК „Хваранг Фист“, под покровителство на Македонската теквондо федерација, Општина Охрид и Министерството за спорт на Република Македонија. На натпреварот учествуваа голем број клубови и натпреварувачи, а младите теквондисти на „Хваранг Фист“ покажаа одлична подготвеност, борбеност и спортски дух.Во машка конкуренција, со...
Наоѓање на главата на Свети Јован Крстител
Post Views: 53 Великиот и славен Крстител Јован беше убиен по желба и наговор на злобната Иродијада, жената на царот Ирод. Откако му ја отсекоа главата, Иродијада нареди да не ја погребуваат заедно со телото, зашто се плашеше дека страшниот Пророк би можел некако да воскресне. Затоа ја зеде неговата глава и ја закопа на едно скриено и бесчесно место длабоко во земјата. Нејзината дворјанка Јоана, жената на Хуза, не можеше да трпи главата на Божјиот човек да остане на она бесчесно место, па тајно ја откопа, ја однесе во Ерусалим и ја закопа на Елеонската Гора. Не знаејќи за сето...
Променливо облачно со сончеви периоди
Post Views: 58 Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.Во Охрид денес температурите ќе бидат во интервал од 2 до 14 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека од утре следува период на претежно стабилно време. Утрата ќе бидат постудени, а преку денот ќе преовладува сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.
Пецаков: 8 Март нека биде потсетник за почитта и благодарноста што жените ја заслужуваат секој ден
Post Views: 55 Нема зборови со кои може да се опише колку е значајна и незаменлива вашата улога во семејството и во општеството, вели во честитката упатена до припадничките од понежниот пол, по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.– Со вашата сила, мудрост, посветеност и љубов, секојдневно го правите светот поубав и посреќен. Вашиот труд и пожртвуваност се препознаваат во сите сфери на животот, а нашата заедница е посилна токму благодарение на вас, вели Пецаков посакувајќи им на сите охриѓанки, почитувани дами,...
12 жени во фокусот – Општина Охрид под мотото „Создадена да создава“ го одбележа 8-ми Март
Post Views: 92 Под мотото „Создадена да создава“, Општина Охрид организираше празнична програма во чест на Меѓународниот ден на жената 8-ми Март.Во рамки програмата во „Арт Тераса“ се одржа изложбата на фотографии „Жени во фокусот“, каде што пригодно обраќање имаше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.-Денес, е многу важно да ја споменеме заштитата на жената и нејзиното достоинство. Нашата заедничка обврска е да градиме средина во која секоја жена ќе се чувствува безбедна, почитувана и ценета. Средина, во која жените ќе имаат простор да ја...
