Skip to main content

Автор: инфодеск

„Охридска новогодишна приказна“: Целодневна забава и богата програма за дочек на Новата година

Post Views: 154 Во рамки на „Охридска новогодишна приказна“, програма што се реализира по повод дочекот на Новата година, денес на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе се одржат повеќе настани наменети за сите генерации.Програмата започнува во 12:30 часот со детската новогодишна театарска претстава „Ракавиците на Дедо Мраз“, во изведба на Детското драмско студио „Ден и ноќ“, која ќе донесе празнична магија за најмладите.Во 14:00 часот следува концертот „Златни 80-ти“, во изведба на учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“, под менторство на проф. Љупчо...

Продолжи со читање

83 години од првата изведба на нашата химна „Денес над Македонија“

Post Views: 166 Текстот на македонската химна е напишан од македонскиот автор Владо Малески во 1942 година, а за првпат била изведена во Струга.Постојат неколку верзии за „Денес над Македонија“.Според една од нив, првичната мелодија е под влијание на народната песна „Надежда болна легнала“, која настанала како адаптација на мелодија што потекнува од некој европски шлагер, за кој се верува дека е донесен на македонските простори за време на Првата светска војна. Според оваа верзија, Владо Малески ја научил песната „Надежда болна легнала“ од својата мајка. Според друго...

Продолжи со читање

Светиот маченик Севастијан и другите со него

Post Views: 149 Овој славен Христов маченик се роди во Италија, а беше воспитан во градот Милано. Во младоста се предаде на војничка служба и изгледа му стана миленик на царот Диоклецијан, којшто го постави за началник на својата дворска гарда. Потајно ја исповедаше христијанската вера и Му се молеше на живиот Бог. Двајцата браќа Марко и Маркелин, коишто беа фрлени во затвор заради Христа и беа веќе на работ да се одречат од Него и да им се поклонат на идолите, Севастијан ги утврди во верата и ги охрабри за мачеништвото. Кога им велеше да не се плашат од смртта за Христа,...

Продолжи со читање

Сончево и многу студено за последниот ден од годината, со силен северен ветер и температури под нулата

Post Views: 105 Денес времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег.Од УХМР информираат дека во четврток и петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се спуштат и под минус 10 степени. Од петок и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе биде во пораст.Денес во Охрид...

Продолжи со читање

Новогодишен концерт на гимназискиот бенд

Post Views: 132 На 31.12.2025 година, со почеток од 14:00 часот, на сцена ТЦ Амам, во рамки на предновогодишната програма на Општина Охрид – „Охридска новогодишна приказна“, настап ќе има гимназискиот бенд при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид.-Публиката ќе има можност да ужива во енергичен музички настап исполнет со најголемите хитови од 80-тите години, изведени од младите и талентирани музичари – ученици на гимназијата. Со овој концерт, гимназискиот бенд ќе придонесе кон празничната атмосфера и ќе внесе младинска енергија и позитивен дух во центарот на градот, велат од...

Продолжи со читање

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 52-годишен скопјанец за нелегален транспорт на теписи и стази

Post Views: 149 СВР Охрид поднесе кривична против 52-годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ по член 278 од Кривичниот законик. На 15.12.2025 во близина на с.Подмољје, општина Дебрца, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи сопреле товарно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, со кое лицето вршел нелегален транспорт на поголема количина теписи и...

Продолжи со читање

Во целосен прекин сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“ поради превртена цистерна на патот

Post Views: 196 Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во моментов во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“ поради превртена цистерна на патот.Сите надлежни служби се излезени на местото на настанот и се преземаат мерки за утврдување на причините за незгодата и за нормализирање на сообраќајот за што соодветно ќе ја известат јавноста.

Продолжи со читање

ООУ “Св. Наум Охридски” од Пештани го одбележа патрониот празник

Post Views: 143 ООУ “Св. Наум Охридски” од Пештани во свечена и празнична атмосфера го одбележа Патрониот празник.На брегот на ова Свето Езеро каде времето се мери со милениуми, испишавме уште една импресивна и инспиративна приказна во чест на нашиот Патрон Свети Наум Охридски Чудотворец, истакна во свеченото слово за просветителот и исцелител Свети Наум, директорката на училиштето, професор Валентина Рубаноска, потенцирајќи дека Свети Наум не бил само учител – бил патеводител, не бил само монах – бил градител и хуманист.Во духот на...

Продолжи со читање

Декемвриската пензија ќе се исплати на 2 јануари 2026 година

Post Views: 213 Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за месец декември 2025 година. За оваа намена се обезбедени средства во вкупен износ од 9.289.521.686,00 денари (девет милијарди 289 милиони 521 илјади 686 денари) за вкупно 340.156 корисници на пензија.–Декемвриската пензија ќе се исплати навремено, на 2 јануари 2026 година, соопштува Фондот на ПИОМ.

Продолжи со читање

Детска претстава, Пајак и рок-забава вечерва во рамки на „Охридска новогодишна приказна“

Post Views: 149 Во рамки на манифестацијата „Охридска новогодишна приказна“, денес, 30-ти декември, Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе биде исполнет со празнична магија, музика и забава за сите генерации.Програмата започнува во 12:30 часот со детската новогодишна театарска претстава „Минионите на Дедо Мраз“, во изведба на Театар „Провокација“, која ќе донесе радост, смеа и празнична атмосфера за најмладите посетители.Вечерната забава продолжува од 19:00 часот со новогодишен настап на македонската тин ѕвезда Христијан Настески – Пајак, кој ќе ги забавува...

Продолжи со читање

Ѓоко Танески, Ефто Пупиноски и Влатко Лозаноски за новогодишниот дочек во Охрид

Post Views: 206 Новогодишната забава по повод свечениот дочек на Новата 2026 година на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во Охрид ќе понуди целодневна музичка програма и забава за сите генерации.Загревањето на атмосферата започнува уште од 15:30 часот со настап на DJ Ace, по што од 20 часот следува музички перформанс на DJ Yuxell, со кој официјално започнува вечерната новогодишна програма.Од 21 часот публиката ќе ја забавува Ѓоко Танески, а од 22:20 часот за веселата празнична атмосфера ќе се погрижи охридската фолк икона Ефто Пупиноски. Круна на вечерта ќе биде...

Продолжи со читање

Утре промена на работното време на библиотеката

Post Views: 148 Од НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид информираат дека пултот за зајмување книги во среда на 31 декември ќе биде отворен од 8:30 до 13:00 часот.Од Библиотеката додаваат дека петок на 2 јануари продолжуваат со стандардното работно време од 8:30 до 18:30 часот.

Продолжи со читање