Автор: инфодеск
Views: 153 Студентските домови во земјава добиваат нов лик. Девет државни студентски домови, шест ресурсни центри и еден ученички дом во Скопје ќе бидат темелно реконструирани, стануваат енергетско ефикасни објекти.Проектот вреден 85,5 милиони евра треба да донесе подобри услови за живот и учење за повеќе од 5.000 студенти и ученици.„Проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови се спроведува во нашата држава и е во вкупна вредност од 85,5 милиони евра. Од нив, 60 милиони евра се обезбедени преку два заеми од германската развојна банка KfW. Дополнително,...
На 18 септември „Охридски староградски средби 2026“
Views: 258 На 18 септември 2026 година, во големата сала на НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржат 38. „Охридски староградски средби 2026“.Манифестацијата претставува значаен придонес кон зачувувањето на традицијата и старите, автентични песни, кои со својата вредност и убавина сведочат за богатата културна ризница на минатите векови.Годинешното издание ќе понуди програмски квалитет кој значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века, со посебен акцент на староградската песна и музичкото наследство.Пред охридската...
Денес од 9 часот прекин во водоснабдувањето во Трпејца и Љубаништа
Views: 172 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:00 часот, без вода ќе бидат корисниците од село Трпејца и село Љубаништа.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.
Светиот маченик Мамант
Views: 123 Родум од Пафлагонија, од Теодот и Руфина, прочуени христијани. Неговите родители беа фрлени во затвор заради Христовото име. Во затворот прво умре татко му, а потоа мајка му, откако го роди, и самата се упокои. Така, значи, остана младенецот во затворот меѓу мртвите тела на своите родители. Но, Промислителот Бог го испрати Својот Ангел кај некоја благородна вдовица Ама, на којашто Ангелот ѝ се јави во сон и ѝ рече да отиде во затворот и да го земе детето кај себе. Ама измоли дозвола од градоначалникот да ги закопа умрените, а детето го зеде во својот дом. Почна да зборува дури...
Утрото сончево, попладне услови за нестабилност
Views: 146 Сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималните температури денес во Охрид од 13, а максималните до 25 степени Целзиусови.
Македонија повторно на Евровизиската сцена по петгодишната пауза
Views: 252 По пет години отсуство од Евровизиската сцена, Македонската радио-телевизија го потврди враќањето на земјава на најголемиот европски музички натпревар, но овојпат најави нов и потранспарентен модел за избор на претставникот и песната.Инаку, 71. издание на Евровизија ќе се одржи во Бургас, Бугарија, каде што македонската делегација ќе ја предводат Јана Бурческа и Александра Јовановска.Директорот на МРТ, Зоран Ристоски, најави промена на досегашната практика за утврдување на македонскиот евровизиски претставник. Според него, јавноста треба навремено да биде информирана...
Расчистени 9 мини депонии во Охрид и приградските населби
Views: 140 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ расчистија 9 локации на кои беа создадени мини-депонии во поширокото градско подрачје од кои две се наоѓале во село Велгошти.Од претпријатието информираат дека, и покрај редовните акции за подигнување кабаст и зелен отпад, како и континуираните апели до граѓаните за правилно депонирање, повторно се регистрирани локации на кои несовесни поединци незаконски го одложувале отпадот.Од ЈП „Охридски Комуналец“ повторно апелираат до граѓаните да не создаваат диви депонии и, доколку имаат потреба од одлагање кабаст или зелен отпад, да...
Поскапуваат бензините, дизелот поевтинува
Views: 184 Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите максимални малопродажни цени на горивата, кои ќе важат од полноќ. Според пресметката на Регулаторната комисија, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 2,86 проценти во однос на претходната одлука. Како причина се наведува растот на референтните цени на горивата на светските пазари.Бензините поскапуваат за по 3,50 денари за литар. Од вечерва на полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по максимална цена од 100,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 102,50 денари за литар. .Цената...









