Skip to main content

Автор: инфодеск

Утре неколку часа без вода ќе бидат жителите на “7ми Ноември” и “Егејска”

Post Views: 197 Од ЈП Водовод Охрид информираат дека утре ќе бидат изведени планирани интервенции на водоводната мрежа.„Поради две одделни поголеми интервенции на водоводната мрежа , на ден 16.08.2023 (Среда) од 08:00 часот , неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: “7ми Ноември” и “Егејска“.„ – известија од јавното претпријатие.

Продолжи со читање

Промоција на “Македонија, Горна Река – Кичиница, историски видувања и записи“ од Драган Попоски-Стојнин

Post Views: 606 Вечерва, во 19 часот, во црквата „Свети Никола“ во Вевчани, во рамките на културната манифестацијата „Вевкул“, ќе биде промовирана монографијата „Македонија, Горна Река – село Кичиница, историски видувања и записи“ од Драган Попоски-Стојнин.Моногафирјата е издание на „Бата прес“ и на промоцијата за неа ќе зборуваат Мишо Китаноски, писател, новинар и публицист, Ефтим Клетников македонски поет, книжевен критичар, есеист и преведувач кој е и рецензент на делото, како и историчарот д-р Павле Митревски, универзитетски професор во пензија.Книгата е...

Продолжи со читање

Промоција на книгата „Од архивите на Македонското литературно друштво Григор Прличев од Сиднеј“

Post Views: 409 Денеска од 19 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана  книгата „Од архивите на Македонското литературно друштво Григор Прличев од Сиднеј“ од авторот Иван Трпоски.Промотор ќе биде д-р Виолета Ачковска а на присутните ќе им се обрати и авторот Трпоски.Инаку Трпоски е роден во  Волино и од 1968 год. живее и твори во Сиднеј, Австралија. Тој е член и долгогодишен библиотекар и архивар во Литературното друштво „Григор Прличев“ од 1979 год., на Училишниот одбор за Нов Јужен Велс од 1980 год., на Друштвото на писателите на Македонија од...

Продолжи со читање

Св Стефан летен

Post Views: 318 Православните верници денеска го слават откривањето и преносот на моштите на Св. првомаченик и архиѓакон Стефан.Бројни верници ја посетуваат единствената црква посветена на овој светител во Охрид.Малата пештерска црква во карпата, постоела и порано, но дури во времето на процутот на уметничката дејност во XV век била живописана. Црквата сега има реконструиран надворешен дел, со нова камбанарија и нови конаци, кои на верниците и туристите им пружаат неповторлив душевен мир и прекрасен поглед на градот Охрид и езерото.На овој ден Црквата се сеќава на...

Продолжи со читање

Денеска променливо облачно време со температура до 28 степени

Post Views: 256 Времето во Охрид денеска ќе биде променливо облачно, со локална нестабилност проследено со краткотраен дожд. UV индексот 8.Максималната дневна температура ќе се искачи до 28 степени.Времето во следните денови во Македонија ќе биде претежно стабилно и топло со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Продолжи со читање

Тренчевска: Минимална пензија од 18 000 е неправедна, а линерано зголемување е неуставно

Post Views: 239 Претставници на пензионерите по денешниот протест во Скопје барањата за линеарно зголемување на пензиите од 3 500 денари на основицата на пензијата и зголемување на минималната пензија на 18 000 денари и ги образлагаа на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Побараа министерката да се заложи за нивните барања и да ги пренесе во владата.Претставниците на пензионерите појаснија дека бараат линерано зголемување од 3.500 денари што ќе влезе во пензијата на сите 336 илјади пензионери во државава, и тоа да не биде еднократен надомест, а...

Продолжи со читање

Пожар на влезот од населбата Гоце Делчев

Post Views: 413 Попладнево на влезот во населбата Гоце Делчев ( Бараки) дојде до пожар во шумата покрај патот во близина на детското игралиште.Се запалила сува ниска вегетација во боровата шума и огнот започнал брзо да се шири поради ветрот. За среќа интервенцијата на Територијалната противпожарна единица, според жителите, била експресна и пожарот бил за многу кратко време ликвидиран.Неофицијално, причина за пожарот бил електричен кабел.

Продолжи со читање

Од полноќ поскапуваат горивата

Post Views: 284 Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит.Според оваа одлука, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 86,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 88,50 ден/лит. Се зголемува и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ исто за 1,5 денари и ќе изнесува 81 денар.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 80,50 ден/лит.Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,801 ден/кг и од полноќ тој ќе чини...

Продолжи со читање

Најмладите го чистеа струшкото крајбрежје во проектот „Екологија, дел од нашата култура“ 

Post Views: 298 Викендов во Струга се одржа голема еко-акција за чистење на крајбрежјето на Охридското езеро. На повеќе плажи младите собираа најразличен отпад во рамките на проектот „Екологија, дел од нашата култура“  кој се реализира со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање.Проектот „Екологија, дел од нашата култура“ има за цел подигнување на свеста за здрава животна средина. Од Здружението на граѓани „Нова порта“ велат дека преку вакви акции за чистење на најкритичните места вдолж брегот на Охридското езеро од друга страна се остава чиста...

Продолжи со читање

10 возачи во Охрид казнети за непрописно престигнување

Post Views: 202 На 13.08.2023 во периодот од 15.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 22 возачи на моторни возила кои извршиле престигнување на други возила на непрегледни и на места каде со сообраќаен знак тоа е забрането (во Охрид-10, Струга-05, Кичево-03, Дебар-04), информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Прилепските актери вечерва ја носат претставата  „Декамерон“ на Охридско лето

Post Views: 322 Драмскиот репертоар на 63-тото „Охридско лето“ вечерва ќе ја донесе театарската претстава „Декамерон“ од Џовани Бокачо, во режија на Мартин Кочовски, а во изведба на НУЦК „Марко Цепенков“ -Театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп. Претставата ќе се одигра на „Долни Сарај“ со почеток од 21 часот.Во околности на глобална општествена безизлезност, неизбежно е да се занимаваме со „Декамерон“, со триумфот на волјата на човекот наспроти ужасната, незамислива препрека кон среќата – смртта. Ова е претстава која ја следи цикличноста на постоењето, каде што човекот низ...

Продолжи со читање

Откриениот локалитет во областа на Лин на Охридското Езеро, најстара праисториска населба во Европа

Post Views: 504 Швајцарски и албански археолози открија праисториска населба стара 8.500 години во близина на Поградец на брегот на Охридското Езеро.Наодите покажуваат дека областа Лин на брегот на Охридското Езеро служела како центар за развој на земјоделството, занаетчиството и риболовот пред околу 8.500 години.Локалитетот Лин моментално се наоѓа на 3 m длабочина на вода и на земјиште под обработливо земјиште, исто така многу длабоко во земјата. За разлика од античките урнатини, тоа не е директно видливо.Професорот од Универзитетот во Берн, Алберт Хафнер,...

Продолжи со читање