Автор: инфодеск
Views: 56 Во овој ден го празнуваме празникот на Самарјанката, бидејќи тогаш Христос јавно Себеси се објави за Помазаник, односно Месија на еврејски (од зборот меса што значи елеј), односно Христос на грчки јазик. Сограѓаните на Самарјанката, откако Спасителот поминал кај нив два дена, ѝ говореле: „Сега не веруваме поради твоите зборови, туку самите чувме и познавме дека Он е навистина Спасителот на светот, Христос.“ И кај сите е така. Најпрвин со надворешно слово биваат призвани кон Господа (или како што е сега кај нас, од раѓање се вбројуваат помеѓу христијаните), а потоа кога на дело ќе...
Преку денот сончево, попладне со услови за слаб локален дожд
Views: 112 Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, поизразен во западните делови.Следува период на претежно стабилно време, до понеделник со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Од средината на следната седмица ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.Температурите во Охрид од 6 до 19 степени Целзиусови.
Утре промоција на книгата „Охридска тврдина“ од Даница Размовска Бачевска
Views: 64 По повод 18 мај – Меѓународен ден на музеите, утре ќе биде промовирана книгата „ОХРИДСКА ТВРДИНА – Монети на Римската Република, Римската империја и на нивните провинции (211г.п.н.е.-238г.н.е.)“ од авторот Даница Размовска Бачевска. Издавач на книгата е НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид. Промоцијата ќе се одржи утре, 18 мај во 12:00 часот во Меморијалната куќа на Христо Узунов.
Од денес времен режим на сообраќај во близина на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
Views: 61 Од Општина Охрид информираат дека надлежните служби од денес започнуваат со активности за асфалтирање и уредување на пресекот меѓу улиците: „Железничка“, „15- Корпус“, „7-ми Ноември“ и „Ристо Чадо“ кај кружниот тек во близина на ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски“.Поради активностите сообраќајот ќе се одвива во отежнати услови. Возачите и пешаците да го почитуваат времениот режим на сообраќај, да возат и да се движат внимателно.
Светата маченичка Пелагија Тарсиска
Views: 70 Родена е во градот Тарс, од родители незнабошци, но богати и прочуени. Кога слушна од христијаните за Христа, таа се разгоре со љубов кон Спасителот и во душата беше целата христијанка. Се случи самиот цар Диоклецијан да запре во Тарс и додека се задржуваше во овој град, неговиот син, принцот, се вљуби смртно во Пелагија, па сакаше да ја земе за жена. Преку својата зла мајка Пелагија одговори дека таа веќе Му се има ветено на Небесниот Женик, Господ Исус Христос. Бегајќи од скверниот принц и од нејзината злобна мајка, Пелагија го побара и го најде епископот Клинон, човек прочуен...
Променливо облачно, до понеделник ќе имаме пониски утрински температури
Views: 54 Променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.Температурите во Охрид денес во интервал од 6 до 18 степени Целзиусови.Следува период на претежно стабилно време, до понеделник со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Од средината на следната седмица ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.
Нова вредна донација во одделот за Анестезија, реанимација и интензивно лекување при ЈЗУ Општа болница Охрид
Views: 109 Од ЈЗУ Општа болница Охрид информираат дека Одделението за Анестезија, Реанимација и Интензивно лекување доби нова, современа медицинска опрема која ќе придонесе за уште побезбедно и поефикасно спроведување на тешки интубации.Донацијата опфаќа два конвенционални ларингоскопски сета со пет шпатули по Macintosh, еден неонатолошки конвенционаленларингоскопски сет со три шпатули – Macintosh F.O, Miller F.O и ларингоскопски сет со флексибилен врв за тешка интубација – Macintosh FLAOLIGHT со три шпатули.Сетoвите доаѓаат во заштитни куферчиња , со држачи и соодветни...
Презентиран планот за противпожарна заштита на Охрид и Дебрца пред стручна австриска делегација
Views: 83 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со стручна делегација од областа на противпожарната заштита од Австрија, составена од Петер Логар, проект менаџер на Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и Јоханес Пап, Заменик командант на Покраинската противпожарна бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија.На средбата присуствуваа претставници на Противпожарната единица од Охрид при што беше извршена Презентација на Планот за противпожарна заштита на Општина Охрид и Дебрца.Во рамки на презентацијата беше опфатено подрачјето на делување...








