Автор: инфодеск
Post Views: 478 Стефан Ристовски, капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, ја извести јавноста дека поради лошиот однос што го имал со селекторот Благоја Милевски, решил да се повлече од националниот тим. Ристовски одлуката ја објави на социјалните мрежи.„Односот меѓу мене и сегашниот селектор Благоја Милевски не е во најдобар ред, за што и лично сме разговарале. Од моја страна му било предочено, како капитен, за се она што се случува во и околу репрезентацијата“.– напиша во објавата Ристовски.Стефан Ристовски од 2011 година е стандарден...
Денеска почнува Богородичниот пост
Post Views: 312 За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка.По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, односно секоја година започнува на денот на прославувањето на светите седум макавејци (1/14 август), а завршува на благденот Успение на...
Неделава ќе започне 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ
Post Views: 197 Неделава, во Охрид ќе започне 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). На Школата којашто ќе трае до 31 август ќе учествуваат околу 70 странски македонисти и слависти од 18 држави – посветеници на македонскиот јазик, литература и култура. Пријавени се семинаристи од НР Кина, САД, Република Кореја, Италија, Франција, Грција, Турција, Полска, Словачка, Унгарија, Украина, Романија, Руската Федерација, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија и...
Во Велгошти се одржа традиционалната “Вечер на Живко Чинго”
Post Views: 384 Синоќа во атарот на црквата „Св. Петка“ во село Велгошти, се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, посветена на еден од нашите најпознати литературни великани. Пред присутните свое обраќање имаше заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиноски.Се чувствувам гордо и возбудено, што како Македонист, како Охриѓанец и пред се како Македонец ја имам оваа привилегија да зборувам за ваков маркантен лик како Живко Чинго кој по својата оргиналност е икона на македонската култура и книжевност, кажа Божиноски....
Сончево со умерена облачност и температура до 29 степени
Post Views: 251 Времето денеска во Охрид сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. UV индексот со вредност 8.Максималната дневна температура до 29 степени.Времето во следните денови во Македонија: Во вторник во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во деновите потоа времето ќе биде претежно стабилно и топло со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.фото: Ѓоко Симјаноски
Трио „Аура“ вечерва со концерт на „Охридско лето“
Post Views: 284 Музичката програма на 63-тото издание на фестивалот „Охридско лето“ вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ продолжува со концерт на триото „Аура“.Овој реномиран камерен состав го сочинуваат тројца истакнати македонски музички уметници: флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски. Темков, Гацева и Милошевски се редовни професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје.Триото „Аура“ има долгогодишна и богата концертна активност во и надвор од нашата земја. Досега имаат реализирано многубројни рецитали...
„Храбро срце” бара да започне трансплантација на срце кај лицата со механичка пумпа
Post Views: 392 Да започне трансплантација на срце кај пациентите со механичка пумпа. Со оваа порака Националното здружение „Храбро срце” денеска го одбележува денот на органодарителството. Пациентите со вградена механичка циркулаторна потпора, со години чекаат трансплантација , но доколку се најде соодветен донор, државата треба да обезбеди владин авион за да се донесат стручни лица од странство, кои ќе ја изведат операцијата.Со години добиваат само ветувања, а досега не е извршена ниту една ваква трансплантација во земјава.„Тоа е возможно со ставање во...
На денешен ден е роден Живко Чинго
Post Views: 295 Живко Чинго е истакнат македонски раскажувач, романсиер и драмски писател.Чинго е роден во селото Велгошти, Охридско, 1935 година, каде го започнува своето школување, а го продолжува во Охрид и во Скопје. По завршувањето на Филозофскиот факултет работи како професор во гимназијата во Охрид. Потоа доаѓа во Скопје и работи во весниците: „Студентски збор“, „Млад борец“, потоа во РТС, во Центарот за политички студии, во Републичкиот комитет за култура. Исто така, бил советник во Министерството за култура и директор на МНТ.Во 1963 година станал член на...
22 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор
Post Views: 346 Пред дваесет и две години на денешен ден е потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година.Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје од страна на тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, како и тогашните лидери на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ПДП, Имер Имери и на ДПА, Арбен Џафери.Свои потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ и на...
Сончево со умерена облачност и температура до 28 степени
Post Views: 325 Времето денеска во Охрид сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. UV=8. Максималната дневна температура ќе се искачи до 28 степени.Времето во следните денови: Продолжува периодот на претежно стабилно време со умерен, повремено засилен северен ветер. Во вторник во попладневните часови ќе има локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен благ пораст.фото: Ѓоко Симјаноски
Свечено откриена скулптурата “Раката на поетот” во Велестово
Post Views: 228 Со пригодна свеченост, денес, во Велестово беше откриена скулптурата “Раката на поетот” од уметникот Никола Пијанманов, инспирирана од песната „Есен“ на големиот германски поет Рајнер Мариа Рилке.На свеченоста присуствуваше заменик градоначалникот Перчо Божиноски.“Стремежот за убавина на човекот е изразен преку најразлични форми во уметноста распослани на најубавите места. Во Велестово на десетина квадратни метри имаме бујна културно-историска искра од 15 в. до денес. Па така на препознатливата чешма на црковнословенско писмо е амблемот на...
Со налепници ќе бидат обележани службените возила на Општина Охрид
Post Views: 482 Во неколку наврати од Левица Охрид пред советот на Општината се покренува иницијативата за обележување на службените возила. Од Левица, на седницата на советот во месец април, дури доставија и лепенки со кои би се извршило обележувањето.„Ме интересира зошто Општина Охрид постојано одбива да ги обележи службените возила и сметам дека граѓаните треба да имаат увид барем во тој дел да видат дали се врши злоупотреба и како се трошат нивните пари.“ – потсети на иницијативата советничката од Левица, Виолета Аврамоска на последната седница на Совет посветена...