Автор: инфодеск
Views: 96 Надлежните служби при Општина Охрид од утре започнуваат со активности за асфалтирање и уредување на пресекот меѓу улиците: „Железничка“, „15- Корпус“, „7-ми Ноември“ и „Ристо Чадо“ кај кружниот тек во близина на ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски“.Поради активностите сообраќајот ќе се одвива во отежнати услови. Возачите и пешаците да го почитуваат времениот режим на сообраќај, да возат и да се движат внимателно.
Владимир Трајановски – ОДЗЕМЕНО ЗЕЛЕНИЛО
Views: 80„Во Правилникот за урбанистичко планирање предвиден е оптимален стандард на застапеност на зелени урбани инфраструктури од 25 м2 по жител. Секој жител на Охрид реално има САМО 1,6 м2 зелена површина. Општината ни одзела 93.6% од она што ни следува и што е оптимално (не максимално) а ни оставила едвај 6.4%. Ете го „зелениот, хуман град” најавуван во предизборните програми.“ – пишува охриѓанецот Владимир Трајановски во контекст на податоците од неодамна објавениот извештај од Државниот завод за ревизија насловен „Урбанистичко планирање на зелената инфраструктура во...
ЈП ВОДОВОД – Охрид: Макотрпно работиме во интерес на граѓаните и на подобрување на сѐ што упропасти СДСМ
Views: 115 Ни грам срам немате, па уште се дрзнувате да ги напаѓате вработените во ЈП ВОДОВОД-Охрид, кои со надчовечки напори до раните утрински часови макотрпно работеа на санација на дефектот, реагираат од јавното претпријатие во врска со соопштението на СДСМ Охрид за вчерашниот прекин во водоснабдувањето.„Дополнително уште кажувате, Ве цитираме: „На секој чекор дефекти на улиците…” Ова господа од СДС се случува единствено поради вашата негрижа додека го менаџиравте ЈП ВОДОВОД-Охрид. Единствено нешто што во тој момент за вас беше важно, беше како да го упропастите...
Охриѓанец загина при изведување градежни работи во трговски центар
Views: 60 На 16.05.2025 во 09.24 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош Охрид е пријавено дека при изведување градежни работи во трговски центар во изградба во Охрид паднал и се повредил 58 годишен работник од Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид каде им подлегнал на повредите. Увид на местото на настанот вршат јавен обвинител и полициски екипи.
Србија и Црна Гора не се пласираа во финалето на Евровизија
Views: 107 Минатата вечер се одржа втората полуфинална вечер на Евровизија. Литванија, Изрел, Ерменија, Данска, Австрија, Луксембург, Финска, Летонија, Малта и Грција се државите кои учествуваа на втората полуфинална вечер и се пласираа во финалето кое ќе се одржи утре. Србија и Црна Гора не се пласираа во финалето на Евровизија.Словенија и Хрватска кои учествуваа во првата полуфинална вечер, исто така не успеаја да се квалификуваат за настап во финалето. Финалистите од првата вечер се Норвешка, Албанија, Шведска, Исланд, Холандија, Полска, Сан Марино, Естонија, Португалија и...
СДСМ Охрид бараат неотповиклива оставка од директорот на ЈП Водовод
Views: 83 По вчерашниот повеќечасовен и неочекуван прекин на водоснабдувањето во поголемиот дел од Охрид, СДСМ Охрид со остра критика до раководството на ЈП Водовод. Тие бараат неотповиклива оставка од директорот на ЈП Водовов пред почетокот на летната сезона.Нивната реакција ја соопштуваме во целост:Афричка пролет во Охрид!Хибернирајќи во директорската канцеларија, припиен во кожената фотеља, исклучен од реалноста на терен, после дебакалот во Пештани лани, сега цел Охрид 8 часа без вода во 21 век.Додека цената на водата вртоглаво расте, неспособноста на директорот и...
Светите маченици Тимотеј и Мавра
Views: 49 Судбината на овие прекрасни маченици, женик и невеста, е чудна. Дваесет дена по венчавката беа изведени на суд заради верата во Христос пред Тиваидскиот намесник Аријан, во времето на царот Диоклецијан. Тимотеј беше чтец во црквата во неговиот роден крај. „Кој си ти?“, го праша намесникот. Тимотеј одговори: „Јас сум христијанин и чтец на Црквата Божја.“ Оној, пак, му рече: „Не ги гледаш ли до тебе приготвените справи за мачење?“ Тимотеј одговори: „И ти не ги гледаш Божјите Ангели што ме крепат“. Тогаш намесникот нареди и ушите му ги прободоа со железна прачка, така што од болка...
Облачно и свежо со повремени врнежи од дожд
Views: 41 Облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни и до крајот на денот ќе наврне над 30 л/м2 . Кон крајот на денот на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне и во текот на ноќта кон сабота засилен северен ветер (над 60км/ч), особено вдолж Повардарието. Во сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд со пораст на дневните температури кои и во следните денови ќе имаат тенденција на натамошен пораст.Во Охрид температурите во интервал од 10 до 13 степени Целзиусови.








