Автор: инфодеск
Post Views: 273 Музичкиот репертоар на 63-тото „Охридско лето“ вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ продолжува со концерт на украинскиот Алексеј Ботвинов, исклучителен пијанист, музички иноватор и продуцент. Тој е еден од најзначајните украински пијанисти и се смета за еден од најдобрите интерпретатори на музиката на Сергеј Рахмањинов. Ботвинов, истовремено е и единствениот пијанист во светот кој на сцена ги има изведено „Голдберг варијации“ на Бах повеќе од 300 пати.Алексеј Ботвинов настапувал во повеќе од 46 земји ширум светот, а неговите неодамнешни настапи...
Одбележан Светскиот ден на млади во МЦО
Post Views: 214 Во организација на Младинскиот центар од Охрид, синоќа беше одбележан денот на младите. Во рамки на одбележувањето изминатата недела беше исполнета со низа активности во организација на младите од Охрид.На синоќешната свеченост присутните ги поздрави заменик градоначалникот Перчо Божиноски.” Чувствувам искрена радост, затоа што успеавме за помалку од една година од отворањето на Младинскиот Културен Центар, да покажеме дека оваа институција со својата работа ќе биде вистински центар за младите, за нивната креативност и реализација на...
Утревечер ќе се одржи манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ 2023
Post Views: 464 Во недела, на 13-ти август, со почеток во 20часот, кај Спомен обележјето на Живко Чинго, во атарот на црквата „Св. Петка“ во Велгошти, ќе се одржи културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ 2023.Предвидено е полагање цвеќе пред спомен-обележјето на Живко Чинго и обраќање на претставник на Општина Охрид. Ќе биде доделена наградата за најдобар расказ по што ќе следува обраќање на добитникот на наградата Иван Антоновски. Валенина Божиновска ќе интерпретира ,,Чинго во песните” а музичко-сценска изведба ќе имаат Петар Паскали, Петар Кочовски, Филип...
Сончево со умерена облачност и температура до 26 степени
Post Views: 327 Денеска во Охрид сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. UV=8. Максималната дневна температура ќе се искачи до 26 степени.Времето во Македонија во следните денови претежно стабилно со умерен, повремено засилен северен ветер. Во вторник и во среда ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен пораст.
Откривање скулптура и „Прелудиум“ како вовед во 35. “Поетска ноќ” во Велестово
Post Views: 213 Во пресрет на 35-тото издание на „Поетска ноќ во Велестово“, во сабота, 12 август, од 13:00 часот, на сретсело во Велестово, свечено ќе биде откриена скулптурата „Раката на поетот“ од уметникот Никола Пијанманов.Познатиот уметник, при обликувањето, бил инспирирана од песната „Есен“ на големиот германски поет Рајнер Мариа Рилке.Скулптурата е донација од уметникот за фестивалот, а реализацијата ја овозможи Општина Охрид.Истиот ден, со почеток од 18:00 часот, во кафе и бар „Шила“, во Охрид ќе се одржи интернационалното поетско читање „Прелудиум“ –...
Повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско корисна работа
Post Views: 465 Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Охрид , во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година усвоен од Владата, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување зозпштина Охрид објави Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско корисна работа.Се повикуваат сите евидентираните...
Поставeни пловни препреки на Сатеска и Даљан за отпадот да не завршува во езерото
Post Views: 250 Поставени пловни препреки на реките Сатеска и Даљан. Двете реки се идентификувани како едни од поголемите загадувачи на Охридското Езеро со пловен и пакувачки отпад и со овие физички бариери се сопира отпадот за да не заврши во езерото. Оваа активност е во рамки на платформата „Наша гордост, наша одговорност“ на Пивара Скопје за заштита на животната средина со фокус на чистењето од отпад на националните обележја и намалувње на загадувањето.„Благодарение на потрошувачите кои се вклучија во иницијативата за издвојување 1 денар од секое продадено стаклено...
Објавено промотивното видео за СВП 2023
Post Views: 384 Во пресрет на годинешното издание на Струшките вечери на поезијата што ќе се одржи од 24 до 28 август, објавено е промотивното видео.Видеото е во продукција на ЗООТРОП студио, а автор на музиката е Џијан Емин.„ЧУВСТВОТВОРЕН ЈАЗИК Јазик создаден од чувства. Јазик што создава чувства. Чувствотворен јазик. Поетскиот јазик ја има моќта да ги пресоздаде чувствата во нови зборови што ќе ја сменат нашата претстава за светот, па така станува и чудотворен јазик. Предизвик за поетот е низ вдахновена потрага да ги пронајде вистинските зборови со кои ќе ги...
Свечено на Долни Сарај доделени дипломите на матурантите од СОСУ „Св Кирил и Методиј“
Post Views: 311 Со пригодна свеченост на сцената од Долни Сарај, вечерва беа доделени дипломите на матурантите од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. Во име на Општина Охрид за постигнатитот успех им честиташе советничката Ана Крстеска.„Историјата на Македонија укажува на тоа дека постоеле луѓе кои не се откажуваат, кои оделе по потешкиот пат само за направат нешто добро за Државата. Вашите способности за напорна работа, Вашата интелегенција, образованието кое ќе го стекнете, Ви даваат уникатен статус во општеството, бидејќи токму Вие сте супер силата на нашето општество. И...
Еднодневните екскурзии во Охрид најпродавани во соседна Албанија
Post Views: 308 Трета година по ред Охрид е најпродавана еднодневна екскурзија во соседна Албанија. Се смета за најатрактивна дестинација за бројните странски гости кои летуваат на Јадранското и Јонското море. Туристите од Литванија, Полска, Чешка и Латвија со некоку автобуси дневно го посетуваат градот под заштита на Унеско.Најмногу се воодушевени од природата, прошетките по Охридското езеро и бројните културно историски споменици.„Секоја недела доаѓаме со полни автобуси туристи од Литванија 0105„Им се допаѓа...
На лицитација запленетиот недвижен имот на Мијалков, на списокот и два стана во Охрид
Post Views: 276 Агенцијата за управување со одземен имот објави оглас на кој се понудени првите конфискувани недвижнини од Сашо Мијалков. На првото јавно наддавање по електронски пат на продажба се ставени четири недвижнини во вредност од околу 520.000 евра. Јавното електронско наддавање е закажано за 25 август.Понудени на продажба се два стана на ул. Горица во Охрид, од кои едниот со проценета вредност од Бирото за судски вештачења на 5.775.234 милиони денари, а другиот во истата зграда проценет на 9.032.505 денари. На продажба е и земјиште кај Морани во Општина...
Стендап на англиски јазик, Гркот Џиниус утревечер во Jazz Inn
Post Views: 350 Во сабота во Jazz Inn со почеток во 20 часот, стендап на Џимис Цапас на програмата на Summer Comedy Marathon 2023.Ова е шоу што мора да се види, велат организаторите на летниот маратон на комедијата.„Со задоволство ви го најавуваме Гркот Џиниус, единствениот Џимис Цапас. Неверојатна ноќ на спонтана духовитост и многу импровизиран интензивен стенд ап. Комичарот, импровизатор и уметник Џимис Цапас „Гркот Џиниус“ по вторпат се враќа во Македонија со неговото дрско, запаливо, провокативно и уникатно сатирично шоу „Само една ноќ во Oхрид“. По големите турнеи...