Автор: инфодеск
Views: 72 Денеска надлежните од Одделението за планирање и управување со заштитени подрачја и други заштитени делови од природата при општина Охрид заедно со вработените од Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп поставија 30 дрвени куќички за птици на потегот од пешачката патека од Горна порта до Лабино и Канео. Куќичките се целосно изработени од природен и траен материјал. Овие живеалишта се наменети за мали птици кои на тој начин полесно ќе се справат со климатските промени и ќе се зголемува нивниот број.Станува збор за општествено одговорен проект на Македонија осигурување...
Денес неколку часа без вода корисниците од централното градско подрачје
Views: 64 Од ЈП Водовод информираат дека поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 15:30 часот , неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Славеј Планина“, „Спас Банџов“, „Димитар Влахов“, „Партизанска„ Бул.„Туристичка“, дел од „Јане Сандански“, „Кеј Македонија“ , “Гоце Делчев” вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите Кошишта, Воска и Далјан.
Злато за Кристијан Толески од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на натпреварот ROBOMAC JUNIOR 2025
Views: 75 Во периодот од 12 мај до 14 мај на Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ во Скопје се одржа натпреварот во роботика, вештачка интелигенција и електроника за учениците од четврта година во средните училишта од Македонија – ROBOMAC Junior 2025. Главен организатор беше ФЕИТ и студентскиот огранок на IEEE.Учениците од ОЕМУЦ Св. Наум Охридски, Охрид постигнаа одлични резултати.Кристијан Толески освои златен медал во категоријата АВТОНОМНА МОБИЛНА РОБОТИКА, организирана од Институтот за автоматика и системско инженерство.Павел Иванов освои бронзен...
РЦСОО ,,Ванчо Питошески” им врачи спортска опрема на учениците Наум Стојаноски и Христијан Стојаноски членови на боксерскиот клуб ,,Алексо Огненовски”
Views: 118 РЦСОО ,,Ванчо Питошески”- Охрид го поттикнува и поддржува спортот кој е од голема важност за интеграцијата, еднаквоста и личниот развој.Директорот Тони Андрески им врачи спортска опрема на учениците Наум Стојаноски од IV година и Христијан Стојаноски од II година, спортисти, членови на боксерскиот клуб ,,Алексо Огненовски”.–Овие наши ученици гордо стојат на пиедесталот на најдобрите во боксот, спорт кој го носи епитетот најтежок спорт на денешницата. Со голема љубов, труд и посветеност, тие освојуваат многу награди и признанија на меѓународни и...
На ФТУ се одржа Третата студентска конференција за економија и бизнис во услужните дејности
Views: 68 Вчера на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид се одржа Третата студентска конференција за економија и бизнис во услужните дејности (СЕРВЕКО).Како што информираат од ФТУ Охрид конференцијата започна со обраќања од Деканот на ФТУ – Д-р Снежана Дичевска, раководителот на ЦНИР – Проф. Д-р Александар Трајков и претседателката на Факултетското студентско собрание – Сара Цветановска. Пленарното предавање на тема „Одржливост во услужниот сектор“ беше одржано од Доц. Д-р Бојан Србиноски.-Студентите активно учествуваа со презентации на трудови од различни области...
Бесплатни обуки за козметичари во Охрид
Views: 88 Во рамки на проектот „Образование и економско зајакнување на ранливи групи жени во Северна Македонија“, Занаетчиска комора на РСМ заедно со Регионална Занаетчиска Комора Охрид организират информативен ден во Охрид за сите заинтересирани кандидатки.Обуките се целосно бесплатни и се наменети за жени кои сакаат да се стекнат со вештини, знаења и сертификат за козметичар за лице и тело, со што ќе добијат можност за вработување или започнување сопствен бизнис, а дополнително, ќе се понудат и обуки за изработка на природна еко-козметика во соработка со локални пчелари и...
Работилница за креирање Europass CV во Младински Центар Охрид
Views: 52 Вчера во Младински Центар Охрид се одржа работилница за креирање Europass CV, која беше предводена од Марија Коваческа, меѓународно сертифициран кариерен советник.–Учесниците имаат можност да се запознаат со алатките што ги нуди платформата Europass и да изработат современа и професионална биографија според европски стандарди, информираат од Младински Центар.Инаку, како што информираат од центарот работилницата е дел од серијата активности за поддршка на младите во градење на својата кариера.
Свети Атанасиј Велики, архиепископ Александриски
Views: 91 На денешен ден се празнува преносот на неговите мошти и чудата произлезени од нив. Роден во Александрија во 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар, и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Символот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, свети Атанасиј беше избран за архиепископ...








