Автор: инфодеск
Views: 57 Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.Денешните температури во Охрид од 5 до 20 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека под влијание на влажен бран, денес кон крајот на денот, во текот на ноќта кон петок и во петок најпрвин во западните, а потоа и во останатите делови, ќе има обилни врнежи од дожд (над 30л/м2). На повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Утре ќе дува умерен до засилен...
Градоначалникот Кирил Пецаков на средба со новоименуваниот амбасадор на Австралија Н.Е. Питер Трасвел
Views: 82 Средба со новоименуваниот Амбасадор на Австралија во Амбасадата во Белград, што ја покрива и Македонија, Н.Е. Питер Трасвел и почесниот конзул на Австралија во Македонија, Зоран Костовски, денес, оствари градоначалникот Пецаков.На средбата се разговараше за традиционално добрите односи кои се негуваат помеѓу двете држави, а се стави акцент на продлабочување на соработката помеѓу збратимениот град Волонгог и со Квинбеин со кого Охрид има потпишано протокол за соработка. Амбасадорот изрази подготвеност да биде дел од комуникацијата помеѓу Охрид и двата австралиски градови...
Рекреативните риболовци се жалат на високите цени за дозволи на концесионерот
Views: 155 Се намалува бројот на рекреативни риболовци. Со доделувањето на концесиите покрај стопанскиот, се регулира и рекреативниот и спортскиот риболов. Риболовците велат воведени се високи цени па така и оние на кои риболовот им бил пасија и рекреација нема да може да платат.– Немаше рекреативен риболов, се ловеше со крадење, да кажеме сега почнува да се регулира. За жал цените кои се објавени од концесионерот се малку повисоки и добар дел од рекреативнитериболовци од Охрид и Струга и одеа да фатат кило или две плашица или грунци нема да може да извадат дозвола ради високите...
Охриѓанката Весна Коцевска прогласена за најдобар травел инфлуенсер од Македонија
Views: 128 Охриѓанката Весна Коцевска, на Инстаграм позната како whisper.ves, ја доби наградата за најдобар травел инфлуенсер од Македонија на Самитот за социјални медиуми кој викендов се одржа во Сараево.–Ова не е само награда – ова е доказ дека трудот, доследноста и љубовта кон она што го правиш се исплаќаат. Вчера во Сараево, на SOCIAL MEDIA SUMMIT ја добив наградата за TRAVEL INFLUENCER од Македонија, бев избрана во ТОП 5 за регионот. Прекрасна организација и настан за кој вредеше да се пропатуваат многуте километри. Ви благодарам на сите што верувавте во мене – ова е наша...
Во петок акција за подигнување кабаст отпад од УЗ.8 Билјанини Извори
Views: 105 Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 16.05.2025 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) и зелен отпад (зелен отпад од уредување на дворни површини и градини) од У.З.8 „Билјанини Извори”.-Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 16.05.2025 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, велат од...
Започна уредувањето на тротоарот на ул. „Димитар Влахов“ од лева страна
Views: 101 Започна партерното уредување на тротоарот на ул. „Димитар Влахов“ од лева страна. Активностите ќе бидат по цела должина на јавниот простор во насока кон ОСУ „Св. Климент Охридски“.Тротоарот ќе биде поплочен со камен, шкрилец.Се замолуваат охриѓани да бидат внимателни при движење и да не паркираат возила во тој дел од улицата.
Изменет режим на сообраќај на автопатот во изградба Охрид-Кичево
Views: 142 СВР Охрид ја известува јавноста дека, поради поставување сообраќајна сигнализација и сообраќајна опрема на автопатот во изградба Охрид-Кичево, поставена е девијација на дел од делницата Песочани-Требеништа и Ново село-Ботун. Тука сообраќајот се одвива по левата коловозна лента гледано од правецот Кичево-Охрид.Поради интензивирање на градежните работи, сообраќајот од раскрсницата „Петња-Распаќе” кај Охрид, до селото Подмољје, ќе се одвива по регионалниот (стариот пат) Охрид-Струга.OД СВР Охрид апелираат до возачите на патнички и други моторни возила, на крајна...
Во петок за најмладите мјузиклот „Пинокио“
Views: 64 Театарската претстава за деца „Пинокио“, во режија на Гоце Балада претставува современ театарски проект за деца и млади, кој што е надополнет со новокомпонирани музички песни за деца снимени во професионално музичко студио.-Врз основа на тоа може да се каже дека оваа претстава претставува и еден современ Мјузикл за деца и млади. Во самата претстава, главниот лик Пинокио, има за цел преку неговите згоди и незгоди, на децата да им ја долови вистинската суштина на животот а тоа е дека “на лагата и се кратки нозете”, и дека оној кој лаже, завршува како Пинокио на кого му расти...








