Автор: инфодеск
Post Views: 311 На 09.08.2023 година од 16 до 22 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 42 прекршоци што ги направиле мотоциклисти (Охрид-17, Струга-15, Кичево-05, Дебар-05), информираат од СВР Охрид.
Струга секое лето со проблеми во водоснабдувањето
Post Views: 343 Струга и ова лето, се соочува со рестрикции и проблеми со водоснабдувањето. Или вода воопшто нема со часови и денови или е слаб притисокот. Најкритично е во ек на сезоната, кога потрошувачката и потребите се двојно поголеми.Стружани се жалат, велат во градот распослан на две води, со децении нема редовно водоснабдување. Поплаки има и од туристичките работници.„И тоа е дел од оваа гужва што одеднаш се случува. Одеднаш побарувачката е десеткратно поголема од вообичаено. Таа цела инфраструктура треба да се пренамени и да се...
Доделени дипломите на матурантите од ОСУ „Свети Климент Охридски“
Post Views: 234 На пригодна свеченост, вчеравечер во дворот на ОСУ „Свети Климент Охридски“ беа доделени дипломите на матурантите од генерацијата 2022-2023 година.Пред присутните, во името на Општина Охрид свое обраќање имаше заменик градоначалникот, Перчо Божиновски.Сега, кога се наоѓате пред една од најважните крстосници во животот, кога треба да одлучите што понатаму, ве охрабрувам никогаш да не запрете. Запомнете дека успехот не е еднократно достигнување, туку континуиран стремеж кон учење и развој. И вечерва се слуша гласот на Свети Климент Охридски со моралната...
Царинската управа започна со кампањата „Стоп за корупцијата“
Post Views: 399 „Не замижувај и ти можеш да ја спречиш корупцијата – биди дел од прогресот на твојата држава“ е мотото на кампањата „Стоп за корупцијата“ што ја почна Царинската управа за зголемување на свеста за опасностите кои ги носи корупцијата со цел граѓаните или вработените кои ќе бидат сведоци на корупција или сомнителна активност, тоа да го пријават.Во рамки на кампањата, почнувајќи од вчера до 17 август, на граничните премини ќе се делат брошури преку кои ќе се информира за начините за пријавување корупција, како и за штетните последици што ги предизвикува...
Секторот за внатрешни работи Охрид ќе вработи 100 полицајци
Post Views: 410 Министерството за внатрешни работи денеска објави јавен оглас за засновање на работен однос на 600 извршители на работно место полицаец, согласно своите организациски потреби, како и согласно одредбите од законите за внатрешни работи и за полиција, и соодветните подзаконски акти.Имено, за работната позиција полицаец во Секторот за внатрешни работи Скопје се бараат 300 извршители, во Секторот за внатрешни работи Охрид се отворени места за 100 извршители, прием за 30 извршители е овозможен во Секторот за внатрешни работи Тетово, по 20 во секторите за внатрешни...
Охрид е поубав отколку што го сонував и замислував, вели светскиот патник Дачешин
Post Views: 260 Охрид станува редовно место за посета од страна на блогери, влогери и инфлуенсери. Во низата млади луѓе кои преку своите профили на социјалните платформи го промовираат Охрид се впиша и Роберт Дачешин од БиХ.„Колку време имам слушано за Охрид луѓе мои. Не знам дали повеќе ми раскажуваа за него или сонував да го посетам. Имав малку страв пред да дојдам во Охрид, да бидам искрен, затоа што толку многу го идеализирав во моите очи, но на крајот излезе дека е уште поубав отколку што сонував. “ – вака започнува да ги опишува своите впечатоци од Охрид,...
Денеска ќе се врши дезинсекција против комарци од Подмоље до Св. Наум
Post Views: 276 Денеска ќе се спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во четврток до 06 часот во петок.Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.„Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат.“ – апелираат од Општина Охрид.Во случај...
„Drim Short Film Festival“ од 14 до 17 август во Струга
Post Views: 415 Под мотото „Неопходна убавина“ од 14 до 17 август во Струга ќе се одржи 7-то издание на Фестивалот на краток филм „Drim Short 2023“.Програмата и годинава ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во натпреварувачки категории и тоа регионална, интернационална, студентска и специјална програма „Соочување со минатото“, во селекција на режисерот Иван Бакрач. Покрај натпреварувачките програми, фестивалот ќе ја претстави специјалната програма „MK Special“ со цел промоција на македонскиот филм и младите македонски автори. Гостинските програми,...
Сончево со умерена облачност и температура до 25 степени
Post Views: 284 Времето денеска во Охрид сончево со умерена облачност и услови за дожд. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. UV=7. Максималната дневна температура ќе се искачи до 25 степениСледува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура.фото: Ѓоко Симјаноски
„Вода = живот“ во Касарна Хаб, изложба на еколошки фотографии
Post Views: 321 Во Касарна Хаб во Охрид од среда 16 август, во 19ч. ќе биде поставена изложбата на фотографии „Вода = живот“.Во 2022 година, во пресрет на климатскиот самит COP27 во Египет, Холандија ги повика ентузијастите за фотографија од целиот свет да создадат и споделат инспиративна и провоцирачка еколошка фотографија во фото натпревар „Вода = живот“. Од сите моќни слики, кои пристигнаа на натпреварот победи фотографијата на Томислав Георгиевски од Македонија направена во Црн Дрим во Струга.„Водата е неопходна за животот на земјата. Светот се соочува со невидени...
МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите
Post Views: 333 Министерството за труд и социјална политика го демантира тврдењето дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е во криза и дека државата доцни со исплатите кон банките. Од МТСП апелираат да не се креира страв кај пензионерите и да не се манипулира со недостатокот на информации кои го имаат, а се со цел да се обезбеди масовност на протестите кои, според министерството, се политички обоени.Изминатите години нема ниту еден ден доцнење на исплатата на пензиите, а растот на истите е континуиран и јасно забележлив. Трансферите кон ПИОМ се навремени и...
Стружани се жалат на преголема бучава oваа сезона
Post Views: 362 Бучавата и оваа сезона не ги поштеди жителите и туристите во Струга. Најгласни се угостителските објекти на плажите и дискотеките во градот, кои го реметат мирот и сонот на сите, се жалат стружани.Бројните забави во шпицот на сезона до раните утрински часови предизвикуваат бучава над дозволените 50 децибели.„И годинава сме сведоци во поглед на почитување на јавниот ред и мир.Посебно во делот што се однесува на гласноста на музиката. На тоа реагираат не само граѓаните на Струга веќе добиваме и сериозни реакции од туристите, кои го посетуваат...
