Автор: инфодеск
Views: 90 Во средата на раслабениот го празнуваме празникот на Преполовение на Педесетницата, заради почеста на двата големи празници – Пасха и Педесетница, бидејќи тој ден е посреде нив и ги соединува двата. Кај Јудејците имаше три големи празници: првиот – Пасха, кој се празнува во спомен на преминувањето преку Црвеното море, вториот – Педесетница, во спомен на пребивањето во пустината, по преминувањето на Црвеното море, бидејќи педесет денови беа во пустината пред Мојсеј да го прими законот, третиот – Сеници, во спомен на скинијата која Мојсеј ја виде на гората. Откако Христос над...
Денес сончево со мала облачност, од утре нов влажен бран со пообилни врнежи
Views: 54 Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.Од УХМР информираат дека нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува утре кон крајот на денот и во петок. Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд.Минималните температури од 8 степени, a максималните до 18 степени Целзиусови.Фото: Ѓоко Симјаноски
Охридската библиотека се ребрендира со нов визуелен идентитет
Views: 112 Охридската библиотека се ребрендира со ново лого. Нов визуелен идентитет со цел да се оживее ликот на Григор Прличев. Автор е уметникот Ласко Џуровски, кој работи на реставрација на портрети од историските личности во земјава.Целта на новата визуелизација е надградба и чување на македонското културно наследство, промоција на ликот и делото на Прличев.-Преку ликот на Григор Прличев ние ги оживуваме и сите оние елементи кои ги содржи неговото дело и она што го промовира вашата установа во сферата на културата. Се потрудив да направам варијанти кои се применливи на...
Дваесетгодишната Чарна Невзати ги брани боите на Македонија на Мис на светот 2025
Views: 119 Македонија и оваа година со своја претставничка на Мис на светот. Дваесетгодишната Чарна Невзати ги брани гордо и достоинствено боите на нашата земја во рамки на престижниот избор за убавина Мис на светот, чие финале ќе се одржи на 31 мај во Телангана, Индија.Натпреварот официјално започна во саботата вечерта со спектакуларен приказ на културни настапи, меѓународна мода и глобално претставување.-Чекорејќи во наследството на убавината со цел, на 72-та церемонија на отворање на Мис на светот, повеќе од благодарна сум што ја претставувам мојата земја на оваа глобална...
МВР апелира граѓаните да внимаваат на лажни е-маил пораки со фишинг линкови
Views: 77 Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатираше зачестена појава на така наречени фишинг напади преку електронска пошта во која се злоупотребуваат имињата на повеќе македонски компании со цел неовластено прибавување на податоци од нив.– Овие пораки лажно тврдат дека сте сториле повреда на авторски права и содржат фишинг-линкови до наводна документација или барања за преземање на активности. Важно и значајно е граѓаните односно компаниите да знаат дека пораката не е испратена од вистинската...
Охрид домаќин на завршниот Мастерс квиз на Македонската квиз асоцијација
Views: 93Македонската квиз асоцијација (МКА) го најави завршниот Мастерс квиз за оваа сезона, кој ќе се одржи во недела, на 25 мај 2025 година, со почеток во 11:00 часот, во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.Традиционалниот настан по трет пат го носи елитниот квизерски дух на македонската сцена токму во Охрид, најдобрите квизаџии од земјата ќе имаат можност да ги одмерат своите знаења низ широк спектар на теми: култура, забава, историја, животен стил, медиуми, наука, спорт и свет. Организаторите информираат дека секој учесник...
Објавен Ревизорскиот извештај за урбанистичкото планирање на зелената инфраструктура во Охрид
Views: 86 Државниот завод за ревизија изврши ревизија на тема „Урбанистичкото планирање на зелената инфраструктура во градовите“ со цел да утврди дали мерките и политиките на централната и локалната власт обезбедуваат ефикасно планирање на зелената инфраструктура во градовите.Со спроведената ревизија ДЗС утврдила дека мерките и политиките на централната и локалната власт не обезбедуваат ефикасно планирање на зелената инфраструктура во градовите низ Македонија. Од таму додаваат и дека од 34 општини, ГУП-овите на 22 градски општини не го исполнуваат препорачаниот стандард за озеленетост...
Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ со значајни успеси на Државните натпревари од електротехничка, машинска и сообраќајна струка и Aнглиски јазик
Views: 138 Во периодот 08-09.05.2025 година во СЕТУГС „Михајло Пупин“ во Скопје се одржаа XLII Државни натпревари за учениците од електротехничка, машинска и сообраќајна струка, на кои нашите ученици постигнаа одличен успех.I МЕСТО во образовниот профил Техничар за производно машинство Јана Василева, ментори: Стојан Новески, Владо Трајчески и Наташа Јанкоска КитаниI МЕСТО во образовниот профил Техничар за индустриска мехатроника Адријан Дине, ментори: Билјана Ристоска, Душко Савески и Владо ЈанкулоскиI МЕСТО во образовниот профил Техничар за компјутерско управување Наум...








