Skip to main content

Автор: инфодеск

Фатена „бандата“ мечки која провалуваше во куќи во Калифорнија и крадеше храна

Post Views: 321 Мечката „Хенк тенк“ фатена во Калифорнија по повеќе од 20 провали во куќи. Полицијата трагаше по озлогласената црна мечка повеќе од една година. Мечката тешка 200 кг, на која и дадоа прекар Хенк Тенкот, е „осомничена“ дека упаднала во повеќе од 20 домови во областа Лејк Тахо од 2022 година.Хенк е регистриран како мечка 64F и ќе биде преместена во прифатилиште во Колорадо. Нејзините три младенчиња најверојатно ќе бидат префрлени во засолниште во округот Сонома во Калифорнија.Одделот за диви животни во Калифорнија соопшти дека биолозите „безбедно ја...

Продолжи со читање

Нова трагедија кај Лампедуза, загинаа 41 мигрант, меѓу кои три деца

Post Views: 368 Четириесет и еден мигрант загинале, а четворица ја преживеале несреќата кај италијанскиот остров Лампедуза, кога бродот со кој патувале од Африка бил целосно уништен, велат преживеаните. Преживеаните – тројца мажи и една жена – им кажале на спасувачите дека биле на брод што го напуштил Сфакс, Тунис, во четвртокот, но потонал за неколку часа. Во него имало 45 лица, меѓу кои и три деца. По потекло се од Брегот на Слоновата Коска и Гвинеја, а на италијанскиот остров пристигнаа денеска. Меѓу жртвите има и жена од Брегот на Слоновата Коска и нејзиното...

Продолжи со читање

Вечерва свечено доделување на дипломите на матурантите од ОСУ „Св. Климент Охридски“

Post Views: 381 Вечерва во дворот на Гимназијата ќе се одржи свечено доделување на дипломите на матурантите генерација 2022/2023.Свеченоста ќе започне во 20 часот.Во чест на генерацијата матуранти 2022/2023 година, Ве покануваме да присуствувате на свеченото доделување на дипломите во кругот на Гимназијата. Предвидени се награди, многу музика и забава. На матурантите им го честитаме матурирањето и им посакуваме многу поголеми успеси во текот на нивниот живот! – велат од ОСУ „Св. Климент Охридски“. 

Продолжи со читање

Иван Антоновски e авторот на наградениот расказ на конкурсот Живко Чинго

Post Views: 383 Иван Антоновски е писателот на расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ под шифра: „Обид на македонистот“, кој од страна на комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, м-р Перчо Божиновски, член и доц. д-р Мерсиха Исмајлоска, член, беше избран за најдобар на годинашниот конкурс „Живко Чинго“. Иван Антоновски (1990) е писател, книжевен критичар, есеист и книжевен преведувач, асистент на Катедрата за македонска книжевност и култура на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Автор е на неколку книги со студии и...

Продолжи со читање

Поради дефект прекин во водоснабдувањето во Велгошти

Post Views: 326 Поради настанат дефект на водоводната мрежа ( пукната е цевка со профил ф200мм), денес од 10:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците од селото Велгошти.Екипа на ЈП ВОДОВОД Охрид е на терен, до завршување со санацијата.

Продолжи со читање

ЈУНП Галичица продолжува да ги затегнува мерките за заштита на шумите од пожар

Post Views: 331 Со оглед на ризиците од пожари, а во светло на случувањата во регионот на битолско со подметнување на пожари, ЈУНП Галичица продолжува да ги затегнува мерките за безбедност.Изминатиов период се спроведуваат засилени активности во насока на 24-часовна заштита на шумите во паркот.Воведени се две вонредни патроли на сите влезови, поинтензивна контрола на главните влезови: Велестово, Дервен, Царина, непрекинат надзор во паркот на лица и возила, редовни проверки на високите точки за потенцијални пожари.Дел од активностите се спроведуваат во...

Продолжи со читање

Утре во Општина Дебрца ќе се одржи работилница за Екосистемски услуги – Белчишко блато

Post Views: 307 На ден 10 август 2023 година во организација на Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016” ќе се одржи работилница: ЕКОСИСТЕМСКИ УСЛУГИ – СНАБДУВАЧКИ УСЛУГИ ОД БЕЛЧИШКО БЛАТО И НАЧИНИ ЗА НИВНА ПРОЦЕНКАРаботилницата е во рамките на проектот „Екосистемски услуги од Белчишко Блато и еколошка едукација“ (Belchishta Wetland Ecosystem Services & Environmental Education (BW-ESEE)“, кој започна на 1 декември 2022 г. и ќе трае до 1 октомври 2023 г.Целта на проектот е да ги идентификува најзначајните екосистемски услуги кои се добиваат од...

Продолжи со читање

Сопранот Илина Митревска одржа концерт по повод празникот Св Климент Охридски

Post Views: 573 Во црквата Св. Софија, вечерва се одржа концерт на  оперска пејачка – сопран Илина Митревска во пијано придружба на проф. Дарко Мариновски во чест на празникот Св. Климент Охридски. Присутните во име на Општина Охрид ги поздрави заменик градоначалникот Перчо Божиноски.Делата како плод на уметноста носат вистина чија вредност е силен одблесок, а нејзините дарови се врвните уметнички души. Пред нас е аманет тоа да го негуваме како духовна ризница на Македонија затоа што културата е нашиот белег и нашето опстојување. Токму тоа како Општина Охрид...

Продолжи со читање

Св. Климент Охридски; Св. Седмочисленици; Св. вмч. Пантелејмон

Post Views: 279 Денеска се празнува споменот на Свети Климент Охридски почитуван како заштитник на Македонија, градот Охрид и Македонската православна црква.Св. Климeнт архиeпископ Oхридски – Учeник на свeтитe Мeтoдиј и Кирил. Пo смртта на св. Мeтoдиј, Климeнт, пoд притисoк на Гeрманитe, тргнал oд Мoравија на југ. Сo Гoразда, Наума, Сава и Ангeларија – ситe заeднo нарeчeни “Пeттoчислeници” гo пoминал Дунав, какo гoстин oстанал кај царoт Бoрис Михаил и пoтoа дoшoл вo oхридскиoт крај. Првo oснoвал манастир вo Бeлица, кадe штo му билo и нeгoвoтo првo eпискoпскo сeдиштe....

Продолжи со читање

Сончево со умрена облачност и температура до 26 степени

Post Views: 218 Денеска во Охрид, по свежото утро со температура до 10 степени, во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. UV=8.Максималната дневна температура ќе се искачи до 26 степени.Во четврток ќе има преодно дестабилизирање и локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а потоа следува период на стабилно и потопло време.

Продолжи со читање

„Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ е најдобриот расказ на конкурсот „Живко Чинго“

Post Views: 333 Расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ под шифра: „Обид на македонистот“, е најдобар на годинашниот конкурс „Живко Чинго“. Комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, м-р Перчо Божиновски, член и доц. д-р Мерсиха Исмајлоска, член, го издвои награденото дело со актуелноста на горливата тема, вклопена во интертекстуална книжевна матрица со референци на светската и македонската книжевност, што му дава постмодернистички сензибилитет.Комисијата го истакнува своето задоволство од високиот степен на квалитет на пристигнатите...

Продолжи со читање

Безбедно вратени на копно двајца малолетници кои со чамец неконтролирано се одалечиле од брегот кај Женска плажа

Post Views: 347 Денеска (08.08.2023) во 09.35 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро”, од веслачки клуб „Црн Дрим” од Струга било пријавено дека во водите на Охридското Езеро, на два километри од брегот, наспроти „Женска плажа”, неконтролирано се оддалечува чамец за веслање со двајца малолетници во правец на државната граница со Република Албанија.Според пријавеното, членови на веслачкиот клуб се доближиле до чамецот, но поради силниот ветер не можеле да го извлечат на брегот. По преземени мерки, полициски службеници од...

Продолжи со читање