Skip to main content

Автор: инфодеск

Џаро – „Живот на коцка“

Post Views: 426 Од првите органзирани журки и игранки во Скопје, па се до првиот менаџерски потфат со групата „Индекси“, животот на можеби и најголемиот менаџер на поранешните југословенски простори, Велибор Џаровски-Џаро беше патување, песна, игра и љубов. Но, играта која ја играше не беше секогаш лесна, раскажува неговата ќерка, автор на неговата биографија насловена како „Живот на коцка“. Бурниот и немирен темперамент, остриот ум и специфичниот карактер постојано го соочува со најразлични перипетии, се сеќава Џаро. Бил менаџер во времето кога менаџерството беше непризната...

Продолжи со читање

СВР Охрид билтен: тепачка, пронајдени и одземени марихуана и нож

Post Views: 382 На 07.08.2023 во 21.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на улица „Дејан Војвода” во Охрид, нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 54 годишен и 47 годишен жител на Охрид. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.На 07.08.2023 околу 22.00 часот на улица „Даме Груев” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 20 годишен жител од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 07.08.2023 во 17.25 часот во населба...

Продолжи со читање

Во четврток ќе се прска против комарци

Post Views: 265 На 10.08.2023 год.  ( четврток )   ќе  се спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во четврток  до 06 часот во петок.Со дезинсекцијата ќе биде  опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до  комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.„Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот...

Продолжи со читање

Во петок ИМПРОВОКАЦИЈА на SUMMER COMEDY MARATHON ’23

Post Views: 315 ИМПРОВОКАЦИЈА на SUMMER COMEDY MARATHON ’23 во Народен Театар Охрид – сцена КЕРАЛ. n 11.08 (петок) во 20 часот.Култното шоу во кое додека не започне никој, дури ни изведувачите не знаат што ќе се случи, повторно се враќа на својата матична сцена Народен Театар Охрид – Мала Сцена. Неверојатна театарска импровизација која веќе 8 сезони се случува секогаш премиерно затоа што вие предлагате во која насока ќе се одвива шоуто. Шоу во кое за ваше трајно задоволство ќе се погрижат импровокаторите: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип...

Продолжи со читање

цени

Потрошувачката кошничка во јули 48.620 денари, зголемена за 441 денар

Post Views: 346 Во јули годинава на едно четиричлено семејство му биле неопходни 48.620 денари за задоволување на минималната синдикална кошница, што е зголемување за 441 денар во однос на минатиот месец, според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).Според ССМ, 20.004 денари или 44,6 отсто од потрошувачката кошничака се за исхрана и пијалаци, а потоа 13.664 денари, за домување, односно 30,46 отсто од потрошувачката кошничка, 3,247 денари или 7,24 отсто за хигиена, 3,720 денари или 8,29 отсто за превоз, 2.327 денари за облека и обувки, 1.068 денари за...

Продолжи со читање

22 години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак

Post Views: 406 На 8 август во 2001 година кај месноста Карпалак, на патот Скопје – Тетово, армискиот конвој беше нападнат од заседа. Животот го загубија десет припадници на Армијата: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.Стојанче Ангелов на својот Фејсбук профил се присети на кобниот 08 август 2001-та. „Колона армиски резервисти, по патниот правец Скопје – Тетово е упатена кон боиштето во тетовско. На истото место на кое десетина дена...

Продолжи со читање

Св. Параскева Римска – Св. Петка, заштитничка од болести и несреќи

Post Views: 1.225 Денеска православните верници ја слават Света Петка летна.Света преподобна маченичка Петка Римјанка се празнува на 26 јули /8 август и меѓу народот е позната како летна Света Петка. Во нејзиното житие се вели дека нејзините родители биле Римјани и дека и дека таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви кон Бога. Рано се замонашила а подоцна како и многумина други настрадала за верата Христова за време на царувањето на Антонин. На нејзиното мачење присуствувал и самиот император, но кога била фрлена во котел со врело масло и катран таа...

Продолжи со читање

Денеска во Охрид сончево со умерена облачност

Post Views: 216 Денеска во Охрид времето ќе биде умерено облачно и посвежо, a попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. UV=8.Максималната дневна температура ќе се искачи до 26 степени.Во следните денови во Македонија ќе се задржи посвежо време со ниски утрински температури. Во четврток на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. За време на викендот се очекува пораст на температурата.

Продолжи со читање

ЈП Охридски Комуналец дневно собира по 80 тони отпад

Post Views: 345 Ниската еколошка свест на граѓаните и бројните туристи и оваа сезона исплива на површина. Во утринските часови сликата е грда насекаде може да се видат расфрлани лименки, пластични шишиња и остатоци од храна,но најкритично е во центарот на градот,  покрај кејот, во близина на пекарите и на оние локалитети, каде се организираат концертите. Од ЈП Охридски Комуналец велат  условите се вонредни огромен е притисокот врз градот, механизацијата 24 часа се на терен, во текот на еден  ден се собираат  80 тони најразличен отпад.„24 саати сме буквално на терен...

Продолжи со читање

На 9 август ќе му биде доделена Светската Награда на Хуманизмот на Виктор Фридман

Post Views: 433 Светската Награда на Хуманизмот за 2023 година ќе му биде доделена на еден од најголемите американски и светски слависти проф. д-р Виктор Фридман, од Универзитетот од Чикаго, САД.Академик Фридман е седумнаесетти добитник по ред на ова исклучително признание со кое што Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги овенча нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, Романо Проди, будејќи ги изворите на духовната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на Св....

Продолжи со читање

Инфлацијата во јули изнесувала 8,4 проценти

Post Views: 325 Индексот на трошоците на животот во јули 2023 година, во однос на истиот месец минатата година, бележи зголемување од 8,4 отсто, додека индексот на цените на мало бележи зголемување од 4,9 отсто.Во јули 2023 година, споредено со претходниот месец, индексот на трошоците на живот е зголемен за 1 отсто, додека индексот на цените на мало пораснал за 1,6 отсто, покажуваат податоците од Државен завод за статистика.Пораст на индексите на трошоците на животот во јули 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за...

Продолжи со читање

Голем број медали за охридските стрелци на турнирот Илинден 2023

Post Views: 388 Заврши и овогодинешниот Турнир во гаѓање со воздушно оружје ,,Илинден 2023“ во организација на стрелачки клуб ,,Охрид” од Охрид, кој и оваа година беше под покровителство на Општина Охрид и Македонската спортска стрелачка федерација. И оваа година како и изминатите учество зедоа речиси сите клубови од државата и три стрелачки клубови од Бугарија: ,,Санел” од Сандански, ,,Пирин” од Благоевград и ,,Тракиа” од Пловдив со околу 60-ттина стрелци од сите возрасни категории. Од оправдани причини своето учество го откажаа клубовите од Србија,...

Продолжи со читање