Skip to main content

Автор: инфодеск

Не паркирај

Од денес дел од улицата „Даме Груев“ ќе биде затворена за сообраќај

Views: 70 Од денес поради реконструкција на дел од улица „Даме Груев“,  целосно ќе биде затворен за моторен сообраќај делот од улицата, од пресекот со улица „Македонски Просветители “ до пресекот со улица „Булевар Туристичка“.-Воедно се известуваат и сите жители на овој потег дека почнувајќи од 12.05.2025 година од 06:00 часот наутро да не ја користат оваа улица за сообраќај и да не ги паркираат своите возила на овој дел од улицата, со цел непречено одвивање на активностите, велат од Општина Охрид.

Продолжи со читање

Општина Охрид со апел да се отстранат пловните објекти на Сараиште

Views: 89 Сопствениците на пловни објекти  – кајчиња треба истите во најкраток временски период да ги отстранат од крајбрежниот појас кај локалитетот „Сараиште“, населбата „Канео“ и село Пештани. Во спротивно Општина Охрид и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците.Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето пред почетокот на летната туристичка сезона.

Продолжи со читање

Младите од Црвен крст Охрид вчера одржаа „Час за забава“

Views: 80 Вчера во Скејт Парк, две ЦКА-ПХВ групи со цел собирање финансиски средства за реализирање на два мали проекти кои работат со ЈЗУ Општа Болница Охрид оддел Геријатрија и Здружение на глуви и наглуви лица организираа „Час за забава“.-Присутните уживаа во прекрасната атмосфера исполнета со музиката од бендот „HUMANE – ХУМАН”, друштвени игри, спортски активнсоти, тимски предизвици, караоке и многу насмевки и дружење, велат од Црвен крст Охрид.

Продолжи со читање

Свети Василиј Острошки

Views: 66 Родум од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од малечок беше исполнет со љубов кон Божјата Црква, а кога порасна отиде во требињскиот манастир Успение на Пресвета Богородица и прими монашки чин. Набрзо се прочу со својот сериозен и редок подвижнички живот, зашто себеси си налагаше подвиг врз подвиг, сè потежок и потежок. Подоцна го посветија за епископ Захумски и скендериски, против неговата волја. Како архијереј, прво живееше во манастирот Тврдош и оттаму како добар пастир го утврдуваше своето стадо во православната вера, чувајќи го од турската...

Продолжи со читање

Следните денови ќе имаме променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд

Views: 67 Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Денес наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме, информираат од УХМР.Денешните температури во Охрид во интервал од 8 до 20 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Денес Црвен крст Охрид организира „Час за забава“

Views: 113 Денес две ПХВ групи со вкупно 12 младинци се здружуваат за да организираат незаборавен „Час за забава“ во Скејт паркот во Охрид, со почеток во 11:00 часот.Котизацијата за учество изнесува 50 денари, а целта на настанот е да се соберат финансиски средства кои ќе одат за реализација на овогодишните ЦКА-ПХВ проекти.Од општинската организација на Црвен крст информираат дека младите ги очекуваат друштвени игри, спортски активности, загатки и тимски предизвици, малку натпревар, но многу забава.–Понеси позитивна енергија, другари и желба за смеа!, порачуваат...

Продолжи со читање

Недела на раслабениот

Views: 53 Кога се искачи Христос во Ерусалим за празникот Педесетница, дојде во бањата со пет тремови, што ја направи Соломон, која беше именувана „Витезда“, што на еврејски значи „дом на милосрдието“, а беше наречена уште и „Овча бања”, бидејќи во неа ги миеја утробите на овците што беа заклани и принесени како жртва во храмот. Таму еднаш годишно се исцелуваше и првиот којшто ќе влезеше во бањата по раздвижувањето на водата од страна на Ангелот. Таму Христос најде еден човек кој триесет и осум години лежел неподвижен чекајќи некој да го спушти во водата. Христос, Кој знаеше колкава е...

Продолжи со читање

Денес ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди и слаб ветер

Views: 80 Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Утре и во понеделник наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.

Продолжи со читање