Автор: инфодеск
Post Views: 312 На 06.08.2023 околу 13.00 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на свадбена веселба во двор на улицата „Петрино” охриѓанец, кој бил гостин, испукал неколку куршуми од пиштол „Застава” калибар 7,62 милиометри. Притоа, 39 годишен гостин и неговиот малолетен син се здобиле со повреди, констатирани во Општа болница во Охрид. Полициски службеници од СВР Охрид извршија увид, при што биле одземени пиштол „Застава м57″ калибар 7.62 мм, пиштол „ЦЗ 99, карабин „Југословенски маусер”, ловечка пушка „Бајкал” и дозвола за оружјето, информираат од...
Започна Културното лето во Пештани
Post Views: 253 Синоќа во селото Пештани со пригодна свеченост започна културното лето и ќе трае шест дена. Во име на Општина Охрид присутните ги поздрави заменик градоначалникот Перчо Божиноски и воедно ја прими благодарницата што организаторите ја врачија заградоначалникот Кирил Пецаков, за континуираната поддршка.Љубителите на уметноста ќе можат да уживаат во миксот од серенадите, сериозната и народната музика. Исто така присутните ќе бидат почестени со поезиа и проза како и доза на хумор.“Денеска со почеток во 20.00 часот ќе има гастрономска вечер, каде...
Дефинирани деталите за организација на првиот OHRID WATER FESTIVAL
Post Views: 247 Дефинирани се сите детали и деновиве финишираат завршните подготовки околу организацијата на првото издание на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival, која ќе се одржува во Охрид од 19-ти до 27-ми август.На денешниот заеднички состанок, организациониот тим на фестивалот и одговорните во клубовите за водени спортови го информираа градоначалникот Кирил Пецаков за поважните аспекти на предвидените спортски настани, како и за сите пропратни социјално-забавни содржини.Беше потенцирано дека за голем дел од спортските...
Четири лица повредени во сообраќајна несреќа на ул. Железничка во Охрид
Post Views: 457 На 06.08.2023 во 16.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Железничка“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Д.К.(56) од Охрид и патничко возило „фиат пунто“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(50) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „фиат пунто“, Ј.Р.(75) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобиле возачот А.Р. и уште двајца негови сопатници, Г.Р.(45) и...
Пијано-дуото „Гелебешеви“ ќе концертира на „Охридско лето“
Post Views: 309 Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва настап на пијано дуото„Гелебешеви“.Целовечерниот концерт ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. На репертоарот ќе бидат композиции од Клод Дебиси, Франц Шуберт, Сергеј Рањмањинов и Дмитри Шостакович.Дуото го сочинуваат двајца истакнати македонски пијанисти, Катерина Костадиновска -Гелебешева и Глигор Гелебешев. Тие поседуваат богати и разновидни уметнички сензибилитети, обединети во успешна хомогена целина – Пијано- дуо „Гелебешеви“ е препознатливо на...
Жители на ул. Абас Емин бараат подземен или прес контејнер на паркингот кај пазарот
Post Views: 718 Преку рубриката Ти Си Твојот Град жители на ул. Абас Емин бараат посовремено решение за одлагање на комуналниот отпад на потегот кај паркингот во близина на градскиот пазар.Тие велат дека на потегот се концентрирани премногу на број контејнери каде се собира отпадот од пазарот и од пошироката околина.Бараат да се дислоцираат контејнерите или барем да се редуцираат и распоредат на повеќе локации. Со оглед на количината на отпад која се собира на тој потег бараат некое посовремено решение како подземен или прес контејнер.Од ЈП...
Младински центар Охрид со низа активности ќе го одбележи Светскиот ден на младите
Post Views: 453 Со работилница за младинско учество и Летна школа за гитара Младински центар Охрид од денеска започнува со одбележување на Светскиот ден на младите 12 август.Во рамки на неделата на младите од 07-11 август предвидени се низа активности како креативни работилници, дискусии, проекции на краткометражни филмови, изложба, спортски и забавни игри и музика.На 11 август ќе се одржи главниот настан во Касарна Охрид (Двор МЦО) на кој присутни ќе бидат претставници на граѓански организации, млади лица, претставници од основни и средни училишта како и од локални...
Во вторник и среда крводарителски акции за празникот Св. Климент
Post Views: 264 Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св. Климент, и оваа година ќе се реализира во ООУ „Св.Климент Охридски“ (спортска сала) во Охрид утре, 8 август (вторник) во периодот од 19-24 ч. и на 9 август (среда) во периодот од 9-13 ч.„Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период од годината, за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид, нека биде мотив за сите хумани наши сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа...
Сончево со умерена облачност
Post Views: 281 Времето денеска во Охрид сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од западен и правец. UV=8Максималната дневна температура ќе се искачи до 27 степени.Од вторник следува период на стабилно и посвежо време со пониски утрински температури, а дневните од среда ќе бидат во постепен пораст.
НП Галичица воведува вонредни патроли и поригорозна контрола на посетители на паркот
Post Views: 302 ЈУНП Галичица сите расположливи екипи ќе ги насочи кон зачувување на шумата од пожари во паркот, 24 часа во денот. Ова доаѓа по пожарите во битолско изминатите денови кои биле подметнати и можноста да дојде до таква појава и на други места додека се трага по подметнувачите.” Ќе има две вонредни патроли кои ќе патролираат на сите влезови на паркот како би се легитимирале и контролирале сите кои влегуваат во паркот на споредни влезови. Контролата на трите главни влезови, према Велестово, наплатна рампа Дервен како и наплатна рампа Царина ќе биде...
Интервју со амбасадорот Силвестри: Италија е поддржувач и партнер на Северна Македонија
Post Views: 324 Италија во континуитет се залага за евро-атланските аспирации на Северна Македонија. Нашата соработка не е само на политичко ниво. Oтсекогаш сме биле ваши значајни партнери во трговијата и инвестициите и така и ќе продолжиме, вели италијанскиот амбасадор во земјава, Андреа Силвестри во интервју за ТВМ Телевизија.На почетокот амбасадорот се осврнува на активностите по повод одбележувањето на три децении дипломатска соработка меѓу Италија и Северна Македонија.Многу ви благодарам за можноста да го реализираме ова интервју. На 16-ти Декември ќе ја...
Вечерва премиерна изведба на претставата „Едвард Втори“ на „Охридско лето“
Post Views: 346 Првата драмска премиера на годинешното „Охридско лето“ ќе биде изведена вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот. Се работи за театарската претстава „Едвард Втори“ од Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, а во копродукциска изведба на НУЦК Театар „Јордан Х.К.Џинот“ од Велес и Драмски театар „Масалтинов“ од Пловдив, Бугарија.Драмската селекторка на фестивалот Сања Арсовска на прес-конференцијата по повод премиерата истакна дека станува збор за исклучително добар проект работен од еден од најдобрите режисери, но и...