Автор: инфодеск
Post Views: 46 Младинската и ученичките заедници заедно со Студенските собранија и Локалниот младински совет во Охрид денес со почеток од 12:00 часот на градскиот плоштад организираат 60-минутен молк за почит за сите жртви од трагедијата во Кочани.-Да покажеме заедништво и почит на сите погодени, велат организаторите.
Крстопоклона недела, трета недела од великиот пост
Post Views: 64Во оваа трета недела од постот, празнуваме поклонување на чесниот и животворен крст од овие причини: бидејќи за време на четириесетдневниот пост на некој начин и ние се распнуваме, умртвувани од страстите, паѓајќи во униние имаме чувство на жалост, ни се предлага чесниот и животворен крст за да нè поткрепи и утврди и утеши, потсетувајќи нè на страдањата на нашиот Господ Исус Христос. Ако нашиот Бог се распна заради нас, колку ли повеќе треба ние за Него да се трудиме, олеснувајќи ги нашите болки со предлагањето на страдањата Господови и со сеќавање и надеж на...
Од денес следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд
Post Views: 25 Променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено попладне. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.Под влијание на влажни воздушни маси од југ, од денес следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер (над 60км/час). Поинтензивни процеси се очекуваат од средината на следната седмица кога наместа ќе наврне поголема количина на дожд (над 20л/м2 за 24 часа).Денешните температури во Охрид во...
Идната недела треба да почне враќање на првите пациенти што се лекуваат во странство, Владата ќе ги покрие сите трошоци
Post Views: 62 Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска изјави дека веќе идната недела треба да почне враќање во Македонија на првите пациенти што се лекуваат во странство од повредите во пожарот во Кочани. Прво ќе се враќаат оние кои се во добра здравствена состојба, изјави Муцунски.-Лично ги посетив болниците во 6 држави, разговарав со нивните семејства, со медицинскиот персонал и со моите колеги министри. Благодарност до сите партнери за солидарноста и човечноста. За кратко, во МНРНТ ќе се одржи координативен состанок за подготовка на следните чекори околу...
Денес се празнува христијанскиот празник Свети 40 Маченици – Младенци
Post Views: 50 Младенци — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус каде што се слави споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера.Се слави на 22 март, тоа е празник на пролетта па така младите го празнуваат како свој ден, ден на младоста, љубовта и убавината.За Младенци се врзуваат многубројни обичаи, уште од минатото. На овој ден, жените станувале рано и меселе 40 колачиња, кои симболизираат долг, благ и среќен живот. Колачињата ги печеле и премачкувале со мед. Гостите што доаѓаат во...
Сончево со слаб јужен ветер
Post Views: 51 Сончево со умерена облачност.Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.Денешните температури во интервал од 2 до 14 степени Целзиусови.Од недела следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер. Особено поинтензивни процеси се очекуваат во текот на следната седмица кога наместа ќе наврне поголема количина на дожд(над 20л/м2). Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен(над 60км/час) јужен ветер, велат од УХМР.
Кривична пријава за поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“
Post Views: 95 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против 42 годишно лице од Струга, 59 годишно лице од струшкото село Радолишта, 55 годишно лице од Струга, 49 годипно лице од Охрид и 49 годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.Првопријавениот, во текот на 2023 година, во својство на в.д. директор на Јавното претпријатие „Колекторски систем“ – Скопје,...
Во недела на градскиот плоштад 60-минутен молк за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани
Post Views: 61 Младинската и ученичките заедници заедно со Студенските собранија и Локалниот младински совет во Охрид на ден 23 март, недела, со почеток од 12:00 часот на градскиот плоштад организираат 60-минутен молк за почит за сите жртви од трагедијата во Кочани.-Да покажеме заедништво и почит на сите погодени, велат организаторите.







