Skip to main content

Автор: инфодеск

Марихуана

Приведени четири момчиња од Битола на плажа во Охрид поради марихуана

Post Views: 364 На 05.08.2023 година во 13,15 часот, на плажа на брегот на Охридското езеро, приведени се четири лица на возраст од 19 години, сите од Битола.„При извршен преглед, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа опојна дрога Марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Седум лица во Охрид останаа без дозвола поради возење под дејство на алкохол

Post Views: 306 На 05/06.08.2023 година од 22 до 04 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени контроли во патниот сообраќај.„Притоа, полициските службеници затекнале 12 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-07, Струга-01, Кичево- 02, Дебар-02). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.“ – иноформираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Евтини Секс Приказни со Стрезо и Коле

Post Views: 491 Утре во JAZZ INN во 20 часот, на програмата на Summer Comedy Marathon ’23, на огромно задоволство на публиката, следува шоуто Евтини Секс Приказни со Стрезо и Коле. „Тазе орални евтини секс приказни. Одново ќе ги читаме, итерпретираме и коментираме пишаните секс фантазии и „реални секс случки“ од разни форуми, портали и пишани романи во орална форма. Ги раскажуваме нашите секс авантури и секс искуства БЕЗ ЦЕНЗУРА, БЕЗ ИСАФ, БЕЗ КОЧНИЦИ, БЕЗ УСУЛ, БЕЗ ДИКАТ. “- најавуваат актерите Никола Тодороски и Стрезо Стаматоски.Неверојатна вечер на ултра...

Продолжи со читање

Вечерва започнува “Културно лето Пештани“

Post Views: 294 Свеченото отворање на манифестацијата “Културно лето Пештани“ која прераснува во традиционална ќе биде на самиот брег, во центарот на Пештани со почеток во 20.30 часот.„Сите уметности: ликовна, книжевна,музичка и драмска ќе бидат споени во една целина. Љубителите на уметноста ќе можат да уживаат во миксот од серенадите, сериозната и народната музика. Исто така присутните ќе бидат почестени со поезиа и проза како и доза на хумор.“ – велат организаторите од Граѓанското здружение “ARTE AZZURRA”.Културното лето во Пештани ќе трае шест дена.На 07....

Продолжи со читање

Свечено отворена Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца” – Белчишта

Post Views: 402 Синоќа свечено беше отворена Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца” – Белчишта. Нејзиното 38-мо издание е посветено во сеќавање на Ѓорѓија Целески, основоположникот на ликовната колонија.Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески поздравувајќи ги учесниците на Ликовната колонија и присутните гости истакна дека 38–те години творештво на колонијата покажуваат дека Ликовната колонија “Дебрца” не е обичен културен настан, туку највисок културен дострел на Белчишта , како седиште на општината и на општина Дебрца.“Основоположниците на...

Продолжи со читање

Сончево и посвежо време со температура до 26 степени

Post Views: 227 Времето денеска во Охрид претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и посвежо време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен и северозападен правец.Максималната дневна температура ќе се искачи до 26 степени. UV=8.Времето во Македонија во следните денови ќе биде стабилно и посвежо со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.

Продолжи со читање

Со изложбата “Низ детските очи” заврши летната сликарска школа наТактус

Post Views: 349 Со изложбата “Низ детските очи 4” Здружението Тактус ја заокружи годинашната летна сликарска школа.Оваа година школата ја посетуваа 48 деца, а за време на 6-те недели колку што траеше беше посетувана и од гости. Беа изработени преку 250 слики.На изложбата вчера која беше поставена на малиот плоштад кај Мини Маркет, беа поставени 50 слики.“Лично, многу ми е жал што немаме можност да ги изложиме сите слики, но многу се радувам што барем дел од нив беа јавно покажани, затоа што ние во Тактус – Здружение за развој на...

Продолжи со читање

Во Охрид се одржа Меѓународен турнир со воздушно оружје

Post Views: 360 Во организација на Стрелачкиот клуб “Охрид” денес на стелиштето Бејбунар се одржа Меѓународниот турнир со воздушно оружје. Во име на Општина Охрид организаторите и учесниците ги поздрави советникот Наум Јамандиев и го прогласи турнирот за отворен.Ги упатувам моите честитки до Стрелачкиот Клуб „Охрид“ и Македонската стрелачка федерација за успешното организирање на денешната спортска манифестација, во која сите ќе уживаме.Ние како локална самоуправа, остануваме доследни на нашите заложби за континурано помагање на спортот и спортистите. Верувам дека...

Продолжи со читање

Промоција на книгата “Авантурите на Космонаутко“ во Охрид

Post Views: 337 Во понеделник (07 август) од 19.00 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана книгата „Авантурите на Космонаутко“. Се работи за првото прозно дело од авторот Денис Јанкуловски, познат во јавноста како Космонаутко.Со авторот Јанкуловски за книгата ќе разговара издавачот, Дејан Трајкоски.Јанкуловски ги објавува неговите приказни од Ковид времето, а тие се топли, искрени, секојдневни и вистинити, полни со надеж. За многумина, Јанкуловски е еден од најголемите и најискрените хуманитарци од Македонија. Како медицинско лице и...

Продолжи со читање

Вечерва концерт за виолина и пијано на „Охридско лето“

Post Views: 371 Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт на американско-рускиот виолинист Игор Пикајзен и македонската пијанистка Илинка Манова. Тие ќе настапат во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Игор Пикајзен е роден во Москва и е внук на легендарниот виолинист Виктор Пикајзен. Дипломира на „Џулијард“ во Њујорк, а магистрира и се здобива со уметничка диплома на престижниот Универзитет „Јеил“. Во 2019 година е назначен за професор по виолина на Музичката школа „Ламонт“ при универзитетот во Денвер. Наградуваниот виолинист...

Продолжи со читање

Вонредна состојба во Словенија

Post Views: 386 Во Словенија издадена е црвена тревога од поплави. Долготрајни поројни дождови и излевање на реките се очекуваат и денеска, објави Агенцијата за животна средина.Земјата е во вонредна состојба поради невремето кое предизвика досега невидени поплави. Потврдено е дека досега загинаа три лица, од кои двајца холандски државјани. Илјадници луѓе се евакуирани.Хидролозите најавуваат смирување на ситуацијата со реките во текот на утрешниот ден.Министерот за одбрана на Словенија, Марјан Шарец, изјави дека земјата ќе побара меѓународна помош заради...

Продолжи со читање

Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи

Post Views: 263 УХМР издаде метео предупредување за дестабилизација на времето на целата територија на државата во попладневните часови .“Под влијание на атмосферски фронт во попладневните и ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.” – објавија од управата.Во Охрид претпладне сончево и топло со засилен југоисточен ветер. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми...

Продолжи со читање