Skip to main content

Автор: инфодеск

ОЈО: Истражна постапка против 27 лица и три фирми за пожарот во Кочани

Post Views: 54 Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле – Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.Сите осомничени во периодот од 2012 година до 16.03.2025 година, заеднички но секој од аспект на своето својство, надлежности и одговорности, воопшто не постапиле според прописите за мерките за заштита и со тоа предизвикале опасност за животот и телото на луѓето и имот од големи...

Продолжи со читање

Во тек е контрола на сите издадени лиценци согласно законот за градење и законот за урбанистичко планирање

Post Views: 44Во тек е контрола на сите издадени лиценци согласно законот за градење и законот за урбанистичко планирање, информира на денешната прес конференција министерот за транспорт Александар Николоски. Тука сакам нагласам дека законите во дел на контрола за жал не се јасни, да не речам се исклучиви и ние  ова го правиме со еден вид политичка одлука, но сметаме дека е правилна, а по завршувањето на овие постапки ќе следат и јасни законски измени со кои ќе има обврска на секои 6 месеци да се врши ваква контрола на се што е издадено од страна на институциите....

Продолжи со читање

10 пациенти денес се испишани од македонските клиники и се пуштени на домашно лекување

Post Views: 43 Уште 10 пациенти кои беа повредени во катастрофалниот пожар во дискотеката во Кочани, кои се лекуваа на домашните клиники,  после сите направени токсиколошки анализи, денеска ќе бидат испишани и пуштени на домашно лекување, информира министерот за здравство, Арбен Таравари.–Бројката на пациенти коишто се лекуваат моментално е 162. Добра вест е дека 10 од пациентите коишто лежат во државата ќе бидат испишани. 115 пациенти се на лекување надвор од државата.Министерот рече дека веќе нема да се праќаат пациенти надвор од државата и дека идната...

Продолжи со читање

Пожарот во Лондон е ставен под контрола, „Хитроу“ затворен до полноќ

Post Views: 60 Успешно е локализиран пожарот во трафостаница во западен Лондон и спречено е негово понатамошно ширење. Пожарот предизвика масовен прекин на електричната енергија и без струја остави повеќе од 16 300 домаќинства. Пожарникарите воспоставија кордон од 200 метри како мерка на претпазливост, при што беа евакуирани околу 150 луѓе. Поради големиот чад, жителите беа советувани да ги држат прозорците и вратите затворени.Поради пожарот кој предизвика прекин на електричната енергија на најголемиот меѓународен аеродром во Европа, лондонскиот „Хитроу“ ќе биде затворен...

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид со препораки за работа со ученици за време на кризни настани

Post Views: 76 Општинската организација на Црвен крст со општи препораки за вработените во образовните институции за тоа како да разговараат со децата и младите во кризни и трауматични ситуации.Насоките вклучуваат стратегии за зголемување на сопствениот капацитет, како да се пристапи кон учениците, нивните реакции и чувства, како да се водат разговори за трауматски настани и како да се одговори на сите прашања што можат да имаат учениците.Од Црвен крст Охрид велат дека обезбедувањето поддршка на децата и младите во овие ситуации е исклучително сложена задача и не мора да...

Продолжи со читање

ТППЕ Охрид стои на располагање на сите институции, училишта, објекти за реалистично увежбување на плановите за евакуација, давање на совети и препораки

Post Views: 59 Од охридската територијалната противпожарна единица информираат дека стојат на располагање на сите институции, школ и објекти со цел реалистично увежбување на плановите за евакуација , давање на совети и препораки.Информираат и дека регионот кој го опслужуваат е поделен на два дела: загрозеност на градот и населените места и загрозеност на шумите.Степен на загрозеност – Стар град културно – историски споменици од непроценливо значење,тешко пристапни улици, збиена архитектура, несоодветна и нефункционална хидрантска мрежа.– Можност од...

Продолжи со читање

Свети Теофилакт, епископ Никомидиски

Post Views: 38 Кога првиот царски советник, Тарасиј, од мирјанин беше избран за патријарх Цариградски, тогаш заедно со него примија монашки чин многумина од неговите пријатели и приврзаници од световниот сталеж. Меѓу нив беше и овој Теофилакт. Тарасиј го испрати за епископ во Никомидија. Како епископ Теофилакт му беше добар пастир на словесното стадо и се покажа необично преисполнет со милосрдие кон неволните и кон бедните. По смртта на свети Тарасиј патријаршискиот престол во Цариград го зазеде некој Никифор, а малку подоцна Лав Ерменин седна на царскиот престол. Овој цар беше...

Продолжи со читање

Сончево и студено со температури од -2 до 14 степени Целзиусови

Post Views: 38 Утрото студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Утре, сабота, облачноста ќе се зголеми, а од недела следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.Денешните температури во Охрид во интервал од -2 до 14 степени Целзиусови.

Продолжи со читање