Автор: инфодеск
Post Views: 320 Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) врши проверки дали чипсот произведен во Србија за кој алармира Европската комисија го има на македонскиот пазар. Проверките следат по алармот дека во чипсот е откриено високо ниво на акриламид кој го зголемува ризикот од некои видови канцер.Ако се потврди дека го има во земјата, производот веднаш ќе биде повлечен од продажба.„Во Системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ сѐ уште не е нотирано дека овој производ е забранет и дека треба да се повлече од пазарите, а дали е кај нас влезен или не, веќе...
Со брза интервенција на ТППЕ изгаснат пожар во приземни простории во нас. Христо Узунов
Post Views: 348 Пожар денеска изби во деловни простории во комплексот згради во населбата Христо Узунов. Станари од блиската зграда до приземниот објект пријавиле во ТППЕ дека се издига чад. За среќа, противпожарната единица делуваше исклучително брзо и огнот веднаш беше изгаснат.Просториите во кои избувна пожарот не се користат, запуштени се и во вечерните часови претставуваат собиралиште на млади лица и бездомници. Жителите на оваа населба кажуваат дека во зимските месеци бездомници престојуваат во овие простории и дека повеќе пати таа појава ја пријавувале до...
Во касарната приведени две лица од Косово кај кои бил пронајден кокаин
Post Views: 420 На 04.08.2023 во 00.05 часот од просторот на поранешната касарна во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа М.Р.(24) и Б.А.(23), двајцата од Косово, затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.
Фестивалот „Охридско Лето“ ќе го прослави 63-от роденден со фадо музика
Post Views: 315 Најголемата музичко-сценска манифестација во земјава, фестивалот Охридско лето, денес го слави својот 63ти роденден. Богатата историја на фестивалот е доказ за влогот на многу генерации и нивните напори да се исткае успешната приказна на врвната културна сцена, а уметноста создадена на сцените на фестивалот, има универзален јазик со бескрајна моќ и влијание, истакна на денешната прес конференција по повод роденденот на фестивалот, Директорката Наташа Поповиќ.„Охридско Лето е фестивал со голема традиција и меѓународен углед. Плејада славни музичари и...
ЦЈЗ: Поради чадот од Буково да не се отвораат прозори рано наутро и во вечерните часови
Post Views: 287 Деновиве, особено во вечерните и раните утрински часови, во Охрид и пошироката околина видлива е заматеност во воздухот и се чувствува непријатен мирис на чад, неофицијално, предизвикано пред се од горењето на комуналната депонија во Буково.Од Центарот за јавно здравје – Охрид апелираат до граѓаните на Охрид, гостите, туристите, додека не се реши проблемот со горењето на комуналниот смет на депонијата во Буково, во вечерните и утринските часови да не ги отвораат прозорците и доколку почувствуваат мирис на чад, да останат во своите домови.„Поради...
Печалбарите ја преполнија Струга
Post Views: 359 Печалбарите ја преполнија Струга. Во екот на летната сезона градот на мостовите е преполн со посетители. Најбројни се печалбарите, кои годишните одмори редовно ги минуваат во родниот град. Потоа гостите од Холандија, Полска, Албанија, Косово и Турција. Експертите велат Струга има голем потенцијал и треба да работи на развој на алтернативен туризам.Треба да се искористи еколошки здравата храна и недопрената планинска природи за развој на одржлив туризам.„Постојат голем број на можности меѓутоа не се се уште искористени. Или се недоволно...
АХВ: Пријавено труење со храна во детско одморалиште во Охрид
Post Views: 330 Во детско одморалиште во Охрид пријавено труење со храна, информира директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски во интервју за МТВ.Во разговорот за безбедноста на храната директорот на Агенцијата посочува дека се уништени повеќе од 200 килограми храна која не одговарала на одредбите на Законот за безбедност на храна. Месото и млечните производи се лесно расипливи, предупредува Бабовски.Тие мора внимателно да се чуваат и да се приготвуваат, посочува директорот на АХВ во интервју за МТВ.
Распишан последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата за мерка 3
Post Views: 352 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик од ИПАРД II програмата, со што заинтересираните треба да достават барања за користење средства по мерката 3 – инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи. Краен рок за поднесување на барањата е 18 септември.Финансиската поддршка е составена од 75 проценти средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД), согласно Финансиската спогодба 2014-2020 и 25 отсто средства обезбедени од...
Високо ниво на канцерогена состојка пронајдена во чипс произведен во Србија
Post Views: 421 Европската комисија на својата веб-страница објави дека високо ниво на канцероген акриламид е пронајдено во чипс со вкус на пиперка, произведен во Србија.Известувањето се однесува на Хрватска и Србија, стои на веб-страницата на европскиот систем за брзо предупредување. Чипсот не влегол на хрватскиот пазар, а пратката била уништена.Акриламид не може да се најде во свежата храна и главно се формира при преработка на храна на температури над 120 степени, како и при ниска влажност, што значи печење, пржење и други форми на подготовка. Најчесто се наоѓа во...
Изложбата “Антологија 3” ќе биде отворена вечерва во Куќата на Робевци
Post Views: 342 Вечерва во 20:00 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата „Антологија 3“.Оваа трета едиција на изложбата Антологија е посветена на апстрактното сликарство и енформелот во Македонија и во бившите југословенски простори и воедно претставува избор од најзначајните автори на овој правец, содржани во збирката на современа уметност.Апстрактната уметност на тлото на бившите југословенски простори се појавува после педесеттите години на 20. век и е морфолошки поделена на два вида сензибилитети, од една страна конструктивниот геометризам, а од друга...
Сончево и топло со температури до 34 степени
Post Views: 301 Времето денеска во Охрид сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 34 степени целзиусови. UV=9.До сабота во Македонија ќе се задржи многу топло време со натпросечна температура и со умерен, а во сабота засилен јужен ветер. Под влијание на атмосферски фронт во сабота попладне и во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за...
Млади луѓе од Свети Николе, Скопје и Куманово се тепале на плажа во Охрид
Post Views: 275 На 02.08.2023 година во 17.30 часот, на плажа на брегот на Охридското Езеро, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.С.(23), Т.Д.(21) од Свети Николе, С.Д.(21) од Скопје и К.С.(21) од Куманово, од една и три 17-годишници од Свети Николе, од друга страна. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.