Skip to main content

Автор: инфодеск

Превентивни кампањи на СВР Охрид за безбедни матурски прослави

Views: 80 Полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при СВР Охрид деновиве ја спроведуваат превентивно-едукативната кампања „Безбедни матурски прослави“.-Притоа, тимот од полициски службеници, низ интерактивна комуникација и видео презентации, ги запознаваат охридските матурантите со потребата од безбедно прославување на матурските вечери, избегнување на користење алкохол а посебно да не се управуваат возила под дејство на алкохол, зачувување на јавниот ред и мир за време на матурските прослави, но и за одговорностите и...

Продолжи со читање

Колекторски систем

Поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ предизвикал штета од над 2,8 милиони денари

Views: 105 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53 годишнo лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.– Пријавениот, како поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје, Подрачно одделение (ПО) Охрид, во периодот од 2022 година до август 2024 година, не воспоставил прецизен интерен протокол за реализација на прекувремената работа, при што било невозможно реално евидентирање на редовната и прекувремената работа, не можело да се утврди времето на извршување на прекувремената работа, а исто така не...

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид ги одбележува Светскиот ден и Неделата на Црвениот крст

Views: 98 Црвен крст Охрид со низа настани ги одбележува 8-ми мај, Светскиот ден и Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина почнувајќи од денес до 15 мај.-На 8-ми мај 1828 роден е големиот хуманист Анри Динан, основополжник на идејата за движењето на Црвениот крст. По тој повод Црвен крст Охрид се вклучува во глобалната кампања на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина и под мотото „На страната на хуманоста“ организира бројни активности со цел подигање на свеста за значењео на основните принципи, мисијата и визијата на организацијата и...

Продолжи со читање

Претседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски и генералниот секретар Минчев во сабота на средба со охриѓани

Views: 98 Претседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски и генералниот секретар на партијата, Горан Минчев во сабота, на 10-ти мај 2025 година, со почеток во 14:00 часот, во големата сала на општина Охрид ќе одржи средба со охриѓани.– Ќе се одржи средба со раководството на Општинската организација Охрид на Движење ЗНАМ За Наша Македонија, Клубот на жени, Клубот на млади, членови, симпатизери и сите заинтересирани граѓани, информираат од партијата.Движењето ЗНАМ за Наша Македонија започнува со средби со граѓаните, членовите и симпатизерите со кампањата „Заедно повеќе знаеме“. во...

Продолжи со читање

Познатиот италијански едриличарски експерт Луиџи Бертини одржа специјализирана обука за млади едриличари и судии во Охрид

Views: 149 Во периодот од 1-ви до 4-ти мај, Охрид беше домаќин на Луиџи Бертини, еден од најреномираните светски судии и тренери во едриличарскиот спорт. Неговата посета се реализираше на покана на Едриличарската Федерација на Македонија, во рамки на иницијатива за унапредување на квалитетот и стручноста на судиите и натпреварувачите во овој спорт.Бертини, кој е актуелен советник на Швајцарскиот олимписки едриличарски тим и поранешен советник на Италијанскиот Олимписки Комитет, одржа интензивни обуки за идни судии на регати, како и директни тренинзи со млади едриличари од...

Продолжи со читање

Светиот апостол и евангелист Марко

Views: 58 Му беше сопатник и помошник на апостолот Петар, којшто во своето Прво послание го нарекува син свој, не син по тело туку по дух. Кога Марко беше во Рим со Петар, верните го замолија да им ја запише спасоносната наука на Господ Исус, Неговите чуда и Неговиот живот. Така го напиша Светото Евангелие, коешто го виде и го посведочи за вистинито и самиот апостол Петар. Тој го постави Марко за епископ и го испрати на проповед во Египет. Така тој беше првиот проповедник на Евангелието и првиот епископ во Египет. Египет беше сиот притиснат од густиот мрак на незнабоштвото, гатањето и...

Продолжи со читање

УХМР: Променливо облачно со сончеви периоди

Views: 87 Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Денес ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во сабота претпладне ќе има врнежи од дожд, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Преодно Температурите од сабота ќе бидат во опаѓање, информираат од УХМР.Денешните температури во Охрид ќе...

Продолжи со читање

СВР Охрид го одбележа Денот на полицијата

Views: 86 Денеска во СВР Охрид, се одржа свеченост по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција. Безбедносната состојба е стабилна и поволна на подрачјето на СВР Охрид а своите работни задачи, на безбедносен план, полициските службеници ги извршуваат законски, крајно професионално, неселективно и посветено, истакна портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски кој во името на началникот на СВР Охрид, Игор Смилески, упати честитки до припадниците на СВР Охрид.„СВР Охрид е легитимен фактор во одржувањето на безбедноста и во справувањето со безбедносните проблеми и предизвици,...

Продолжи со читање