Автор: инфодеск
Views: 229 Општина Охрид објави јавен оглас за вработување на едно лице на неопределено време на работно место хаусмајстор.Кандидатите треба да имаат најмалку завршено средно стручно образование, а работното искуство не е задолжително. Работното време е 40 часа неделно, додека основната нето-плата изнесува 30.154 денари.Рокот за пријавување е 5 работни дена од денот на објавувањето на огласот.Заинтересираните кандидати треба да достават пријава со потребната документација на адреса Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, со назнака „вработување по јавен оглас“.Целосните...
Рок до 30 октомври за доставување извештаи за проектите од културата финансирани од Општина Охрид
Views: 147 Општина Охрид ги известува сите правни и физички лица кои имаат добиено средства за финансирање на програми и проекти од Одделението за култура на Општина Охрид за 2026 година, дека се должни да достават наративен и финансиски извештај за реализацијата на одобрените програми и проекти.Образецот за наративен и финансиски извештај потребно е да го пополнат сите апликанти кои аплицирале со проекти во Одделението за култура и добиле финансиски средства за нивна реализација.Апликантите кои се уште не го имаат пополнето и доставено извештајот, се повикуваат истиот да го...
AI фотографии во стилот на 80-тите се забавни, но малкумина размислуваат за приватноста и еколошката цена
Views: 176 Фотографиите обработени во стилот на осумдесеттите станаа еден од позабележителните AI трендови на социјалните мрежи. Некои сакаат да видат како би изгледале во ретро гардероба, други ги претвораат своите фотографии во сцени што потсетуваат на старите филмови, додека дел од корисниците ја користат вештачката интелигенција за да оживеат семејни спомени.Начинот на кој се користат фотографиите зависи од платформата и нејзините поставки. Кај одредени сервиси, содржината што ја испраќаат корисниците може да се користи за подобрување на моделите, доколку таа опција не е...
Триесет години од осветувањето на манастирскиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Ботун
Views: 147 Во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во село Ботун, Општина Дебрца, вчера, 13 септември 2026 година, беа одбележани 30 години од осветувањето на манастирскиот храм посветен на Успението на Пресвета Богородица.По тој повод, во Петнаесеттата недела по Педесетница, на празникот Полагање на чесниот појас на Пресвета Богородица, како и на споменот на свети Кипријан, Епископ Картагински, свети Јован, Патријарх Цариградски, и свети Јован, Митрополит Киевски, во манастирскиот храм беше отслужена света архиерејска Литургија.Со Литургијата чиноначалствуваше...
Утре и задутре втор уписен рок на УИНТ „Св. Апостол Павле“
Views: 194 На 15 и 16 септември 2026 година е вториот уписен рок за студенти во прва година на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид.-За вториот уписен рок на Универзитетот има 129 слободни места. Идните студенти можат да изберат тригодишни или четиригодишни студии од областа на компјутерските науки и инженерството, комуникациските мрежи и безбедноста, машинската интелигенција и роботиката, информатичките системи, визуелизацијата, дигиталната мултимедијална и анимациска техника, како и дигиталната бизнис аналитика, информираат од УИНТ....
Денес е Црковна Нова година, почеток на новиот богослужбен циклус и порака за духовна обнова
Views: 140 Македонската православна црква – Охридска архиепископија и другите православни цркви, кои се водат според јулијанскиот календар денеска ја одбележуваат Црковната нова година. Овој ден го означува почетокот на новиот богослужбен циклус и потсетува на Христовото проповедање за „благопријатната година Господова“.Празникот, востановен на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година, носи порака за духовна обнова, мир, љубов и исполнување на христијанските добродетели.За значењето на Црковната нова година и нејзините корени разговараме со архимандрит Иринеј, кој вели дека...
Оваа недела нè очекува посвежо и претежно сончево време
Views: 149 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во Охрид денес минималните темератури од 11, а максималните до 26 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека до крајот на новата работна седмица ќе се задржи посвежо и претежно сончево време со мала до умерена облачност во текот на денот. Во вторник наместа во северните делови ќе има услови за повремен дожд. До среда ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а потоа ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.
Утре ќе бидат одбележани 30 години од осветувањето на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Ботун
Views: 194 Утре, недела, 13 септември, со пригодна свеченост ќе бидат одбележани 30 години од осветувањето на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ (1996-2026) во селото Ботун.По тој повод, од 07:30 часот ќе се одржи Воскресна утрена богослужба, а од 09:00 часот Света Архиерејска Литургија ќе одржи Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. Од 11:30 часот е предвиден свечен ручек и голема народна веселба.









