Автор: инфодеск
Post Views: 531 Возвишено естетско доживување ѝ понудија на публиката италијанските уметници тенорот Џани Лечезе и пијанистот Екланд Хаса кои настапија на Италијанската вечер на фестивалот „Охридско лето“.Италијанската вечер на „Охридско лето“ е традиционална и се одржува со поддршка од Амбасадата на Италија во Република Северна Македонија. Амбасадорот на Италија во земјава, Андреа Силвестри рече дека оваа вечер е посебна бидејќи се одржува на големиот национален празник Илинден, а од друга страна пак, годинава се одбележуваат и три децении од воспоставувањето на...
Од полноќ поскапува дизелот
Post Views: 332 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе oдлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,87 %.Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ не се менуваат.Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголемува 2,00 денари/л, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува 2,50 денари/л.Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 1,489 денар/кг и сега ќе изнесува 45,031 денари/кг.Од 4.8.2023 година, од 00.01...
Во туристичко Вевчани недостигаат сместувачки капацитети
Post Views: 501 Вевчани се поатрактивна туристичка дестинација. Расте бројот на туристи, а со тоа и потребата од поголем број сместувачки капацитети. Општината го работи Генералниот урбанистички план во кои предвидвидува повеќе локации за изградба на хотели, а веќе има заинтересирани домашни и странски инвеститори.„Во процес сме на донесување на генералниот урбанистички план каде што се предвидени хотели. Нормално тоа зависи од инвеститорите од приватните инвеститори. Има заинтересирани инвеститори не само за сместувачки капацитети имаме заинтересирани и за лесна...
Вонредна инспекција на Буково, пожарот на депонијата се гаси со дрон
Post Views: 383 Скоро една недела се крева чад од депонијата Буково. Службите на ЈП „Охридски Комуналец“ го санираат опожарениот дел, а во неколку наврати интервенирале и Противпожарните единици на Охрид и Ресен.Општински инспектор за животна средина од Охрид извршил вонреден инспекциски надзор во нестандардната комунална депонија во врска со опожарувањето, информираат од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).„Депонијата со механизација се затрупува со земја и се гаси и со беспилотно летало-дрон со течна алга, а до самозапалување е дојдено поради...
Градоначалникот Пецаков оствари средба со италијанскиот амбасадор Силвестри
Post Views: 298 Амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри, денес, оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков. Тие разговараа со туристичката сеозна и можноста за промоција на туристичката понуда на Охрид пред италијанскиот пазар.Соговорниците взаемно се согласија дека пилот проектот за изучување на италијански јазик во основните училишта помина одлично и затоа се планира оваа година тој да се надогради.Амбасадорот истакна дека ќе вложи напори за повторно активнирање на авиолинија од охридскиот аеродром до Италија.Во рамки на посетата, амбасадорот во...
Француска вечер на „Охридско лето“ со пијано дуото Дезомбре – Леклер
Post Views: 336 Француската вечер на 63-тото „Охридско лето“ вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе донесе концерт на четирирачно пијано со Дуото Дезомбре – Леклер.Француските пијанисти Ан Дезомбре и Уго Леклер ќе изведат класични композиции од Форе, Дебиси, Равел,Леклер и Ф. Пуланк.Родена во Париз, Ан Дезомбре започнува да свири пијано во родната Франција, а се усовршува во Монтреал, Канада каде студира пијано, пијано придружба и француска литература. Настапува на фестивалот „Карипски ноќи“ во Гвадалупе, на фестивалот во Нанси, на фестивалот...
По бунтот на граѓаните против лежалките, засилени инспекции на грчките плажи
Post Views: 366 Граѓанско движење за слободни плажи „Пешкир бунт“ се шири во Грција, па власта најави засилени контроли против нелегално поставени лежалки.Протестите за слободни плажи започнале на Родос и Парос, но брзо се прошириле и на другите грчки острови со барања да се отстранат нелегалните лежалки кои ги поставиле баровите и рестораните на плажите и да има поголем простор за граѓаните.Движењето за слободни плажи реагира на тоа што има чувари на плажите, нема слободен простор и премногу скапи лежалки кои достигнуваат и до 120 евра. Лежалките во последните...
Интернационалната уметничка колонија „Дебрца 2023“ посветена на Ѓорѓија Целески
Post Views: 818 Во сабота, на 5 август, во селото Белчишта, општина Дебрца, во 19.30 часот, свечено ќе биде отворена 38-та Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2023 “.Годинава, најстарата ликовна колонија во Македонија е посветена на нејзиниотосновоположник, неодамна починатиот педагог и ликовен уметник, Ѓорѓија Целески.Свеченоста, на која е предвидено ликовно изненадување, ќе се одржи во уметничката галерија која е отворена во 1985 година а обновена во 2005 година.На интернационалната уметничка колонија „Дебрца“, годинава ќе творат 10 ликовни уметници и тоа :...
Приведен велгоштанец на Железничка кај кого бил пронајден нож
Post Views: 439 На 02.08.2023 година во 03.40 часот, во близина на угостителски објект на булеварот „Железничка” во Охрид, приведен е 33 годишен жител од охридското село Велгошти. При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа нож. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Културниот бран и оваа година ќе го заплисне Пештани
Post Views: 605 Во недела, на 6-ти август во Пештани ќе започне годинешното културно лето. Манифестацијата “Културно лето Пештани“ која веќе стана традиционална ќе трае шест дена.„Сите уметности: ликовна, книжевна,музичка и драмска ќе бидат споени во една целина. Љубителите на уметноста ќе можат да уживаат во миксот од серенадите, сериозната и народната музика. Исто така присутните ќе бидат почестени со поезиа и проза како и доза на хумор.“ – велат организаторите од Граѓанското здружение “ARTE AZZURRA”.Свеченото отворање ќе биде на 06. Август 2023...
Сончево и топло време со температура до 33 степени
Post Views: 305 Времето денеска во Охрид сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. UV=9Максималната дневна температура ќе се искачи до 33 степени.До петок во Македонија ќе се задржи стабилно и многу топло време. Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурата.
Параглајдерист кој падна на Галичица пренесен со хеликоптер на скопските клиники
Post Views: 395 Заврши спасувачкатa операција за пронаоѓање на холандски параглајдерист кој попладнево падна на Галичица. Спасувачите од планинарската спасувачка служба од Црвениот Крст – Охрид пристигнаа на падините на Галичица на местото на несреќата.“По имобилизацијата со хеликоптер на МВР повредениот холандски државјанин е транспортиран во скопските клиники.” – информираа од Планинската спасителна служба Охрид.Според ЦУК, параглајдеристот има сериозни повреди на р’бетот.“Поради сериозните повреди на р’бетот параглајдеристот е...
