Автор: инфодеск
Post Views: 356 Традиционално околу Илинден Охрид го живее шпицот на сезона, главниот туристички центар е преполн со туристи. Гужви во охридската чаршија, на градскиот кеј, во стариот дел на градот, голема посетеност на плажите вдолж брегот на Охридското езеро.Туристичките работници задоволни од сезоната, велат во Охрид и Струга овие денови се бара место повеќе, а целосна исполнетост ќе има до средината на август.„Очекуваме како што е сега полн градот во август да биде до крај на август а може и септември ако не послужи времето, да остане полн со туристи. Цените на...
Шампионот Струга Трим Лум оди во следното коло од конференциската лига на УЕФА
Post Views: 379 Екипата на Струга Трим Лум го мина Будуќност и се пласира во третото квалификациско коло во конференциската лига на УЕФА.Македонскиот шампион славеше во Подгорица со резултат 4-3 и со вкупни 5-3 обезбеди пласман во наредната фаза на ова натпреварување. На реваншот Марјан Радески постигна хет-трик, а погодок имаше и Бесарт Ибраими.Следен противник на Струга ќе биде екипата на Есперанж од Луксембург која го доби двомечот со ТНС од Велс.
Ивана Неделковска и Евгениј Поп Ацев победници на Илинденскиот маратон
Post Views: 592 Повеќе од педесет млади пливачи и пливачки, кои несомнено се иднината на македонското пливање, денес учествуваа на Илинденскиот пливачки маратон. Станува збор за третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање . На „Илинденскиот куп“, учествуваа пливачи од Македонија и странство, кои се натпреваруваа во две групи-категории. Во првата група се пливачи постари од 16 години , родени во 2007 година и постари. Во втората група се натпреваруваа пливачи од 8 до 15 годишна возраст, односно родени 2008 година и помлади.Прв на целта пристигна искусниот...
Италијанска вечер на „Охридско лето“ со тенорот Лечезе и пијанистот Хаса
Post Views: 370 Традиционалната Италијанска вечер на фестивалот „Охридско лето“ вечерва нуди концерт на извонредните уметници, тенорот Џани Лечезеи пијанистот Екланд Хаса кои ќе настапат под акустичните сводови на црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин, од 21 часот.Лечезе е ученик на Вилијам Матеуци и Леоне Магиера. Џани Лечезе дебитира во операта „Палјачи“ од Р. Леонкавало во театарот во Пиза, по што настапува со истата улога во Гросето, Пескара, Витербо во рамки на театарските сезони и на фестивали. Неговата...
Стипендии за странски студенти со македонско потекло да студираат на УИНТ „Св. Апостол Павле“
Post Views: 275 На 176-та владина седница, на предлог на Министерството за образование и наука, е донесена Одлука за доделување стипендии на странски државјани, од државен интерес. Станува збор за предвидени 50 стипендии за странски државјани, студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот полуостров, а кои ќе се запишат како редовни студенти на државните универзитети, меѓу кои и на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во студиската 2023/2024 година.Исто така, на владината седница е донесена одлука за давање согласност на...
Поклон пред Илинденците
Post Views: 338 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, советници во Советот на Општина Охрид, претставници на политички партии, установи и здруженија утрово во Паркот на Револуцијата положија букети свежо свеќе пред спомен – обележјата на Илинденците. Делегациите се поклонија и оддадоа почит пред херојските дела на борците за слобода и независна татковина од 1903 и 1944-та.Синоќа во Велгошти пред спомен обележјето на Илинденците се одржа свеченоста „Ноќ спроти Илинден“.„Денес, чувствата се силни, дамарите бијат зошто со мислите се враќаме во едно...
На видео бим на охридскиот плоштад изложба „120 години од Илинденското востание – архивска меморија“
Post Views: 448 Денеска на големиот празник Илинден на плоштадот Св Климент Охридски во Охрид на видео бим ќе биде презентирана изложбата „120 години Илинденско востание – архивска меморија“ со која Државниот архив се приклучува кон одбележувањето на 120-годишнината од илинденската епопеја.Изложбата беше отворена во рамките на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, пред Македониумот во Крушево, а вечерва во 19 часот ќе имаат можност да ја погледнат и охриѓани и гостите.Изложбата содржи над 300 архивски документи и фотографии прикажани на 20...
Македонија го празнува Илинден – Денот на републиката
Post Views: 404 Под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината“, денес, се одбележува 2-ри Август, Денот на Републиката – Илинден. Македонија ги празнува двата Илиндени, 1903-та и 1944-та година, 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ. Илинден е потсетник на концептот на Крушевскиот манифест и идејата водилка на АСНОМ за слободна, независна и просперитетна држава и сите знајни и незнајни жртви положени за таа кауза.Во 1903 година почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти...
Св. пророк Илија рeвнитeл за вeрата Бoжја-Илинден
Post Views: 304 Денеска православните верници го слават Св. пророк Илија-Илинден, кој има посебно значење за Македонците, бидејќи се слави и како верски и како национален празник, Ден на Републиката.Бoгoвидeц, чудoтвoрeц, рeвнитeл за вeрата Бoжја, св. Илија бил рoдум oд плeмeтo Арoнoвo oд градoт Тeсвит, пoради штo бил нарeчeн Тeсвиќанeц. Кoга сe рoдил Илија, нeгoвиoт таткo Савах видeл ангeли Бoжји oкoлу дeтeтo какo сo oган гo пoвиваат и пламeн му даваат да јадe. Тoа билo прeдзнак на oгнeниoт карактeр на Илија и нeгoвата oд Бoга дадeна oгнeна сила.Сeта свoја младoст ја...
Сончево и топло со температура до 32 степени
Post Views: 247 Времето денеска во Охрид сончево и топло. Максималната дневна температура ќе се искачи до 32 степени.Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. UV=8.До петок во Македонија ќе се задржи стабилно и многу топло време. Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа и во форма на невреме. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурата.
Промовирана книгата “Охридскиот XIX век“
Post Views: 282 Денес во големата сала на Општина Охрид, беше промовирана книгата „Охридскиот XIX век“, на авторите Димитар Пандев и Славе Ѓорго Димоски, со што официјално започна програмата за одбележување на 120 годишниот јубилеј од Илинденското востание. Од името на локалната самоуправа пред присутните се обрати советникот Перчо Божиноски.” Без сомнение, се работи за литературно дело, кое преку магијата на зборовите гради цврст мост помеѓу сегашноста и минатото и затоа треба да го прочита секој вљубеник во македонската книжевност и несомнено секој...
Пуштен во употреба резервоарот за вода во Подмоље
Post Views: 287 Денес, во очи на големиот празник Илинден, убава вест за жителите на Подмоље.“Пуштен во употреба е новиот резервоар за вода, инвестиција на општина Охрид од суштинско значење, со што завршува долгогодишната голгота на жителите на Подмоље.” – напиша градоначалникот Кирил Пецаков на Фејсбук.Изградбата на резервоарот е почната во 2020 година, а денес конечно се комплетира со сите неопходни елементи за негово пуштање во употреба.