Автор: инфодеск
Post Views: 246 Од денеска СВР Охрид, во редовната полициска работа низ градот и туристичките населби во околината, ја воведе велосипедската полициска патрола.Униформирани полициски службеници на велосипед се вклучија во редовните превентивни, но и репресивни делувања на терен, пред сѐ, за одржување на јавниот ред и мир, како и активности за спречување кражби и други кривични дела и прекршоци, откривање и приведување на сторители на разни кривични дела по плажите и паркинзите, како и во централното градско подрачје.Велосипедската полиција е современа форма на...
Оглас: Тамаро има потреба од вработени за маркетите во Даљан, Лескоец и кај Крст џамија
Post Views: 346 „Тамаро“ маркети објавуваат оглас за вработување.Отворени се работни позиции во следните „Тамаро“ маркети:– Тамаро 4 (Даљан),– Тамаро 2 и 3 (Лескоец) и– Тамаро 10 (Крст џамија)Доколку сакате да станете дел од тимот на Тамаро обратете се за повеќе информации и закажување интервју на телефонот 078/459-929 (од 08:00 до 14:00 часот).
Зголемен бројот на пожари во струшко
Post Views: 360 Струшката Противпожарна единица само во месец јули имала 15 поголеми интервенции на терен. Најчесто се работи за шумски пожари или спалени земјоделски површини поради палењето на стрништа.Струга има 40 пожарникари, четири опремени противпожарни, кои покриваат терен од над сто илјади жители. Од пожарната велат, зачестените пожари се должат на високите температури и невниманието на жителите.„Има овој месец, летно време а ние знаеме кога иде летно време имаме повеќе пожари. По стрништа, по жумски пожари. Отприлика само овој месец...
Целовечерен концерт на „Камерата Академика“ на Охридско лето
Post Views: 307 Камерниот ансамбл „Камерата Академика” од Словенија вечерва ќе има целовечерен концерт на музичката програма од фестивалот „Охридско лето“.Во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот ќе настапат флејтистката Каролина Шантл-Жупан, обоистот Матеј Шарц, кларинетистот Јоже Котар, Зоран Митев на фагот, Јоже Рошер на хорна и саксофонистот Миха Рогина. Составот во кој ќе се претстават на „Охридско лето“, секстет сочинет од флејта, обоа, кларинет, фагот, хорна и саксофон е особено интересен поради тонската различност на инструментите која овозможува...
Утре ќе се одржи 44-от Илинденски пливачки маратон
Post Views: 418 Tрадиционално утре на 02.08.2023 год. (среда) ќе се одржи 44-от Илинденски пливачки маратон на патеката Горица – Охрид во должина од 2,5 км, во организација на Клубот за спортови на вода Охридски бранови 2008 Охрид, а под покровителство на Советот на општина Охрид.На овој пливачки маратон учество ќе земат преку 50 пливачи од Македонија и странство, кои ќе стартуваат во две групи-категории-првата група (пливачи постари од 16 години старост – родени 2007 и постари), – втора група (пливачи од 8-15 годишна возраст, односно родени 2008 и...
Надлежните ја затрупуваат со земја и третираат со алга депонијата Буково
Post Views: 467 Чад се издига од депонијата Буково кој се чувствува во пошироката околина на селата Куратица, Плаќе, Свиништа, Речица, Завој.Од ЈП Охридски Комуналец велат дека се преземаат мерки на депонијата која неколку дена е опожарена. Од јавното претпријатие се сомневаат дека пожарот е подметнат од страна на непознато лице.Од страна на екипите на ЈП е излезено на терен кои во заедничка акција со Противпожарната единица од Охрид и Ресен се превземаат мерки за локализирање и гаснење на подметнатиот пожар. Депонијата се третира со прскање на алги со цел...
Во Крушево започнуваат чествувањата за Илинден
Post Views: 348 Под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината”, годинава, се одбележува 2-ри Август, Денот на Републиката – Илинден. Со отворањето на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ вечер на Гумење во Крушево и официјално почнува чествувањето на големиот празник Илинден.На отворањето на манифестацијата ќе се обрати претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.Во рамките на чествувањата за Илинден, делегација денеска во 10 часот ќе ја посети Спомен-куќата на Смилевскиот конгрес во Смилево, а пред споменикот на Дамјан Груев ќе положи...
Сончево со умерена облачност и температура до 31 степен
Post Views: 266 Времето денеска во Охрид сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. UV=8.Максималната дневна температура ќе се искачи до 31 степен.До петок времето ќе биде стабилно со слаб до умерен јужен ветер и со пораст на температурата. Во сабота во попладневните часови се очекува локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен ветер од јужен, а во недела од северозападен правец, кој ќе предизвика опаѓање на температурата.фото: Ѓоко Симјаноски
Пронајдени и спасени три лица чија едрилица се превртела во водите на Охридското Езеро
Post Views: 247 Денеска постапувајќи по пријава дoбиена околу 17.45 часот во СВР Охрид дека во водите на Охридското Езеро, кај Дебрчка плажа, има превртен пловен објект, полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор “Охридско Езеро” веднаш излегоа на терен.“По преземени мерки и активности околу 18.00 часот пловниот објект е пронајден на два километри од брегот и утврдено е дека станува збор за превртена едрилица – катамаран на која имало три лица. Лицата на возраст од 53, 50 и 49 години, сите од Скопје, се пронајдени во непосредна...
Приведен охриѓанец кај кого биле пронајдени нож, пиштол и дијаболи
Post Views: 362 На 31.07.2023 во 02.00 часот пред угостителски објект на Спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода 25 годишен жител на Охрид затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија, по што се обидел да избега со своето возило „фиат”, информираат од СВР Охрид.„Притоа, кај него биле пронајдени и одземени нож, пиштол и 104 дијаболи кои нелегално ги поседувал. “- се вели во полициското соопштение.Тој бил задржан во полициска станица и по...
Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за збирката „Дни, години“
Post Views: 472 Познатиот македонски поет, романсиер, книжевен преведувач и издавач Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија. Башевски е добитник на наградата за неговата поетска збирка „Дни, години“ во издание на СЛОВО.Жири комисијата во состав: Веле Смилевски (претседател), Милован Стефановски, Славица Гаџова Свидерска, Трајче Стамески, Марина Мијаковска (секретар) после прочитот на сите 35 пристигнати книги оценува дека наградената...
Возбудливата претстава „Петар пан – Големата битка“ утревечер во Струга
Post Views: 467 „Ви се случило ли некогаш да летате на леките крилја на вашите желби и мечти, занесени во некоја возбудлива игра?” Театарската претстава за деца и младинци ,,Петар Пан – Големата битка” ќе ве однесе на едно возбудливо патување кое засекогаш ќе остане врежано во вашите сеќавања.Претставата е адаптација на сегмент од истиоменото дело на Џејмс Метју Бари и на многу интересен, хумористичен и автентичен начин како наративно, така и визуелно ја прикажува битката помеѓу бандата на добро познатиот капетан Кука од една страна и Петар Пан со...