Skip to main content

Автор: инфодеск

Излезе од печат книгата „Охридскиот XIX  век“ од професорите Пандев и Ѓорѓо Димоски

Post Views: 331 Денеска во издание на Општина Охрид, излезе од печат книгата „Охридскиот XIX  век“ од професорите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.Во книгата на 219 страници во 5 поглавја, опфатени се најзначајните културолошки и социјолошки појави во 19 век во Охрид, кои имале свои  рефлексии во македонската современа литература.Книгата ќе биде промовирана утре, во 11 часот во салата на Општина Охрид. Промотор на книгата ќе биде проф.д-р Лилјана Гушевска.Настанот ќе биде збогатен со уметнички перфоманс на актерката Валентина Божиноска и...

Продолжи со читање

Одлични резултати на веслачите од Црн Дрим – Струга на регатата “Суботица опен 2023”

Post Views: 447 На меѓународната веслачка регата “Суботица опен 2023”, која се одржа на Паличко езеро, младите веслачи на В.К. Црн Дрим – Струга постигнаа одлични резултати.Во конкуренција од над сто натпреварувачии Ана Прентоска во дисциплината скиф пионерки го освои второто место, Александар Хиохи во дисциплината скиф пионери го освои второто место, Климентина Стојмилоска освои трето место во дисциплината скиф јуниорки и Елена Столеска го освои третото место во дисциплината скиф сениорки.Исто така одличен пласман постигнаа Христијан...

Продолжи со читање

Пуштен во употреба концептот „Оne Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане

Post Views: 425 Започна концептот  „Оne-stop shop“ на граничниот премин  Ќафасан – Ќафтане . Од денес е воспоставен  едношалтерски  систем за заеднички контроли од македонска и албанска страна. Граничните формалности  со едно  застанување, според владите на двете земји  ќе значат олеснување на трговијата, транспортот и протокот на патници.Се олеснува работата на 11 илјади компании од земјава кои тргуваат со други држави и полесен пристап до туристичките места во двете земји, истакна премиерот Димитар Ковачевски.„Денес овозможуваме побрз проток помеѓу нашите граѓани и...

Продолжи со читање

Виолинистот Роман Симовиќ ќе концертира на „Охридско лето“

Post Views: 286 Брилјантниот виолинист Роман Симовиќ од Црна Гора вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе одржи концерт во  рамки на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“. На репертоарот се „Шест сонати за соло виолина“ од Ежен Исаи.Како солист, Роман Симовиќ настапува со некои од водечките оркестри во светот: Лондонскиот симфониски оркестар, оркестарот на театарот „Марински“, Оркестарот на „Театро Реџио“ во Торино, симфонискиот оркестар во Халифакс (Канада), оркестарот „Франц Лист“ во Унгарија, „Камерата Берн“ во Швајцарија, Камерата Салцбург...

Продолжи со читање

Кеј Македонија претворен во адреналинска патека, критикува опозицијата во градскиот совет

Post Views: 316 Охрид не доби адреналински парк со кој требаше да се збогати туристичката понуда, но затоа сега адреналинска патека претставува кеј Македонија, кажа од советничката говорница, координаторката на СДСМ , Живка Ангелоска на последната седница на совет посветена на советнички прашања.  Таа упати забелешки до градоначалникот за изгледот на кејот и побара одговор дали сите тезги, урбана опрема и реквизити се поставени со одобрение.„Потребен е авантуристички дух и многу адреналин за да може да се направи една прошетка по кејот. Секогаш било проблем , проблем...

Продолжи со читање

Во тек е изведба на атмосферска канализација во кругот на ОСУ „Св Климент Охридски“

Post Views: 265 Екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на изведба на атмосферска канализација во кругот на ОСУ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“. Должината на трасата изнесува 342 метри, а се поставуваат цефки со ф од 160 до 315. Вкупниот изнес на зафатот изнесува 2 553 657 денари.Екипи на ЈП „Водовод“ работат на поставување на хидрантска мрежа во ОСУ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“. Вредноста на овој зафат изнесува околу 2 400 000 денари. Гимназијата исто така ќе добие и нов приклучок на вода, што значи надминување на проблемите со водоснабдувањето. Вредноста на активностите за нов прикличок на...

Продолжи со читање

Охрид го живее шпицот послан со отпадоци, комуналците максимално ангажирани

Post Views: 361 Изминатиов викенд оперативните служби на ЈП Охридски Комуналец максимално ангажирани да го средат градот после журките.„Во деновиве кога Охрид го живее врвот на туристичката сезона, дежурните екипи максимално ангажирани 24/7. Сите туристи дојдени за одмор и релаксација, но дел од младата популација зад себе го оставија отпадот по јавните пешачки и зелени површини. “ – велат од јавното претпријатие.Екипите на Комуналец беа ангажирани на стадионот Билјанини Извори по одржаните концерти и на плажата Немо.Интервенираат...

Продолжи со читање

Започна предвремената исплата на пензиите за јули

Post Views: 280 Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 31.07.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец јули.Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во две групи, според висината на пензијата:За пензии со висина до 14.000 денари, исплатата  се врши на 31.07.2023 година (понеделник);За пензии над  14.001 денари исплатата се врши на 01.08.2023 година (вторник).Пензионерите кои користат платежна...

Продолжи со читање

Се очекуваат повеќе од 50 000 луѓе на Ohrid Calling кој почнува вечерва

Post Views: 415 Вечерва во Охрид започнува најмасовниот летен музички фестивал на електронската музика.Организаторите Авалон Продукција најавуваат рекордно фестивалско издание со повеќе од 50 000 посетители во сите 5 фестивалски денови до 4-ти август во Касарна.„Луѓе од Австралија, Германија, Франција, Белгија, Обединетото Кралство, Канада, Соединетите Американски Држави и многу други земји ширум светот доаѓаат да бидат сведоци на магијата на Ohrid Calling. Да им посакаме допло добредојде.“ – велат од Авалон.Авалон продукција во Охрид носи  бројни светски и...

Продолжи со читање

Сончево со температура до 29 степени

Post Views: 290 Денеска во Охрид ќе биде сончево со умерена облачност и слаб северен ветар. Вредноста на UV индексот 8.Максималната дневна температура ќе се искачи до 29 степени.Од вторник следува период на стабилно време со јужен ветер и пораст на температурата.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

На Буково се затрупува со земја опожарениот дел, утре ќе се третира со алга

Post Views: 242 ЈП „Охридски Комуналец“ го санира опожарениот дел на депонијата Буково, а во неколку наврати интервенирала и Противпожарната единица на град Охрид.Oвластен инспектор за животна средина од Охрид е во континуирана комуникација со Државниот инспекторат за животна средина ( ДИЖС ) заради вршење вонреден инспекциски надзор во нестандардна комунална депонија Буково, Охрид во врска со опожарување на депонијата, информираат од инспекторатот.Депонијата со механизација се затрупува со земја и се гаси, а до самозапалување е дојдено поради високите температури, како...

Продолжи со читање

На 2-ри август во Струга ќе се одржи спортскиот фестивал „Илинден“

Post Views: 489 Вториот спортски фестивал „Илинден“ ќе се одржи на 2 август во Струга во организација на Спортско-рекреативниот клуб „Соларис“.Ватерполо, кајак, СУП, скокови во вода- слободен стил, трки во пливање, се дел од спортските активности кои ќе бидат застапени и годинава.Фестиваклот че биде отворен со ревијални натпревари во ватерполо за што Клубот Соларис има поддршка од Македонската ватерполо федерација. За таа цел ХЕЦ Глобочица за време на натпреварите ќе го запрат истекот на Црн Дрим.Организаторите ги покануваат туристите, спортистите и рекреативците...

Продолжи со читање