Skip to main content

Автор: инфодеск

Ден на македонскиот јазик и азбука

Денес свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

Views: 70 Денес, премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „80 години македонска современа азбука – кирилица“. Автори се ученици од ООУ „Братство – Единство“ под менторство на наставничките по македонски јазик: Љубинка Михајловска, Маја Гугоска – Дулеска и Сара Серафимоска. Ученичката Ана Томовска од истото училиште ќе чита извадоци инспирирани од вековната борба за македонскиот јазик и македонската самостојност од Кочо Рацин и Крсте Петков – Мисирков, а на виолина песната „Охрид, Охрид, убав, мил“ ќе ја изведе ученичката Бисера Радеска од одделението на наставничката Елизабета...

Продолжи со читање

Утре ќе се одржи „Распеано рибарче“ 

Views: 64 Утре ќе се одржи 26-тото издание на „Распеано рибарче“ во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид.Организаторите најавуваат изведби на 33 нови детски песни.-Ќе има 38 изведувачи, а со балетските точки на сцената ќе продефилираат над 90 деца од нашиот убав Охрид. Во нив има нови детски фестивалски хитови кои ќе се слушаат и пеат на родендените, во градинките и училиштата. Уште еден доказ дека Фестивалот е вистински празник за градот. И дека Рибарчето е всушност е вистинското место на кое младите ќе го покажат својот талент, а потоа ќе го насочат во креативна...

Продолжи со читање

Преподобен Теодор Сикеот

Views: 61 Место на неговото раѓање е селото Сикеа, заради што го нарекоа Сикеот. Уште како десетгодишно момче се предаваше на строг пост и сеноќна молитва, по примерот на старецот Стефан, којшто живееше во неговиот дом. Неговата мајка, Марија, беше богата вдовица и сакаше својот син да го посвети на воената служба. Но, во сон ѝ се јави свети Георгиј и ја извести дека Теодор Му е наменет на служба не на земниот туку на небесниот Цар. Свети Георгиј многупати му се јавуваше и на самиот Теодор или за да го поучи или за да го спаси од некоја опасност во којашто би западнал од злобните демони....

Продолжи со читање

Променливо облачно со услови за краткотраен дожд

Views: 109Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 10 до 22 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека следува период на променливо облачно, топло и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на краткотрајно невреме.Фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Македонија одбележа 122 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев

Views: 129 Македонија денес одбележува 122 години од погибијата на националниот херој и клучен деец на Македонската револуционерна организација – Гоце Делчев.Одбележувањето започна со Панихида, отслужена од страна на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, во сослужение со свештениците од Скопската епархија.Пред вечниот покој на македонскиот великан Гоце Делчев, во црквата „Св. Спас“ во Скопје, свежо цвеќе положи Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерката за образование и...

Продолжи со читање

Свештеномаченик Јануариј епископ и со него мачениците Прокул, Сосиј и Фавст ѓакони, Дисидериј чтец, Евтихиј и Акутион 

Views: 49 Овој светител беше епископ во Камбанија Италијанска. Во времето на гонењето на Максимијан беше изведен на суд и мачен на разни начини, а тој поднесе сè трпеливо. Кога го фрлија во оган, огнот се разлади со невидлива роса и маченикот стоеше неповреден сред огнот и Му пееше пофалба на Бога. Тогаш му го стружеа телото со железни четки дури коските не му побелеа, но маченикот поднесуваше незлобливо и трпеливо. Неговиот ѓакон, Фауст и чтецот Дисидериј, коишто ги гледаа неговите маки, плачеа по својот духовен отец, но и нив ги врзаа и заедно со епископот ги поведоа во градот Путеол и...

Продолжи со читање

 Денес ќе имаме сончево и многу топло време 

Views: 41 Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Попладне облачноста ќе се зголеми.Минималните температури од 8 степени, а максималните до 24 степени Целзиусови.Во понеделник попладне ќе има услови за изолирана нестабилност, а од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за појава на невреме. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање, информираат од УХМР.

Продолжи со читање

Одбојкарите од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ со освоени прво и трето место на Општинската лига

Views: 186 Со натпреварите од нокаут фазата успешно заврши Општинската лига 2024/2025г. во Одбојка за средните училишта.Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” со гордост најавија дека го освоија првото место во машка конкуренција, но, и третото место во женска конкуренција.Честитки за ученици и нивните ментори на ова првенство.

Продолжи со читање