Skip to main content

Автор: инфодеск

СВР Охрид на средби со населението од охридските села за поголема заштита на шумите од пожари

Views: 109 Отсекот за превенција при СВР Охрид одржа работна средба со месното население од охридските села Велгошти, Лескоец, Скребатно, Завој, Свињишта, Сирула, Косел и Вапила.–Средбите имаа превентивно едукативен карактер со цел, подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари, при што, низ разговори и интеракција, пред жителите на овие населени места беа изнесени општите мерки и посебните превентивни мерки и препораки за заштита на шумите и другите површини на отворен простор од пожари, информираат од СВР Охрид.Полициските службеници, велат,...

Продолжи со читање

Ден на македонскиот јазик и азбука

Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

Views: 61 Премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „80 години македонска современа азбука – кирилица“. Автори се ученици од ООУ „Братство – Единство“ под менторство на наставничките по македонски јазик: Љубинка Михајловска, Маја Гугоска – Дулеска и Сара Серафимоска. Ученичката Ана Томовска од истото училиште ќе чита извадоци инспирирани од вековната борба за македонскиот јазик и македонската самостојност од Кочо Рацин и Крсте Петков – Мисирков, а на виолина песната „Охрид, Охрид, убав, мил“ ќе ја изведе ученичката Бисера Радеска од одделението на наставничката Елизабета...

Продолжи со читање

Свр охрид

Приведен 40 годишен охриѓанец, во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга и трите малолетни деца

Views: 76 На 02.05.2025 година во 23.40 часот, на улицата „Крали Марко“ во Охрид, лишен од слобода е (40) годишен охриѓанец, кој претходно, во семејниот дом во Охрид, физички ја нападнал неговата сопруга и трите малолетни деца.-По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 130 од Кривичниот законик „Телесна повреда“, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Сончево и топло со температури до 24 степени Целзиусови

Views: 65 Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.И утре ќе виде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во понеделник попладне ќе има услови за изолирана нестабилност, а од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Денешните температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 8 до 24 степени Целзиусови.Фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Свеќи

Преподобен Теодор Трихин

Views: 89 Цариграѓанин и син на богати родители. Како млад ги остави родителите, домот и богатството и се насели во еден пустински манастир во Тракија. Таму се предаде себеси на најтешки подвизи. Спиеше на камења, за да има помалку сон, и постојано одеше гологлав и се облекуваше во една наметка од кострет, заради што и го нарекоа „трихин“ што значи „кострет“. Заради ова големото самоизмачување за спасението на душата, Бог му подари голем дар на чудотоврство и за време на животот и после смртта. Се упокои мирно околу 400 година. Телото му се покажа мироточиво.

Продолжи со читање

Чествување на Свети Георгиј Победоносец во Рајчица

Views: 73 Соопштението од манастирот во Рајчица во врска со чествувањето на Свети Георгиј Победоносец го пренесуваме со целост:На денот кога го славиме споменот на нашиот славен патрон и небесен застапник, Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец, ја имаме радоста и честа да ве поканиме на слава во неговиот свет манастир во Рајчица:– понеделник, 5 мај 2025 –– Во 18:00 часот ќе се отслужи празнична Вечерна богослужба, на која молитвено ќе претстои Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј.– вторник, 6...

Продолжи со читање

Охридските гимназијалци освоија прво и трето место на Општинската лига во одбојка

Views: 96 На 30 април се одржаа натпреварите од нокаут фазата со кои успешно заврши Општинската лига во одбојка за Средни училишта во машка и женска конкуренција.Гимназијалците можат да се пофалат со одлични резултати и тоа прво место во женска конкуренција и трето место во машка конкуренција.ПОЛУФИНАЛЕ (Машка конкуренција)ОСУ “Св.Климент Охридски” 1:2 СОСУ “Св.Кирил и Методиј”ОЕМУЦ “Св.Наум Охридски” 2:0 ДСТУУ “Ванчо Питошески”ФИНАЛЕОЕМУЦ “Св.Наум Охридски” 2:0 СОСУ “Св.Кирил и Методиј”Пласман:1.ОЕМУЦ “Св.Наум Охридски”2.СОСУ “Св.Кирил и...

Продолжи со читање

Охрид домаќин на регионалната наставничка конференција „Креативно учителско творештво“

Views: 95 Денеска во Охрид, започна регионалната наставничка конференција „Креативно учителско творештво“ што се одржува по осми пат. На настанот учествуваат просветни работници од Македонија, Хрватска, Србија, Босна и  Херцеговина и Црна Гора.На свеченото отворање пред присутните се обрати Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.– Дозволете да  го изразам моето огромно задоволство што Охрид е домаќин на 8-та  по ред регионална  наставничка конференција „Креативното учителско творештво“. Станува збор за исклучително важен настан  во...

Продолжи со читање